Настани 1945 година
Јануари 1945 година
Прва доброволна младинска акција
Првата младинска работна акција Битолчани ја спровеле во јануари 1945 година.
Имено, во градот имало голем недостаток на дрва. Затоа, Градскиот комитет на
СКОЈ издал повик за доброволна работна акција од неколку дена. На повикот на
СКОЈ се одзвале многу младинци имладинки од кои повеќето биле ученици на Гимназијата.
Тие по студ, без доволно зимска облека, неуки и нејаки заминале во Ореовската
планина, каде ентузијазирано работеле, т.е сечеле и пренесувале дрва. Тоа беше
никулецот на идните работни акции во кои младите од Битола скоро редовно ќе
земат учество, како на пример Кременица - Живојно, Брчко - Бановиќи, Шамац-
Сараево итн.
6 Февруари 1945 година
Почеток на највисоката просветна установа со работа во градот - Гимназијата
На 6 февруари `1945 година по решение на Народната влада на Македониа ( само
три месеци по ослободувањето нна Битола, додека се уште се водеа борби за ослободување
и иништување на фашизмот во Југославија и светот ), почна со редовна настава,
за тоа време, највисоката училишна установа во Битола, Гимназијата. Тогаш Гимназијата
имала само 573 ученици, а прв директор беше професорот Ордан Печијаре. Името
на Гимназијата и го додели наставничкиот совет, а тоа беше „Гоце Делчев“.
20 Февруари 1945 година
Прва драмска претстава од битолски автор на македонски јазик
На 20 февруари 1945 година во битолскиот театар беше изведена драмата „Јас
не знам ништо“, нбапишана од битолчанецот Павле Павлевски, кој истовремено тумачеше
една од улогите. Тематиката беше од илегалниот живот и борба на младата македонска
генерација против бугарскиот окупатор. Салата, за време на изведбата на премиерата,
беше преполна.
1 Март 1945 година
Формирање на Битолски околиски НОО
Со решение на Президиумот на АСНОМ од 1 март 1945 година, Битолскиот околиски
НОО го сочинувале 10 општински НОО, а тоа биле: буковски, велушки, диховски,
ѓаватски, ивањевски, кукуречански, лопатички, новачки, смилевски и цапарски
општински НОО со вкупно 81 село.
15 Март 1945 година
Гиков Василев Ристе
Гиков Ристе во село Цапари. Бил тих, мирен, болешлив. Потекнувал од едно од
најбедните семејства во Цапари. Уште во рано детство морал да заработува чувајќи
ги селските говеда или пак главувајќи како момок на 6 месеци кај поимашливите
селани. Таков бледуњав, слабичок, па дури и болешлив бил и кога на 2 септември
1944 година стапил во партизанската база во Љубојно. Таму бил распределен со
други цапарци во дополнителната бригада сместена во манастирот во село Брајчино.
Оттаму, по месец дена, се префрлил во село Гопеш и кога низ Гопеш минувала Седмата
бригада се приклучил кон неа.
Како борец во борбите се разболел. Не минало многу време по неговото враќање
в село, Гиков на 15 март 1945 година починал.
17 март 1945 година
Поповски Наумов Александар - Санде
Санде е роден на 22 ноември 1923 година во богато семејство, во село Цапари.
По завршувањето на основното училиште изучил шивачки занает и работел дома,
као шивач. Бил многу нежен и многу добар како човек, поштен, мирен и сакан од
своите другари. Заедно со Кочанковски и Мешковски се приклучил кон Седмата бригада.
Кон крајот на октомври 1944 година, кога во Гопеш се организираше шивачка работилница
при Штабот на дивизијата бил поканет од шивачите да им се приклучи но му било
срам да бара таква нешто од командантот и така заминал со бригадата на Сремскиот
фронт. Таму санде бил курир на 48 дивизија и како таков, одејќи да носи некоја
наредба, на прва борбена линија, загинал некаде во близината на Илок, на 17
март 1945 година.
22 Март 1945 година
Павловски Стефанов Никола
Павловски Никола е роден на 25 јануари 91923 година во село Трн. По занимање
бил земјоделец како и скоро сите негови врсници. Како младич во селото секогаш
бил сакан, покрај другото затоа што свирел на гајда и кларинет. Иако завршил
само IV одделение, Никола секогаш читал весници и бил заинтересиран за „новото“
во светот. За време на окупацијата бил мобилизиран во бугарската војска. По
9 септември Никола се вратил в село.Есента на 1944 година Никола бил повикан
во народна одбрана и пратен во Гостивар, т.е Шестата македонска бригада. По
потреба Никола со други борци бил три дена во заседа и тоа во некоја река. Поради
тоа се разболел и починал (некои сметаат дека во борба загинал) на 22 март 1945
година. Никола оставил дете посмрче, жена и родителите.
25 Март 1945 година
Ѓеорѓиевски Ташков Јонче
Јанче Ѓорѓиевски е роден во битолското село Дихово, на 10 јануаро 1928 година
во земјоделско семејство. Иако доста млад Јонче го прифаќа прогресивното движење
и уште во првите година на окупацијата ја помагал НОБ. Поради својата ајжктивност
бил уапсен и затворен од страна на бугарската полиција во 1942 гсдина. По немање
на доволно податоци, бил ослободен, а набрзо, на 18 март 1943 година, се приклучил
кон НОВЈ. Како борец зел учество во повеќе борбени судири со непријателот. По
истерувањето на окупаторските сили од Македонија, Јонче како борец во првата
македонска бригада зел учество во борбите на Сремскиот фронт. Во еден поолем
судир на 25 март 1945 година Јонче загинал кај Славонска Пожега.
25 Март 1945 година
Формирање на Прва градска библиотека
На 25 март 1945 година Градскиот народен одбор во Битола ја формира „Градската
народна библиотека“. Тоа беше прва библиотека во кола се прибираа книги печатени
на македонски јазик. Се до овој датум во градот постоеја библиотеки, повеќето
приватни, а општо градската само во турскиот период и за време на бугарската
окупација, прикрепена до читалиштето „Даме Груев“, Битола, додека во периодот
на Стара Југославија градска библиотека не постоеше.
Библиотеката во прво време беше сместувана во повеќе продтори, хотелот „Турист“,
зградата на основното училиште „Климент Охридски“, просториите на ресторанот
„Ројал“ и други.
