Настани 1944 година
6 Јануари 1944 година
Префрлање на Обласниот комитет на КПМ во Битола
Седиштето на Обласниот комитет на КПМ-Битола било во слободна Дебарца, но поради
тешкотии во одржување на врските со теренот, на еден состанок било решено седиштето
на Обласниот комитет на КПМ да се префрли во Битола. Во текот на декември 1943
година биле извршени сите подготовки, а на 6.I.1944 година во Битола влегле
Трајче Грујоски - Павле, Лазо Хаџи Поповски - Јорго и Блаже Талески-Иван. Во
ова време како инструктор на Обласниот комитет дејствувала и Вера Оровчанец
- Лена дојдена уште во мај 1943 година.
20 Јануари 1944 година
Тодоровски / Петковски / Томев Димитар
Роден е на 23 Октомври 1923 година во селото Брусник. Основно училиште учел
во селото, а потоа продолжил и гимназија во Битола каде завршил VII клас.
Во гимназијата припаѓал на СКОЈ. Кај него, во периодот од 1939 година како и
за време на окупацијата, големо влијание извршил неговиот вујко Коле Канински,
т.ш. Димитар со помош на Канински станал организатор на напредната младина во
селото Брусник. Во зимата 1942 година станал секретар на една воспитна група
во селото и се до неговото стапување во НОБ редовно работел со младинците.
На 13 Септември 1943 година се проклучил на НОБ. Учествувал во борбите кои се
воделе на Кајмакчалан и Караџова. Загинал на 23 Јануари 1944 година кога бил
во патрола и наишол на една бугарска стража.
Јануари 1944 година
Бегството од Битолскиот затвор на политички затвореници
Истражниот затвор во Битола бил мошне познат по лошоте постапки на „сослушувачите“.
Во него многумина членови на КПЈ од Битола, Ресен, Прилеп и околните села биле
подложени на инквизиторски мерки на иследување. Благодарение на својата решеност
затвореникот Никола Николовски успеал преку хуман стражар по име Петко Петков
од град Русе - Бугарија да се снабди со пила. Откако неколку дена работел ги
пресекол железните решетки. Тогаш се договорил со уште некоку затвореници са
избегаат. Така и направиле. Тоа биле Мустафа, Ристо Јанков, Панда Чеснова, Мишко
Радосављевич и Никола Николовски. По извесно време сите се приклучиле на НОВ
и ПОМ.
23 Февруари 1944 година
Последна блокада на градот
Бугарската окупаторска власт во Битола била сосем немоќна особено во 1944 година.
Тогаш со градот веќе, иако илегално, раководела НОО помаган од Партијата. Наредбите
на народната власт населението ги исполнувало беспрекорно. Прехрамбени артикли
и други материјали (облека, чевли) парични средства и друго НОО и Париската
организација ги снабдувала од скоро сите граѓани на Битола - за потребите на
НОВ.
Окупаторските сили доследни на својата улога во Македонија за да го спречат
сенародното ослободително движење на ден 23.II.1944 година извршиле блокада
на градот барајќи ги првенците на партијата. Сето им било залудно. Тоа била
и последната блокада на градот во четиригодишната окупација.
7 Март 1944 година
Дводневниот штрајк на работниците на „Момирок“
Во Битола за време на окупацијата постоело претпријатие за обработка на лискум,
т.е момирок. Повеќе од политички, а помалку од економски причини, околу 300
работници организирани од членови на илегалните КПЈ стапиле во дводневен штрајк,
т.е се дотогаш не им биле исполнети барањата. Тоа биле редовна исплата и зголемување
на надниците.
1 Март 1944 година
Масовно апсење на граѓани
Окупаторската власт во својата немоќ преку блокади да ги открие првенците на
КПЈ во Битола кои раководеле со НОБ во градот и одржувале врски со воените единици
на 11.III.1944 година извршила масовно апсење на, за неа, сомнителни Битолчани.