Бидејќи книжниот фонд беше мал, беше спроведена акција меѓу граѓанството и установите
да се приберат книги кое нешто беше и сторено. Тогаш библиотеката немаше свој
буџет, туку беше финансиски помагана од Одделот за просвета при НО, како и од
некои претпријатија и организации. Прв управник на библиотеката беше Перса Вилос.
Март 1945 година
Николовски Стојанов Веле
Николовски Веле е роден во 1921 година во Битола. Потекнува од занаетчиска
фамилија. По завршувањето на основното училиште, Веле работел како фурнаџија.
Во текот на окупацијата соработувал со легални и илегални членови на КПЈ, а
воедно сал скромен придонес за НОБ. Во текот на 1942 година неговата антифашистичка
активност се зголемила. Истовремено решил да се приклучи кон партизанските одреди
кое и го сторил. Како борец, Веле бил примерен и се истакнал со храброст. Подоцна,
кога биле формирани поголемите воени единици на НОВЈ, Веле бил приклучен во
50-та дивизија. Поради неговата политичка изграденост бил поставен за комесар
на батаљонот. Во текот на големите воени искушенија, покрај многуте невољи и
самооткажувања, Веле се разболел од тифус. Епидемијата го покосила. Починал
во струмичката болина во март 1945 година.,
Март 1945 година
Србиновски Кочов Јоле
Србиновски Јоле е роден во битолското село Буково, на 21 мај 1924 година. Јоле
се школувал во Буково како и сите негови врсници до IV одделение, а потоа го
изучувал шоферскиот занает. По занимање бил шофер. Во НОВЈ. Зел учество во најтешките
борби на Сремскиот фронт во кои бил заробен и убиен од страна на германско-усташките
фашисти во март 1945 година.
1 Април 1945 година
Мицевски Петров Доне
Мицевски Доне произлегува од земјоделско семејство, а и самиот бил земјоделец.
Се родил во селото Секирани, на 31 јануари 1924 година. Кога во Македонија се
воделе опсежни операции против германско-бугарските окупаторски сили што се
повлекувале од Грција, Доне на 10,VIII.1944 година стапил во Народноослободителната
борба и зел учество во повеќе битки. Откако германските сили се утврдиле на
Сремскиот фронт, единицата во која била Доне, водела борби на овој ден. На 1
април 1945 година Доне, во еден судир со непријателските сили, загинал.
4 Април 1945 година
Димовски Ристев Александар
Александар - Цане Димовски се родил на 30 јануари 1924 година во битолското
село Свето Тодори. Произлегува од земјоделско семејство, а и самиот бил земјоделец.
Кога еден дел од Македонија бил ослободен, била извршена мобилизација на оние
годишта кои требало да стапат во НОВЈ. Цане бил мобилизиран на 4 декември 1944
година. Се наоѓал во единица чија задача била да ги прогонува непријателските
балистички остатоци од Македонија. На 4.IV.1945 година, во еден жесток удар
со фанатизираните џемови-балисти, Цане загинал, во близина на гостиварското
село Челопек.
5 Април 1945 година
Џодовски Ѓорѓиев Борис
Борис е роден во село Ѓавато 1924 година во бедна фамилија. Уште како малечок
Борис му помагал, а и подоцна често и самиот вршел препродавање на јаболка,
дрва, риби исл. за да ја издржува фамилијата.
За време на окупацијата Џидовски со група прогресивни младинци ја помага НОБ,
а кога во Ѓавото дошла до Седмата бригада и се приклучил. Подоцна, на Сремскиот
фронт, и припаѓа на Втората македонска бригада каде зел учество во повеќе борби.
Во една таква борба за Врпоље, Џодовски бил тешко ранет, а нешто подоцна подлегнал
на истите. Починал на 5 април 1945 година.
8 Април 1945 година
Стојановски Ристов Ташко
Роден е во бедно семејство во село Маловиште, на 13.XII.1922 година. Немајќи
доволно земјиште, Ташко се занимавал со собирање и продавање на дрва. Како многумина
од неговата генерација ја симпатизирал НОБ, а самиот стапил во Народноослободителната
војска на 1 септември 1944 година. Бил распореден во Седмата бригада и зел учество
во доста борби. Тоа биле борби против германските воени сили на Дервенот, Ресен,
Охрид, Кичево, а потоа и на Сремскиот фонт.Во многубројните борби Ташко бил
примерен борец. Во борбите кај Кајгана на 8 април 1945 година Стојановски Ташко
загинал.
12 Април 1945 година
Долоски Лазаров Кочо
Кочо Долоски потекнува од селско земјоделско семејство. Роден е во селото Маловиште,
на 28.VI. 1923 година. Немајќи друга можност за заработувачка, тој се занимавал
со земјоделие. По природа бил слободољубив, бистар и оштроумен. Кога единиците
на НОВЈ во Битолско воделе жестоки борби против непријателските сили во близината
на Маловиште, на 1 септември 1944 година Кочо стапил во НОВЈ. Не минало многу
време Кочо се нашол во вителот на борбата. Зел учество во уличните борби во
Кичево, на Дервенот, во борбите за ослободување на Охрид и др. Поради беспрекорната
дисциплина и политичка разборитост, Кочо бил поставен за политички комесар на
чета. Покрај борбите во Македонија, Кочо зел учество и на Сремскиот фронт, како
член на Втората македонска бригада. Поради покажаната храброст во судирите со
непријателот бил одликуван. Во борбите кај Кајгана на 12 април 1945 година Кочо
Долоски загинал.
12 Април 1945 година
Петревски Станков Милан
Петревски Милан е роден 1926 година во селото Ротино. По завршувањето на основното
училиште му помагал на својот родител, кој во селото бил еден од најнапредните
селани. Под влијание на родителот Милан рано се вклучил во движењето. Имено,
тој уште во 1942 година бил член на СКОЈ и со својата активност служел за пример
на другите. Во текот на август 1944 година Милан и се приклучил на Седмата бригада,
а зел учество во борбите на Сремскиот фронт. Во жестоките борби кај Врпоље,
на 12 април 1945 година Милан загинал како и многу други борци од Битолско.