Во масовното апсење полицијата затворила неколку стотини граѓани меѓу кои и
околу 60 жени. Меѓутоа, од ова притворување окупаторот немал никаква корист
зошто меѓу поапсените имало сосема малку членови на КПЈ. Бидејќи за затворените
немало обвинителни аргументи во наредните денови повеќето биле ослободени. Мнозина
од нив веднаш по ослободувањето се приклучиле кон воените единици на НОВЈ. Само
на 20.III.1944 година 22 Битолчани станале нови борци на НОВЈ.
Крај на Март 1944 година
Мобилизација во Битолско
Колку што акциите на НОВЈ во Битолско биле поголеми толку и потребите од нови
борци станувале поголеми. Така од крајот на месец Март партизаните што биле
задолжени со работа на територијата од Битолско започнале да вршат мобилизација
на оние лица што требало да стапат во армијата. За таа цел бил умножен образец
- позив за мобилизаирање на лица, кој гласи:
ПОЗИВ
По наредба на генерал Апостолски командант на главниот штаб на народно-ослободителната
војска на Македонија, од 3.III.1944 година за мобилизација во Битолско, Прилепско,
Велешко, Тиквешко и Ѓевгелиско, се повикува (било наведено името на лицето)
од село/град (бил наведен градот или селото) општина ___________ околија ___________
да се јави одма во најблиската единица на НОВ на Македонија.
Во денешните слободни денови на Македонскиот народ должност е на секој чесен
Македонец да со радост го земи овој позив и се бори за полното истребување на
бугарските и германските окупатори од нашата татковина и така си го исполни
својот долг спрема својот народ.
Оној кој не се одзови на овој позив се смета како воен бегунец и како таков
ќе одговара пред војнио суд.
За мобилизациона комисија
(потпис на одговирното лице)
Вакви позиви добиле многу млади луѓе од Битолско кои по организиран пат биле
прифатени односно префрлени до најблиските единици, т.е. стапиле во НОВЈ.
Март 1944 година
Повик на доброволци во вториот комитет на СКОЈ за младинците
Бугарската окупаторска власт секоја година од 1941 до 1944 година вршела редовна
регрутација на младината од Македонија за бугарската власт- кое нешто не било
случај со другите окупирани земји. Поради тоа, во мај 1944 година Вториот областен
комитет на СКОЈ издал позив до младинците од Битолско, Прилепско, Охридско,
Крушевско и Ресенско кои биле родени во 1924 година.
На позивот, младинците родени во 1924 година од споменатите краеви масовно се
одзвале, зпшто во истото време имало и услови да се прифатат во бројните воени
единици на НОВЈ во Македонија.
Март 1944 година
Кавалиновски Ангелов Ристо
Кавалиновски е роден на 14. III. 1922 во село Бистрица. Потекнува од селска
земјоделска сиромашна фамилија. За време на стара Југославија по завршувањето
на четврто одделение работел како наемен земјоделски работник. Веднаш по окупацијата
Кавалиновски работел за НОБ. Во месец септември 1942 година бил мобилизиран
од бугарската војска во која бил се до март 1943 година. На 12 Март 1943 година
кога дошол на отсуство не се вратил во единицата, туку доброволно се приклучил
кон партизанските одреди, а подоцна во Седмтата бригада.
При еден напад на бугарски участок во село Злокуќани извршен во март 1944 година
Кавалиновски тешко ранет паднал во рацете на окупаторот. Бил мачен, но никого
не провалил, иако знаел за повеќе партиски работници на теренот на Бистричко.
По долго мачење тој бил на најсвиреп начин ликвидиран од окупаторие, а неговите
остатоци и ден денес не се знае каде се.
12 Април 1944 година
Филиповски Трајан-Чуруко
Роден е во Битола на 12 Август 1926 година, како дете на крајно бедни родители.
Како ученик во Битолската гимназија, особено за време на окупацијата, Трајан
не бил член на СКОЈ, но им припаѓал на напредните снаги на Гимназијата. Тој
одбивал да стане член на бугарската младинска фашистичка организација „Браник“.
На 12 Ноември 1944 година се приклучил кон НОВЈ-15 корпус. Во една од борбите
Трајан останал на бојното поле. Загинал кај Товарник-Хрватска, на 12 Април 1944
година.
Април 1944 година
Бабуковски Наум Минела
Минела Бабуковски е од Битола. Роден е во 1921 година.По занимање бил работник-кафеџија.
Уште во младите години пројавувал симпатии кон прогресивното движење. За време
на бугарската фашистичка окупација на Македонија, а воедно и на Битолс, Минела
бил непријателски расположен кон окупаторот. Во 1944 година, месец март, за
да даде свој придонес во општојугословенската војна против фашизмот, Минела
се приклучил кон единиците на НОВЈ. Бил борец во составот на II Македонска бригада.
Како борец бил примерен и зел учество во борбите што ги водела бригадата. Во
една пожестока борба кај село Остријец Минела во април 1944 година загинал.
Април 1944 година
Вооружените акции на Втората Македонска ударна бригада во Втори реон
Втората Македонска ударна бригада разработила план за вршење на вооружени акции
на теренот на Втори реон. Согласно добиените податоци од самиот реон раководството
на бригадата решило да бидат извршени четири напади на непријателските единици
и тоа во селата Граешница, Злокуќани, Кишава и Острец. За реализирање на споменатите
акции бил ангажиран Третиот батаљон на Втората македонска ударна бригада. Целта
на акциите била да го одвлече вниманието на фашистичките воени и полициски сили
од маршот кој требал да го превземе бригадата, а во исто време да бидат ликвидирани
сите непријателски единици стационирани на територијата која воглавно се наоѓала
под контрола на НОВ и ПОМ.
Акциите биле спроведени при што месните комунисти помагале или директно учествувале
во истите.
По успехот на акциите, борбениот морал кај населението од Втори реон уште повеќе
се зголемил.
6 Мај 1944 година
Илиовски Ламбев Панде
Илиевски Панде е роден во село Брусник на 20.VI.1923 година. За време на окупацијата
имал можност како ученик побрзо да ги разбере и прими прогресивните струења
како во градот така и в село. Како прогресивен бил примен прифатен од Партијата,
т.е станал член на воспитна група. Во групата Панде покажал примерна активност
во помагањето на НОВ. на 13.IX. 1943 година Панде доброволно им пристапил ма
НОВ, т.е. на Третата македонска бригада. Во борбите кај Злетовскиот рудник Панде
бил тешко ранет и пленет.Бугарските војници го убиле на 6 Мај 1944 година на
Црни Врх, близу Врање.
6 Мај 1944 година
Светислав Ристиќ - Цецо
Роден е во Битолското село Лажец на 14.IV.1920 година, а неговите родители
водат потекло од Егејска Македонија. Основното училиште го завршил во Битола
по кое IV клас завршил во Гимназијата, и средното земјоделско училиште во Неготин
Краина. Кога бил испратенод страна на училиштето на практична работа во Крагуевац,
Цецо се запознал со доста прогресивни младинци, односно скоевци. По едногодишниот
престој во Крагуевац, Цецо бил пратен во Лесковац. Во 1943 година се поврзал
со партизанското движење од овој крај и илегално работел за НОВЈ. При крајот
на 1943 година Цецо се приклучил кон Црнотравскиот одред. Во почетокот на 1944
година кај местото „Црно Око“ по свое барање и по одобрение на командирот на
Црнотрвскиот одред, Цецо станал борец на Третата македонска бригада.
Во една од многуте борби, имено близу Босиљград, Цецо загинал на 6 Мај 1944
година.
10 Мај 1944 година
Скерлевски Атанасов Божин
Скерлевски Божин бил роден на 14.VI.1923 година во село Брусник. По занимање
бил работник. Рано стапил во прогресивното движење, т.е. во 1942 година станал
член на СКОЈ. Како скоевец бил примерен. Кога настанала капитулацијата на Бугарија,
по некој ден (на 13. IX.) заедно со Панде Овчаро заминале да се приклучат кон
борците на НОВЈ. Божин стапил во Третата македонска бригада. По една борба со
германски сили заплениле еден митролез. Додека со веселба била славена победоносната
борба, од невнимание некој другар на Божин стрелајќи го ранил Божина. Набрзо
станала и една борба против бугарски сили кај село Русци. Божин неможејќи да
се брани како ранет бил заробен. На 10 Мај 1944 година Божин и некои други биле
стрелани од страна на бугарските фашисти.