12 Април 1945 година
Мачковски Василев Стојан
Мачковски Стојан е роден во село Буково на 25.III.1918 година. Од училишна
спрема имал само четврто одделение, кое го завршил во родното село. Како и неговите
врсници, по завршувањето на основното училиште се занимавал со земјоделие. Во
НОВЈ не стапил доброволно, туку бил мобилизиран во пролетта 1944 година. Зел
учество во борбите на Сремскиот фронт, како борец на петнаесеттиот корпус. Во
една борба во Хрватска, кај Товарник, Мачковски загинал. Тоа било на 12 април
1945 година.
12 Април 1945 година
Јаневски Талев Ванчо
Роден е во битолското село Црнеец, на 16.XI.1923 година. Фамилијата на Ванчо
била многу сиромашна и броела 8 члена, од кои 6 деца. Ванчо, основното училиште
го посетувал во Црнеец каде и го завршил. Бидејќи бил беден, бил принуден да
се глави како момок кај селскиот газда, а за време на окупацијата бил прислужник
во селското училиште. Кон НОВЈ се приклучил на 20.IX.1944 година и бил борец
во составот на Втората македонска бригада од XV корпус. На Сремскиот фронт на
12 април 1945 година во борбите против германските сили, кај Шид, Ванчо загинал.
12 Април 1945 година
Кркушевски Апостол Илија
Илија е роден во село Рамна 1929 година. По занимање бил работник. Во партизани
излегол во септември 1944 година, многу мал, имал само 15 години. Раководството
на Седмата бригада на повеќепати го враќала. Но, тој никако не сакал да се оддели
од постарите другари. Извесно време, во бригадата не бил распределен во единица.
Постојано на командантите им велел :„Не сум мал, и јас сакам да учествувам во
ослободувањето на нашата земја.„ Во акциите што биле преземани бил изоставен,
но тој, без да знае раководството, се приклучил во единицата во која биле неговите
другари, со желба да види како ќе бидат Германците нападнати. Гневот кон окупаторот
и желбата за слобода ја изразувал преку песна. преку песните кои ѓи пееше, а
и самиот ги составувал, го запознале сите од бригадата.Сите многу го сакале.
каде да оделе, со ппесни ги бодрел борците, па дури и во најкритичните моменти,
пеејќи ги храбрел. Како учесник во борбите на Сремскиот фронт, во составот на
XIV Бригада, загинал на 12 април 1945 година, кај Шид, од минофрлачка граната.
неговото загинување било прифатено со голема болка меѓу борците и раководството
на Бригадата, па дури таа болка одекнала и во Штабот на 48,Дивизија.
12 Април 1945 година
Мешковски Ристев Васил
Мешковски Васил е роден во село Цапари на 4.I.1924 година. Бил мошне бедно
момче. По природа бил многу тих и мирен. Уште како ученик во основното училиште
бил главуван кај неговиот вујко, каде што работел скоро до стапувањето во редовите
на НОВЈ, т.е 11.IX. 1944 година. Васил и се приклучил на Седмата бригада, а
откако XV корпус заминал на Сремски фронт, таму бил и Васил. Во сите борби зел
учество и примерно се борел, но кај Шид, на 12 април 1945 година загинал.
13 Април 1945 година
Мирчевски Стојанов Нове
Нове Мирчевски потекнува од селско земјоделско семејство. Роден е во селото
Единаковци на 12 април 1920 година. Немајќи друг излез освен да се занимава
со она што и неговите родители, Нове бил земјоделец. Кон НОВЈ се приклучил во
месец ноември 1944 година. Заедно со останатите борци од Седмата бригада на
која и припаѓал и тој, водел жестоки борби низ македонија против окупаторските
сили. По прогонувањето на непријателските сили од Македонија, Нове, како борец
на XV корпус зел учество и на Сремскиот фронт. Таму, во борбата кај Винковци,
на 13 април 1945 година, Нове загинал.
13 Април 1945 година
Бујуковски Блажев Цане
Роден е во селото Драгожани на 16 февруари 1923 година. Како и неговите другари
по занимање бил земјоделец и ништо не се разликувал од неговите врсници и другари.
По капитулацијата на Бугарија заедно со група борци од Црнобуки заминал преку
Пуста Река во Караорман. Во прво време цане бил сврстен како борец на Седмата
бригада, а потем во Втората македонска бригада, во чиј состав учествувал на
Сремскиот фронт. Во една борба против германско0усташките сили Цане загинал
кај Кајгана, на 13 април 1945 година.
14 Април 1945 година
Мачоски Ѓеоѓиев Вангел
Вангел мачоски е роден во битолското село Маловиште на 18.I1914 година. По
занимање бил угостителски работник ( келнер ).Во НОБ се вклучил на 1.IX. 1944
година, како борец на XV Мајевичка бригада. Вангел зел учество во повеќе борби
против непријателските сили. Во вооружените судири, Вангел се покажал како добар
борец. Меѓутоа, токму кога непријателот ги губи сите позиции во Југославија,
Вангел загинал. Тоа станало на 14 април 1945 година кај сремското село Рајлово,
од експлозија на непријателска мина.
14 Април 1945 година
Лозановски Котев Танас
Танас е роден на 20.X. 1922 година во село Рамна. По занимање бил земјоделец.
Бугарската власт го мобилизирала за во армијата, меѓутоа, веднаш по капитулацијата
на Бугарија, Танас се приклучил кон НОВЈ.зел учество во борбите за ослободување
на некои делови на Македонија и Скопје. Потем, Танас бил во составот на Втора
бригада, 49.Дивизија, XV корпус и учествувал во борбите на Сремскиот фронт.
Загинал во една голема офанзива на Германците во Гарешица на 14 април 1945 година.
По кажување на борците од неговата единица, бил многу храбар борец и добар другар.
15 Април 1945 година
Лушиновски Спирев Александар
Лушиновски Александар е роден во селото цапари 1923 година во многу сиромашно
семејство. По завршувањето на основното училиште работел како земјоделец. Бил
висок, снажен, личен и многу мирен младинец. Заедно со својот другар Бечваровски
и пристапил на Седмата бригада во август 1944 година. Зел учество во борбите
што ги водела Бригадата, како и во борбите на Сремскиот фронт. При ослободувањето
на Загреб на 15 април 1945 година во борба со Германците и усташите Лушиновски
загинал.
15 Април 1945 година
Митревски Велев Цветан
Митревски Цветан е роден во село Рамна, на 10 јануари 1926 година. како и многуте
негови врсници, по завршувањето на четвртото одделение останал в село и се занимавал
со земјоделие. Па кога народната револуција во Битолско се разгорела и Цветан
и се придружил. На 1.IX.1944 година и се приклучил на Сесмата бригада. како
борец учествувал во повеќе борби околу Битола, кај Прилеп, на Дервен, кај Ѓавато
и за ослободување на Битола. Потоа, во составот на XIV македонска бригада, 48
дивизија, XV корпус, учествувал во борбите за конечно ослободување на нашата
земја на Сремскиот фронт. На 14 април 1945 година, во една офанзива на Врпоље
бил тешко ранет, пронижан со куршум низ градите и наредниот ден умрел. Последни
зборови му беа: „Другари, јас загинав, не ја доживеав слободата.“
16 Април 1945 година
Ќамили Умер Абдула
Произлегува од земјоделска фамилија. Роден е 1926 година во Битола. Живеел
и работел како земјоделец во Битола. Два дена по ослободувањето на Битола, те.
на 6 ноември 1944 година Абдула Ќамили бил веќе во составот на XVI македонска
бригада. По формирањето на XV корпус и борбите што уследиле на Сремскиот фронт
Ќемал зел учество во истите. Во една поголема борба против германските сили,
ќамил на 16 април 1945 година, кај селото Будровац, загинал.
16 Април 1945 година
Таировски Мефаил Ќенан
Ќенан Таировски произлегува од земјоделско семејство што живеело во Битола.
Роден е 1925 година. Поради традицијата во семејството, Ќенан се занимавал со
земјоделие. Во мобилизацијата, што ја извршила новата НО власт, Ќенан бил опфатен
( 5 декември 1944 година) и бил вклучен како борец во Шестата македонска бригада.
Зел учество во сите борби и други акции спроведувани на теренот од неговата
единица. На 16 април 1945 година, Ќенан како борец загинал на Сремскиот фронт,
кај селото Пашкарец.
16 Април 1945 година
Велјановски Нове Јордан
Јордан е роден 14 мај 1925 година во битолското село Црноец. Потекнувал од
сиромашно земјоделско семејство. основно училиште завршил во родното село. Пред
да замине за НОБ, се оженил и имал девојче. Но, за несреќа неговата жена починала,
а исто и неговото девојче.
Јордан заминал за НОВЈ на 20 април 1944 година. Во прво време бил борец во Седмата
бригада,а при прегрупувањето бил префрлен во XVI македонска бригада. Додека
бил во Сремската бригада зел учество во повеќе борби, што биле водени во Битолско,
а откако стапил во XVI бригада зел учество во борбите на Сремскиот фронт каде
во близината на Шид на 16 април 1945 година и загинал.
16 Април 1945 година
Бабушковски Тошев Атанас - Тане
Тане е роден во село Цапари на 15 јуни 1923 година во сиромашна фамилија. Откако
го завршил основното училиште, уште од своите 12 години започнал да работи како
момок во групите на ќумурџии. За време на окупацијата прво работел како работник,
фурнаџија,а потем слаткар во Софија. Оттаму бил мобилизиран во бугарската војска,
а по капитулацијата на Бугарија стапил во бригадата „Гоце Делчев“ , а потоа
во XV корпус. Зел учество во борбите што се воделе за конечното солободување
на Југославија, Срремскиот фронт. таму, кај Врпоље, на 16 април 1945 година
Тане бил смртно ранет. За пројавената храброст во борбите бил одликуван со „Орден
на храброст“.
16 Април 1945 година
Илиевски Тасев Кирил
Кирил се родил во село Добрушево во 1921 година, но во Битола го изучувал кондураџискиот
занает и како работник брзо дошол во контакт со прогресивното стриење во градот.
ја симпатизирал НОБ и на 5 декември и се приклучил на НОВЈ. Станал борец на
Втората македонска бригада, а кога истата заминала на Сремскиот фронт, Кирил
зел учество во сите борби, се до 16 април кога загинал кај Кајгана.
17 Април 1945 година
Буџевски Пасков Борис
Буџевски произлегува од сиромашна земјоделска печалбарска фамилија од село
Ѓавато. Роден е 1923 година. Уште како мало дете ја почувствувал сета сиромаштија,
бидејќи морал да работи за да се прехранува.Подоцна бил овчар. За време на окупацијата
Буџевски се дружел со прогресивните младинци од селото. Од нив добивал летки
но не ги покажувал на власта. Во август 1944 година Буџевски и се приклучил
на НОВЈ. како борец на Втората македонска бригада зел учество во сите борби
што ги водела неговата единица на Сремскиот фронт. Во една жестока борба кај
Стриживојно, митролезецот Буџевски, на 17 април 1945 година загинал.
17 Април 1945 година
Чумковски Спиров Тодор
Чумковски е роден во село Ѓавато на 24.III.1924 година, во мошне бедна селска печалбарска фамилија. Се школувал до четврто одделение. Заминувајќи на печалба татко му им ја оставил цела грижа на Тодор, наречен Тодија и брат му Борис, односно тие ги паселе говедата и така привредувале за фамилијата. По капитулацијата на стара Југославија, Тодија од Дервен прибрал, како и многуте Ѓаваштани, оружје, муниција, шаторски крила и сл. и добар дел од тоа му предал на ѓаватската партиска келија. Така,на пример,покрај другото, го дал митролезот марка „Горки“ и уште еден пушкомитролез. Тодија во 1944 година на 11 септември исе приклучил на НОВЈ и и припаѓал на Втората македонска бригада. Со заминувањето на Сремскиот фронт Чумковски зелу чество во повеќе борби, а во една таква кај Врпоље, на 17 април 1945 година загина како борец- митролезец.
18 Април 1945 година
Петровски Спирев Коста - Конде
Конде е роден 1926 година во селото Ротино. Како и неговите врсници,така и Конде по завршувањето на основното училиште се занимавал со земјоделие. Засилената антифашистичка активност во селото спроведувана од членовите на КПЈ и СКОЈ делувалани врз младиот Конде. Тој во 1943 година бил примен за член на СКОЈ при што ги спроведувал сите поставени директиви од Партијата. Во месец август 1944 година младиот Коце и пристапил на Седмата бригада и како нејзин борец зел учество во повеќе борбени акции. Бил и на Сремскиот фронт каде загинал на 18.IV.1945 година во борбите близу Загреб, кај Кајгана.