10 Мај 1944 година
Цаноски Толи Васил
Цаноски Васил е роден на 26.XII.1922 година во битолско село Ниже Поле. По
завршувањето на основно (четврто одделение) училиште, бидејќи во фамилијата
биле многу деца бил главен во село Брусник. Тука Васил бил селски овчар. По
природа бл многу мирен. За време на окупацијата активно ја помагал НОВЈ, а на
10.VII.1943 година се приклучил кон партизанските одреди. Подоцна станал борец
во составот на Третата македонска бригада. Зел учество во повеќе борби. На 10
мај 1944 година во една борба против фашистичките сили кај Кратово, Васил загинал.
15 Мај 1944 година
Јовановски В. Ѓорги
Јовановски Василев Ѓорги потекнува од селско семејство. Тој е роден во битолското
село Драгош, на 4 април 1922 година. Како и неговите блиски соселани така и
Ѓорги се занимавал со земјоделие. Кога во Битлско била спроведена општа акција
против непријателските сили, Ѓрги во единиците на НОВЈ стапил на 10 Април 1944
година. Додека единиците на НОВЈ ги напаѓале бугарско-германските војски низ
Македонија, дотогаш единицата во која бил и Ѓорги В. Јовановски добила задача
да ги уништува окупаторските квислинзи. Во едно поголемо судрување со балистички
фашистички банди, кај Галиник, на 15.V.1944 година Ѓорги загинал.
15 Мај 1944 година
Ѓоргиевски Петров Сотир
Сотир Ѓоргиевки е роден во Битола на 20 мај 1921 година.По завршувањето на
основното училиште се определил да го изучува шивачкиот занает, па така занимањето
му било шивач. Идењето на окупаторот во 1941 година исконски не го прифатил.
Уште во 1941 година фашистичките сили го заробиле и го осудиле на смрт.Меѓутоа
поради разни околности бил стрелан дури на 15.V.1944 година.
Мај 1944 година
Стерјевски Михајло Ѓорги-Џоџа
Џоџа, келнерот, како што е познат меѓу неговите современици, е роден во Битола
1923 година. Работел како келнер. Рано бил примен за член на СКОЈ, а подоцна
и за член на КПЈ. Во НОБ учествувал уште од 1941 година и тоа доста активно.
Бугарската полиција во март 1943 година го затворила една недела по кое го интернирала
во Ксанти, Грција. Се до интернирањето на Џоџа соработувал со Ѓорги и Стив Наумов,
Васко Пурино, Боримечка, Сотир Ангелевски (со него и бил интерниран во Ксанти),
Славко Лумбарковски и други.
Со интернација се вратил во јануари-февруари 1944 година и веднаш се приклучил
кон НОВЈ, т.е. кон Првата македонска бригада. Во борбите со една фашистичка
заседа кај село Велмеј, Охридско во месец мај 1944 година Џоџа келнерот загинал,
откако елиминирал петмина непријатели.
4 Јуни 1944 година
Јорго Н. Османли - Османо
Роден е во Битола на 14 мај 1923 година. Учел во битолската гимназија, каде
бил дружељбив, скромен и срамежлив, бил сакан од сите соученици.Во 1940 година
станал член на СКОЈ. За време на окупацијата неговиот стан служел за печатење
на билтени, во кои тој земал активно учество. Бил затворен, но полицијата не
успеала да дознае ништо од него. Во 1943 година се приклучил кон НОВЈ и вршел
должност на бригадирско-медицински персонал. Во својство на борец-лекар Ѓорги
покажал хуманост и храброст. Загинал на 4 Јуни 1944 година во Кавадарско во
борбите против бугарската окупаторска власт.
6 Јуни 1944 година
Палигора Јанко
Јанко Палигора е роден на 20 Март 1920 година во Битола. Уште како ученик во Гимназијата бил во контакт со Стив со кого соработувал. Кусо време престојувал во Крагуевац, а по враќањето во Битола не сакал да оди во бугарската војска. Заминал во Бор, а потоа во една провокација бил ликвидитан на 6.VI.1944 година.
8 Јуни 1944 година
Формирање на Првата народноослободителна бригада
Низ крвавите и жестоки битки изникнаа јуначките бригади. Така на 8 јуни 1944 година во селото Локов, Струшко, била формирана Првата Македонска народноослободителна ударна бригада од македонските батаљони, кои дотогаш се бореа во составот на прославената Прва Македонско-косовска ударна бригада.
Двата косовски батаљони оформиле посебна косовска бригада.
Во борбите кај Богомила, Никодин, Дебарце, Галичко и Малесија борците на бригадата покажале примерна храброст. Меѓу нив имало и борци од Битола и битолско.
9 Јуни 1944 година
Никола Љачевски- Коле Љачето
Потекнувал од работничка фамилија. Роден е на 27 Март 1923 година во Битола. Во Битолската Гимназија завршил IV клас. Од пред 1941 година бил член на СКОЈ. Пренесувајќи разни писма бил фатен во село Лажец, но во одсуство на докази бил пуштен.
Наместо да замине во бугарската војска заминал за партизани, на 3 Септември 1943 година на дваесетгодишна возраст.
Во борбите се покажал добар борец. Загинал на 9 Јуни 1944 година во планината Бистрица, кога бил на мртва стража, како борец на Првата македонска ударна бригада.
Јуни 1944 година
Димовски Алексов Миле
Димовски Миле е роден во село Канино на 2 Август 1944 година, во бедна многучлена земјоделска фамилија. Уште пред народната револуција Миле се истакнал во селото како прогресивен младинец, а во текот на окупацијата бил мошне активен. Тој уште во 1942 година станал член на СКОЈ во селото и како таков активно работел. Неговата дејност била забележана од окупаторот кој во 1942 година го уапсил и затворил. Меѓутоа, Миле успеал да избега од затвор и му се приклучил кон Одредот „Даме Груев“. Додека бил во одредот неговата куќа била секогаш отворена за партизаните.
Во една борба со контрачетниците во месноста „Беџак“, Велушка планина, во 1944 година Миле загинал во месец јуни.
22 Јули 1944 година
Д-р Трифун Пановски
Роден е во село Буф, Леринско, на 1.II.1912 година. Заедно со родителите се преселил во Битола. Тука се школувал во Битолската Гимназија во која и матурирал во 1932-1934 година. Во Белград студирал Медицински факултет на кој и дипломирал. Како студент бил секогаш присутен во манифестациите, демонстрациите, агитациите против тогашниот режим.
Трифун станал член на КПЈ во времето на окупацијата. Од Ниш, каде работел како лекар, се вратил во Битола и веднаш активно се вклучил во Народноослободителното движење.
Прибирал „црвена помош“, санитетски материјали, оружје, храна, муниција и друго. Окупационата власт на 20.IV.1942 година го затворила. Немајќи конкретни докази Трифун излегол од затвор на 22.VIII.1943 година.
По налог на Партијата, есента 1943 година заминал во НОВЈ. Во првата македонска бригада бил бригадирски лекар, а покрај тоа и борец.
Летото 1944 година во селото Буринец, Трифун Пановски загинал од експлозија од мина.
22 Јули 1944 година
Николовски Ристов Никола - Коле Канински
Коле Канински е роден на 18.I.1914 година во село Канино. По занимање бил правник. Се истакнал уште во предвоена Југославија како студент со своите прогресивни комунистички агитации (на изборите) и дејност. Бил член на КПЈ, а во 1940 година и член на МК-КПЈ-Битола. На теренот бил многу популарен. Поради својата револуционерна активност во време на окупацијата бил неколкупати затворен, а на 6.IX.1942 година се приклучил кон партизанските единици. По формирањето на Одредот „Гоце Делчев“ станува негов командант. Непосредно пред ослободувањето Коле загинал при испробувањето на минофрлач на 22.VII.1944 година како политички комесар на Првата македонска-косовска бригада, кај селото Буринец (Караорман).