19 Април 1945 година
Стаматовски Коста Стефан
Стефан Стаматовски е роден во село Лажец, на 13.VII.1923 година во сиромашно земјоделско семејство. Основното училиште Стефан завршил во село Лажец, но немајќи услови за понатамошно школување не продолжил. Се занимавалсо обработка на земјоделски култури, но покрај сета работа живеел сиромашно. Инаку, бил бистар и пријатен. На 13.IX.1944 година Стефан стапил во НОВЈ, т.е. во Втората македонска бригада и бил политички комесар на чета или батаљон. На Сремскиот фронт Стефан учествувал во сите борби, но борбите за Винковци за него биле кобни. Имено, на 19 април 1945 година Стефан загинал, без да го види своето новородонче.
20 Април 1945 година
Јошевски Пандилов Коста
Коста Јошевски е од село Бач. Тој се родил на 2.II.1923 година во бедна земјоделска фамилија. По завршувањето на основното четиригодишно образование, Коста се занимавал со чување на овци и со обработка на земјата.По природа бил мирен и тивок. Како и неговиот другар соселанец Александар го минал патот на борец од Бач-Старавина, Охрид, Скопје и на крајот во XV корпус, Прва Македонска бригада на Сремскиот фронт. Во повеќето борби Коста зел живо учество, но во една од нив, кај Товарник, Хрватска, на 20 април 1945 година загинал од непријателски куршум.
23 Април 1945 година
Колевски Стојков Јанко
Јанко Колевск, чие име денес го носи Задругата во село Ивени, е роден во истото село на 16.IV.1921 година,воземјоделско семејство. Јанко го наследил занимањето од родителите, т.е. се занимавал со земјоделие. Меѓутоа, во почетокот на септември ги оставил сите домашни работи и сеприклучил кон НОВЈ. Зел учество, заедно со своите другари од воените единици, во повеќе борби, особено во борбите на Сремскиот фронт во Хрватска. Поради покажаните воени способности и пожртвуваност во воените дејствија, Јанко бил унапреден за водник во Втората македонска бригада, на XV југославенски корпус. Во борбите кај Славонска Пожега, на 23.IV.1945 година Јанко паднал на браникот на Југославија од непријателските сили.
25 Април 1945 година
Стојчески Димитров Александар
Роден е во село Бач, на 30.VIII.1921 година. По завршувањето на четврто одделение како и повеќето негови врсници, Александар останал да работи врз земјата, т.е. бил земјоделец. Мирниот, без големи промени, живот на Стојчевски се изменил кога на 1.IX.1944 година и пристапил на НОВЈ. Преку врски Александар од Бач во Ставарина, Охрид, Скопје, а потем на Сремскиот фронт. Во сите борби во бригадата па и XV корпус Александар зел примерно учество, но во борбите кај Гарешница против германско-усташките единици на 25 април 1945 година паднал покосен од непријателски куршум.
27 Април 1945 година
Цибалевски Тодоров Трајан
Цибалевски е роден на 14.II.1924 година во деветочлена селско-работничко фамилија, во село Ѓавато. Иако одличен ученик, немајќи материјални средства не го продолжил школувањето, туку работел како општ работник. Откако татко му настрадал од мина,1939 година и станал немоќен да привредува, целата грижа околу семејството останало на младиот Трајан. Извесно време бил на работа во Германија од каде оболен и исцрпен се вратил в село. Во есента 1944 година Цибалевски и се приклучил на Седмата бригада и зел борби во повеќе борби каде што се движела истата. Потоа, кога XV корпус, во чиј состав била и 48. дивизија со Седмата бригада, заминал на Сремскиот фронт. Цибалевски загинал како нишанџија на митролез заедно со својот помошник кај Кајгана, Хрватска за кое е одликуван со „Орден заслуги за народ“
27 Април 1945 година
Стефановски Вељанов Вангел
Вангел е роден во бедна земјоделска фамилија на 14 јануари 1927 година во битолското село Крстоар. По завршувањето на основното училиште Вангел учел шивачки занает во Битола. По природа бил дружељубив, весел и отворен. За време на окупацијата Вангел бил близок со прогресивните лица во селото и го помагал движењето. Иако мошне млад му пристапил на НОВЈ и станал борец на XIV македонска бригада. Вангел во многуте борби што се одвивале на Сремскиот фронт зел учество, но во една борба при јуриш загинал на нагазна мина, односно бил разнесен на парчиња. Тоа станало на 27.IV.1945 година кај Уљаник, Славонија.
Кога неговиот родител дознал за смртта на својот син ја продал кравата за да го земе мртвото тело на сина си и го закопа во родното село. Меѓутоа, помеѓу многуте убиени не можел да го пронајде.
Април 1945 година
Башлаковски Гр. Стеван
Стеван Башлаковски е од битолското село Црнобуки. Роден е на 28 октомври 1924 година во Црнобуки, во бедно земјоделско семејство, а подоцна и самиот се занимавал со земјоделие.Во НОВЈ Стеван стапил веднаш по капитулацијата на Бугарија на 10 септември 1944 година. Бил во составот на Седмата македонска бригада која на битолското подрачје во тоа време водела големи борби со непријателските германски сили, всушност група „Е“ која се повлекувала од Грција. По успешните борби на бригадата во Битола, односно Битолско, во кои и Стеван учествувал, бил формиран XV корпус, во чиј состав била и споменатата единица. Корпусот, во кој како борец се наоѓал и Стеван, водел жестоки борби на Сремскиот фронт. Во април, 1945 година, кај Кајгана, во борбите со непријателските сили, покрај многуте борци загинал и Стеван Башлаковски.
Април 1945 година
Шалевски Јончев Петко
Шалевски Петко произлегува од селско земјоделско семејство. Роден е во битолското селоКрклино во 1922 година.По занимање бил земјоделец. Во екот на најголемиот подем на НОБ во Македонија, Петко се вклучил во единиците на НОВЈ, XV корпус. Воделе големи борби на Сремскиот фронт каде биле утврдени непријателските фашистички сили. Во тие жестоки борби, Шалевски Петко загинал, во април 1945 година во Сремски Карловац.