25 Јули 1944 година
Спирковски Ј. Велко - Таше
Роден е на 22 Ноември 1925 година во Битола. Се школувал во битолската гимназија. Кон крајот на 1941 година Таше станал член на СКОЈ. Во наредниот период тој бил активенм ушествувал во акциите за растурање на летоци, демаскирање и бојкотирање на сите акции спроведени од младинските фашистички организицаии „Браник“, „Легионер“ „Отец Паисиј“ и други.
Пролетта 1944 година се приклучил кон втората македонска ударна бригада. Тука се борел и како борец бил примен за член на КПЈ.
Во борбите против против бугарските окупаторски сили, пушкомитралезецот Таше загинал, кај село Радња, Кавадарско, на 25 Јули 1944 година.
2 Август 1944 година
Делегати од Битола на првото заседание на АСНОМ
Партиската организација и НОО во Битола и битолско. Покрај секојдневните проблеми што ги имале во текот на борбите успеале на своето подрачје да извршат подготовки за избор на претставници на АСНОМ, т.е. Првиот македонски парламент. На првото заседание на АСНОМ кое се одржало на манастирот „Прохор Пчински“ на 2 август 1944 година од Битола претставници биле следните лица: Д-р Кирил Миљовски, ветеринарен лекар од Битола; Вангел Чукаловски, командант на I -та бригада Битола; Богоја Фотев, земјоделец од село Бистрица; капетан Коста Јашмаковски, началник на штабот на III-та бригада -Битола; Петар Стојанов Манговски, адвокат од Битола; Васил Карангелевски, заменик командант на V-та бригада-земјоделец од село Брусник; Нафи Сулејман, земјоделец од Битолско; Лилјана Чаловска, студентка од Битолско; Илија Илиевски, адвокат од Битола.
Од нив во Президиумот на АСНОМ биле Богоја Фотев и Лилјана Чаловска.
10 Август 1944 година
Формирање на Седмата бригада
По донесувањето на историските решенија на Првото заседание на АСНОМ во Македонија набрзо биле формирани повеќе воени единици меѓу кои и прочуената битолска Седма бригада. Таа била формирана над село Зборско, а во нејзиниот состав биле и борци од Битола и Битолско.Седмата бригада која подоцна била во составот на 49 југословенска дивизија имала бројни судири со непријателските германски единици кои се повлекувале од Грција преку Битола и Битолско. Такви борби воделе на 14 септември, 20 септември, ноќта меѓу 21 и 22 септември. На другиот ден батаљоните од седмата бригада го нападнале германскиот воен магацин сместен во близината на Цапарски мост. Овој магацин им служел на германските единици за снабдување со бензин и други материјали. Магацинот бил солидно обезбеден и чуван. Борците со фашистичките сили воделе околу 3 саати борба во кои успеале да запалат еден дел од складовите и бараките. Борбите биле обновени и истата вечер. При тоа неколку руски заробеници биле ослободени кои што веднаш се приклучиле кон НОВ.
10 Август 1944 година
Лалев Коле Јован - Алкаро
Јован Лалев е роден 1925 година во Битола. Уште како малечок останал без татко. По завршувањето на основното училиште се запишал во Гимназијата, но поради немање на материјални средства ја посетувал до III клас (VII оддление). Во време на окупацијата се зачленил во младинската фашистичка организација „Браник“. Меѓутоа, благодарение на свесните младинци кои му ја уочиле неговата заблуда Лалев ја напуштил оваа фашистичка организација. Во куќата на Лалев живееле членови на КПЈ и СКОЈ, а кога во јуни оваа куќа била провалена Лалев се придржува кон прогресивните, т.е станал борец на Одредот „Гоце Делчев“.Зел учество во многуте борби и политички акции на одредот. Станал дури и штабски курир, а подоцна бил префрлен во седмата бригада. Во борбите што ги водела бригадата тој не само што зел учество туку истовремено бил и еден од најхрабрите нејзини борци, а во една таква поголема акција кај Кајмакчалан Лалев Јован загинал на 10.VIII. 1944 година.
24 Август 1944 година
Гаштевски Николов Лазе
Лазо Гаштевски (Которски) е роден во јануари 1913 година во селото Долно Котари, Леринско, Егејска Македонија во многучлено селско- земјоделска фамилија. Во Бистрица се населил во 1925 година. Основно училиште завршил во Крстоар, работел како земјоделец, се оженил 1931 година и имал две деца. Рано ја презел грижата за целата фамилија зошто татко му заминал на печалба. Во стара Југославија бил земен на вежба во 1940 година, каде го затекнала окупацијата, т.е. бил заробен но успеал да избега од Германците. Уште од почетокот на НОБ Гаштевски, како член на КПЈ, ја подржувал и активно работел. Во септември 1942 година бил затворен од бугарската полиција, а подоцна и осуден на 15 години затвор. Во скопскиот затвор бил затворен се до пролетта 1943 година, а потоа во Горна Џамаја каде работел во рудник. Заедно со уште 30 затвореници Гаштевски избегал од затвор и се приклучил во Третата македонска ударна бригада. Како борец водел борби низ Мариово, Кајмакчалан, Егејска Македонија и Дебар. При борбите кај рудникот Лојане, Прешево, Гашевски загинал.Тоа било на 24 август 1944 година.
25 Август 1944 година
Николовски Јотев Пандил
Пандил Николовски потекнува од село Велушина. Роден е на 25. VI. 1914 година во земјоделско семејство, а и самиот се занимавал со земјоделие.Како и сите негови врсници на подрачјето на II реон, така и Пандил на 15.VI.1944 година кога биле водени жестоки борби со бугарско-германските сили, стапил во НОВЈ, односно во редовите на Седмата македонска бригада. Во борбите што ги водела оваа бригада Пандил зел учество, но рано на 25.VIII.1944 година при еден јуриш на една од бугарските погранични караули на Кајмакчалан, Пандил бил покосен од непријателски куршум.
25 Август 1944 година
Нахмијас Ј. Мордо
Роден е на 7.II. 1923 година во Битола. По занимање бил работник. Долго време живеел во Белград, а во 1941 година се вратил во Битола. Истата година станал член на КПЈ, а неговата куќа станала илегален стан за многуте борци, како Стив, В. Ацева, В. Прке-Сермен и други. Во 1942 година заминал на партизанските единици, т.е во одредот „Даме Груев“, а подоцна и во Третата македонска бригада. Загинал како командир на батаљонот во борбите што ги водела Седмата бригада на Кајмакчалан на 25.VIII.1944 година.
28 Август 1944 година
Темелковски Илиев Ристо
Роден е во село Велушина на 1 април 1919 година. Во текот на НОБ беше активен учесник и соработуваше со партизаните до конечното ослободување на земјата. Знаеше за се што се случува во селото како и во околината на селото, така и подалеку од Битола, односно цела Југославија. Добро ги познаваше првоборците Вангел Тунело, Коле Канински и други, зошто истите оделе дома кај брат му. Тука спиеле, јаделе, се договарале и слично. Значи Ристо многу добро знаел каква улога играл неговиот постар брат за време на НОБ. Инспириран од таквите патриотски идеи на брат му, тргнал и тој по неговите стапки. Излегол во партизани на 17 август, веднаш кога избегал од бугарската војска. Зошто тој само пред дватринаесетина дена бил земен да служи војска кај Бугарите. Веднаш по бегањето од бугарската војска отишол во село Раково (Егејска Македонија) во штабот на партизаните и оттаму заминал на Кајмакчалан. После, при враќањето назад, оделе по грчката граница и ги палеле караулите со ред и запленувале оружје, муниција, храна и сл. Кога дошле во Раково им било соопштено дека божем требало да се преговара со Бугарите за примирје, зошто се слушнало дека Бугарија ќе капитулира. Меѓутоа, Бугарите нападнале на Драгошката караула. Се развила борба. Во таа борба херојски загина и Ристо на 28 август 1944 година. Оставил две деца, едно родено, а другото се родило после неговата смрт, кое живеело 9 месеци и умрело. Додека пак постарото дете го изгледал брат му Атанас, го пораснал и оженил и сега се наоѓа во Австралија. Мајка му на децата се омажила уште во 1946 година. Инаку Ристо бил доста интелигентен, бистар и одан кон својата земја. Бил голем патриот.