Април 1945 година
Марковски Китанов Илија
Марковски Илија роден на 8 јули 1925 година во селско земјоделско семејство во село Велесело. Се занимавал како и неговите родители со земјоделие. По ослободувањето на Битола народната власт спровела мобилизација во народот од помладата генерација. Во таа мобилизација бил опфатен и Илија, со што од декември 1944 година станал борец на Шестата македонска бригада. Поради воените прилики и немањето можност за редовна хигиена се јавила епидемија на тифус меѓу борците. Илија опфатен од епидемијата починал во гостиварската болница во април 1945 година.
Април 1945 година
Крстевски Илиев Милан
Крстевски Милан е роден во сиромашна земјоделска фамилија во село Горно Српци, 1924 година. Основното образование го добил во родното село, а потоа не продолжил со школување туку останал да се занимава како и неговите родители со селско-земјоделски работи. Но, бидејќи бил мошне беден, работел како аргат на туѓите имоти, а воедно и чувал селски говеда. На 10 јуни 1944 година Милан решил да и се приклучи кон НОВЈ, кое нешто и го сторил. И припаѓал на Седмата бригада. Големите напори во борбите, нередовна исхрана и слично штетно се одразиле на недоволно јакото тело, па Милан поради болест, за свое време мошне тешката туберкулоза, бил ослободен од војска, по кое и починал.
Април 1945 година
Бечваровски Тодоров Ѓорѓи - Гоце
Гоце е роден во село Цапари 1924 година во средно имотно семејство. По завршувањето на основното училиште, па се до стапувањето на Седмата бригада, август 1944 година, Гоце работел на имотот на своето семејтво, т.е. по занимање бил земјоделец. Зел учество во сите борби што ги водела бригадата. Потем бил приклучен кон XIV бригада и пак зел учество во сите борби на Бригдата на Сремскиот фронт. Зафатен од тифус, Гоце во април 1945 година починал во Нова Пазова.
Април 1945 година
Тодоровски Колев Стојан
Стојан е роден во село Канино, 1921 година. По занимање бил земјоделец. За време на окупацијата Стојан се поврзал со активистите на НОВЈ и активно работел со нив. Како и многу други, така и Стојан, на 22 септември 1944 година стапил во единиците на НОВЈ. Како борец на познатиот XV југословенски корпус заминал на Сремскиот фронт. Во борбите што биле водени кај Винковци, во април 1945 година, Стојан бил смртно погоден од непријателот.
Април 1945 година
Цароски Тодоров Стеван
Стеван Тодоровски Царовски е роден 1922 година во село Кукуречани, а по занимање бил земјоделец. Многу Македонци во тоа време, а и Стеван, по капитулацијата на Бугарија, како бивш бугарски војник им се приклучил на партизанските единици во Македонија. Стево загинал на Сремскиот фронт во април 1945 година во акциите во близината на Загреб, борејќи се против германско-усташките фашистички сили.
И брат му на Стеван, Спиро Царевски се борел во VI бригада, но се разболел од тифус така што бил ослободен. Враќајќи се дома умира во 1945 година.
Мај 1945 година
Козмевски К. Стеван
Козмевски Стеван е роден во битолското село Средно Егри на 16 октомври 1924 година. Стеван израснал во земјоделско семејство, а по занимање и самиот бил земјоделец. Во општиот подем за ослободувањето на Југославија зел учество и Стеван Козмевски, кога како борец во Третата македонска бригада се борел против германските сили. Стеван учествувал во сите борби што ги водела Бригадата на Хрватска и се покажал како примерен борец. Меѓутоа, на 4.V.1945 година кај Банова Јаруга бил смртно погоден од непријателот.Во таа борба Козмевски загинал.
8 Мај 1945 година
Гилевски Василевски Крстев Лазар
Гилевски Крстев Лазар е роден на 9 март 1923 година во село Живојно. Потекнува од селска сиромашна фамилија. Завршил само основно училиште во родното село. После окупацијата на Југославија од фашистите Лазо е еден од најактивните во селото и околината. Бидејќи деноноќно пренесуваше илегално храна и облека за партизанскитеединици на Кајмакчалан, оргнизирал тајни состаноци в село и бил откриен од бугарската власт и затворен во Битолскиот затвор. Во затворот Лазар бил многу малтретиран и тепан. После 40 дена проведени в затвор Лазар успеал да избега и веднаш заминал во партизанските одреди, т.е. НОВЈ.
Во септември 1944 година се борел во Битолско, а подоцна бил во составот на XV, како член на артилериска посада. Загинал на Сремскиот фронт како борец на V армија, 48. дивизија, II артилериска бригада на 8.V.1945 година кај село Доловац, 15 км . оддалечено од Загреб.
9 Мај 1945 година
Садикарис Јосеф Самуел Сами
Роден е на 1 мај 1925 година во Битола. Учел во Битолската гимназија до IV клас. Како ученик членувал во тогашната напредна еврејска организација „Хашомер Хацаир“ ( Млад стражар) Во 1940 година и пристапил на СКОЈ. Трагедијата на неговите сонародници од 11 март ја избегнал криејќи се кај свои познати.Во 1943 година станал првоборец, потоа комесар на четата на партизанските единици. Учествуваа во борбите на Кожуф, Кајмакчалан, Дебарца, Сремскиот фронт. При ослободувањето на Загреб загинал од рачна борба заедно со 6 борци.
10 Мај 1945 година
Атанасовски Ванхел Коте
Коте е роден на 24.VIII.1922 година во село Брусник. По заврувањето на осмо одделение во Битола бил земјоделец. Бил член на СКОЈ. Седружел со Таки даскало од кого обивал и задачи. На 15.X.1944 година доброволно стапил во редовите на НОВЈ, односно во Втората македонска бригада. Во една борба бил ранет и извесно време бил дома на лекување. Но, не останал долго време. Повторно се вратил во својата бригада. Како борец учествува во борбите на Сремскиот фронт. На 5.V.1945 година бил ранет од нагазна мина. По пет дена од задобиените рани починал во Нова Градишка.
25 Мај 1945 година
Ѓорѓиевски Ташков Јонче
Еден од најхрабрите борци на Првата македонска бригада, прв партизан од селото покрај Александар Павловски (жив) е Јонче Ѓорѓиев.
Се родил на 10.1.1928 година во село Дихово. Потекнува од средно имотно семејство. Посетувал училиште основно само до IV одделение. Војната го затекнува малолетен (13 години). Но, без разлика на годините ги помагал партизаните со храна и оружје. Поради тоа веднаш паднал во очите на бугарската полиција. Јонче знаел дека го бара полицијата, па затоа ја избегнувал криејќи се особено во куќата на Јандре и Ташко Ивановски. Но, тоа не траело долго. во првите денови на март 1943 година поткажан од непријатели Јонче бил блокиран и фатен во куќата на Ташко Ивановски. Бугарската полиција го одвела во месниот участок и го сослушивала. Бил осуден на 15 дена затвор. Затворските денови ги прележал на участокот, кој се наоѓал во куќата на Стојче Илиевски, а потоа бил ослободен. Но, следниот ден Јонче го немало меѓу мештаните.Тоа било 18 март 1943 година. Имено, веднаш им се приклучил на борците-партизани. Во меѓувреме бугарската полиција го интернирала семејството на Јонче во село Чучулигово, Петричко. Јонче зел учество во бројни борби со фашистичките единици. Во состав на Македонската бригада зел учество во борбите на Сремскиот фронт. Јуришот за ослободување на Славонска Пожега бил за Јонче фатален и последен. На 25 мај 1945 година на 17 годишна возраст погоден смртно од непрјтелски куршум, Јонче загинал.
Мај 1945 година
Христовски Александар Никола
Христовски Никола е роден во Битола, 1926 година. По завршувањето на основното училиште се определил да работи и привредува за семејството. По занимање бил работник, бакалски помошник. НОБ ја симпатизирал, а по ослободувањето на Битола бил мобилизиран, 5.XII.1944 година и станал борец на НОВЈ. Се наоѓал во составот на Деветтата македонска бригада. Во борбите бил примерен, но од задобиените рани починал во мај 1945 година, во својот град Битола.
Мај 1945 година
Христовски Божинов Васил
Христовски Божинов Васил роден е во село Скочивир 1920 година. Од шестатагодина заедно со фамилијата се преселил во Битола. До четврто одделение го посетувал училиштето, а потоапочнал да работи. Прво работел како служител кај еден лекар, а потоа како чирак кај еден занаетчија, а потем го изучил шоферскиот занает. Во септември 1944 година стапил во НОВЈ. Бил борец во 48. дивизија. Во борбите против четниците Васил бил заробен и кај Бања Лука во мај 1945 година убиен.
Јуни 1945 година
Формирање на Прв младински работен батаљон
Веднаш по завршувањето на првата учебна година по ослободувањето на повикот од Градскиот комитет на СКОЈ веднаш бил формиран младински батаљон кој треба да учествува во трасирањето на патот за пругата што била во изградба од село Кременица до село Живојно. Батаљонот го чинеле две чети со вкупно околу 70 младинци, младинки. Тоа всушност биле повеќето ученици од Гимназијата од V, VI и VII клас. Осмите класови биле ослободени поради матурирањето. Организацијата на батаљонот по се потседува на војничка организиција, т.е. командири, комесари, постројување и сл.
Оваа акцијана битолски младинци е особено значајна зошто во неа се калеа идните младински раководители и нови луѓе.
Пролетта 1945 година
Даути Б. Даут
Даут Даути е роден 1902 година во село Острец. Потекнувал од средно имотно земјоделска фамилија. Не завршил никакво, па ни основно решение, но сепак бил писмен, самоук. по занимање бил земјоделец. За време на окупацијата Даут уште од 1941 година, кога имал можност, соработувал со Коле Канински, во поглед давање информации, храна и сл. Со него се познавале од порано, така што Даути уште пред да замини на Сремскиот фронт бил борец во Битолско-Преспанскиот одред и борбите што биле водени кај село Новаци, Брусник и Преспанските села. Даути кога имал 43 години загинал во борба против германските воени сили во Срем во пролетта 1945 година.
Пролетта 1945 година
Бошковски Виданов Петко
Бошковски Петко потекнува од многучлена бедна фамилија. Роден е во село Брник, Битолско на 6.V.1924 година. Занимањето му било земјоделие. Кога се разгорела и проширила Револуцијата Петко го напуштил селото и се приклучил кон НОВЈ. Бил добар и дисциплиниран борец. Зел учество во повеќе борби и тоа кај Прилеп, Гостивар, Тетово и Струмица. Потем овие борби, како борец на XIV македонска бригада загинал во одбраната на Винковци. Тоа било во пролетта 1945 година. Но, постои мислење дека загинал кај Трст истото време.
Пролетта 1945 година
Стојчевски Милошев Ѓорѓија
Стојчевски Ѓорѓија е роден на 15 октомври 1922 година во селото Лисолај во многу бедна земјоделска фамилија. На десетгодишна возраст му умрела мајка му, кое нешто повлијаело Ѓорѓија да сеповлече во себе и да ги одбегнува луѓето. Како дете одел со говедата, а подоцна ја обраотувал земјата. По налог на Партијата заминал во Пуста Река, а потем во Крушево каде се јавил во командата на V бригада, која го пратила во село Црнеец. Ѓорѓија зел учество во борбите на Дервенот над селото Гопеш, а по извесно време заедно со останатите другари заминале на Сремскиот фронт, каде во една борба во пролетта на 1945 година загинал. Каде, како и кога точно загинал не е утврдено.
1945 година
Гроздановски Лазарев Васил
Гроздановски Лазарев Васил е роден на 11 декември 1921 година во село Доленци. Потекнува од многу сиромашна фамилија и се занимавал со обработка на онај мал дел земја што го имал.Бил најстар син во фамилијата и поради тоа врз него паднала должноста да се грижи за помалите два браќа и една сестра, односно да обезбеди сретства за живот.Затоа заминал на работа во Германија. Поради условите што настанале, односно почетокот на Втората светска војна, се вратил дома. За време на окупацијата земен е на отслужување на воениот рок од страна на бугарските окупатори. Така постанал бугарски војник, но набрзо потоа на 20.IX.1944 година и се приклучил на НОВЈ. Учествувал во борбите на Сремскиот фронт. Загинал непосредно пред ослободувањето на земјата, некаде во Хрватска, 1945 година.
1945 година
Ивановски Тодоров Богоја
Роден е 1925 година во село Кукуречани. Произлегува од средно имотна фамилија. Се занимавал со земјоделие, обично како и сите помлади ги чувал овците. Како борец бил добар, па во својата чета бил избран за секретар на СКОЈ. Во 1945 година во склопот на 15-от корпус се борел на Сремскиот фронт каде бил тешко ранет во петицата. Тоа се случило на Врпоље. Бил пренесен дома, но од здобиената рана добил тровање, така да после неуспешната ампутација истата година починал во битолската воена болница.
1945 година
Темелковски Васил
Васил Темелковски е роден во село Кукуречани. Служел војник на Црно Море, Варна или Бургас, апо капитулацијата на Бугарија оттука пребегнал кон партизаните. Морал да се оперира, изгледа од слепо црево, во Скопје. Тука го задржувале во болницата, но тој сакал да се врати во одредот. Учествувал во борбите на Сремскиот фронт. Умрел од незалечените рани од операцијата во загреб 1945 година.
1945 година
Стојановски Атанасов Петре
Роден е на 9 јуни 1922 година во село Орле, Битолско. Неговото детство минувало во пасење на стока и занимавање со земјоделие. Во односите кон неговите другари и постарите луѓе секогаш бил доар, послужлив, па затоа и често пофалуван. Кога наполнил 8 години, Петре стапил во детската клупа во училиштето во Маково. Неговото учење траело само една година, поради тоа што училиштето било лошо градено и паднало. После тоа, Петре со своите другарчиња ги пасел овците и воловите на татка си. Кога имал 16 години поради сиромаштијата се главувал како момок во селото. Ги пасел селските коњи и говеда. Тој период траел 3 години. Кога Петре сторил веќе 19 години бил мобилизиран во војската на стара Југославија. Но, наскоро дошла окупацијата. петре за време на истата не се занимавал, но на 20 август 1944 година стапил во НОВЈ, а наскоро со Втората македонска бригада замнал за Срем. Во борбите кај Сремскиот фронт кај Товарник 1945 годинахрабро загинал.
Една година пред неговата смрт, во 1943 година умрела неговата жена од природна смрт. Петре оставил 3 деца сирачиња и тоа синот Аце кој имал 2 години, ќерката Ѓурѓа на 6 години и Славка на 4 години.Трите деца основно училиште завршиле во родното село, а потоа ги зела власта каде понатаму ги школувала.
1945 година
Аљушевски Демиров Аљуш
Аљушевски Аљуш потекнува од селско земјоделско семејство, што живеело во битолското село Трновци. Роден е на 3.IV.1924 година, а по занимање бил земјоделец. Окупаторската власт не ја прифаќал како и сите помлади генерации, особено поради некоректното и нехумано однесување на власта кон другите народности. По ослободувањето на Битола, во ноември 1944 година, Аљуш и пристапил на НОВЈ и зел учество во многуте борби што ги водела неговата воена единица на Косово, Србија, Далмација па се до Истра. Зел учество и во ослободувањето на Трст. Меѓутоа, големите напори во текот на НОВ довеле до тоа што Аљуш се разболел. На тешката болест Аљушевски подлегнал во близината на словенечкото село Сезонче, во 1945 година.
1945 година
Марковски Велев Тоде
Марковски Тоде е роден во Битола 1922 година. Занимањето му било изработка и поправка на домашни печки и слични занаетчиски услуги. За време на окупацијата работел во Битола и ја помагал НОБ. На денот од капитулацијата на бугарскиот окупаторки апарат, 9.IX.1944 година, Тоде се приклучил кон НОВЈ, односно станал борец на составот на Првата македонска бригада. Во текот на борбите против непријтелските сили Тоде зел учество особено во борбите на Сремскиот форнт и Хрватска, Славонија. Таму, во еден поголем напад против непријателите што биле утврдени кај Словенска Пожега, Тоде Марковски загинал.
1945 година
Цветков Ѓеорѓиев Петар
Цветков Петар е роден на 15.VII.1921 година во битолското село Маково. Произлегува од селско семејство, а по занимање бил трговски помошник. Кога целокупно југословенските народи вршела максимални напори за да ја ослободат земјата од фашистичките окупаторски сили и Петар го дал својот скромен допринес кон таа сеопшта борба, со тоа што во 1944 година стнал борец на НОВЈ, Третата македонска бригада. Петар зел учество во сите напори и борби што ги водела бригадата, особено во борбите за конечно ослободување на Југославија, на Сремскиот фронт. Кај Словенска Пожега во борба против непријателските воени сили Петар загинал.
1945 година
Алиев Мехмед Ибраим
Алиев Ибраим произлегува од селско земјоделско семејство. Се родил во битолското село Кременица на 1 октомври 1925 година. По занимање бил земјоделец. Поради грубото однесување на бугарската окупаторска власт спрема народностите во Македонија, Ибраим бил, како скоро сите негови соселани, непријателски расположенкон окупаторската власт.Кон НОВЈ се приклучил по капитулацијата на окупаторската власт, т.е на 20 октомври 1944 година. Бил распоредуван во повеќе воени единици, а подоцна и припаѓал на XVII македонска бригада. Во текот на воените операции Ибраим додека бил здрав земал редовно учество, но во текот на големите воени напори се разболел и во 1945 година во скопската болница, како последица на болеста починал.
1945 година
Талевски Ристов Благоја
Благоја Талевски е роден во Битола 1920 година. Поради потреба од привредување за семејството Благоја уште од рани години почнал да работи. По занимање бил општ работник. Немал можност многу да се образува, но затоа како работник ја почувствувал експлоатацијата и ја ненавидувал туѓинската власт, посебно окупаторската. За време на окупацијата, ја симпатизирал и помагал НОБ, а во есента 1944 година станал борец во составот на XV корпус. Бидејќи единиците од XV корпус најмногу се бореле на Сремскиот фронт и Словенија, така и Благоја како составен дел од таа воена сила зел учество во доста жестоки судири. Меѓутоа, во еден поголен судир, некаде во Хрватска, 1945 година Благоја загинал.
|