Август 1944 година
Крсте Нале
Роден е во Битола на 26 јули 1926 година и се школувал во Битола. Во гимназијата учел до VII клас и бил одличен ученик.Како прогресивен станал член на СКОЈ и активно работел. Бугарскта полиција го уапсила, а по извесно време го ослободила. Во НОВЈ (Седмата бригада) заминал во месец јули 1944 година,а во борбите на Кајмакчалан, каде се борел со борците од Седмата бригада, загинал.
Август 1944 година
Акциите на 7-та Бригада и загинувањето на Естреја Овадија Мара
Набрзо по формирањето на Седмата македонска бригада биле превземани вооружани акции во Мариово. Бригадата ги нападнала бугарските фашистички воени единици во селата Старавина и Градешница кои морале да избегаат од овие села. Потоа Бригадата презела низа напади на пограничните бугарски воени караули. Бил предвиден напад и на бугарското шумарство (лесничејство) каде биле сместени околу 30 бугарски војници, 7 шумари, десетина контрачетници. Батаљонот што извршил напад запленил оружје, муниција, а фашистите дале многу жртви. Била нападната и караулата што се наоѓала во близината на капелата на Кајмакчалан. Тогаш загинале Естреја Мара, Лалевски Јован, Крсте, Нале, Николовски Пандил и Мордакај Нахмијас - Лазо.
Биле извршени напади и на други караули над село Живојно до село Драгош.
Со овие напади на Седмата бригада и успехот на повеќето од нив наполно бил уништен граничниот одбранбен систем на политичката југословенско-грчка граница.
Август 1944 година
Спасевски Талев Ристе
Спасевски Ристе е роден во село Каноно 1925 година. Потекнувал од бедно печалбарско семејство. Кога неговиот татко заминува на печалба во странство, Ристе останал сам со својата мајка и недоволно возрасен ги земал татковите волови и плуг за да работи и да ја прехранува својата фамилија. Ристе не останал отстрана од општото антифашистичко движење што било мошне раширено во селото. Рано станал член на СКОЈ, а воедно покрај задачите што ги исполнувал како скоевец, неговата куќа служела како илегален стан за многу видни револуционери од Битолско. Поради тоа, тој, особено неговата мајка, била малтретирана. Во април 1943 година Ристе им пристапил на ПОЈ. Бил член на одредот „Гоце Делчев“ и зел учество во борбите и акциите на одредот. Во август 1944 година во една борба против непријателските сили загинал кај село Љубојно, Ресенско.
Август 1944 година
ВМРО-вците во Битола и нивните акции
Додека партизанските и другите единици на НОВЈ во Македонија и Битолско вршеле големи воорушени акции, во исто време една група, т.е ВМРО-вци се обидувале да се активизира особено да најде приврзаници меѓу населението во Битолско. Така на пример ВМРО-вците ги посетиле селата Добромири, Новаци, Дедебалци, Трап и други каде се обиделе да го организираат населението, но никаде не наишле на подршка. Во ова време ВМРО-вците во Битола почнале се почесто да се состануваат и станале мошне активни. Еден од нивните состаноци се одржал кај Д-р Туџаровски на кого присуствувале Димко Василев, Туџаровски, Светиев, Цане Костов и други.
ВМРО-вците од Битола ја прошириле својата активност во Мариово и Битолското поле. Меѓутоа, нивните приврзаници биле истовремено и агенти на бугарската власт, па населението не ги прифаќало.
Август 1944 година
Формирање на НОО за неколку села со центар во Ѓавато
Во месноста „Шабанови ливади“ во август 1944 година бил одржан голем народен собир на кого зборувал Трајче Грујоски. На собирот присуствувале 150-200 души од Ѓавато и уште неколку од соседните села Маловиште, Кажани, Доленци, Гопеш, Рамна и Лера. По говорот на Грујоски присутните избрале НОО со седиште во Ѓавато.
НОО покрај редовното снабдување на НОВ со храна. материјали, извештаи и сл. спровел во почетокот на септември мобилизација на сите лица на возраст од 18-40 години.
1 Септември 1944 година
Славко Лумбарковски
Роден е на 30 март 1922 година во Битола каде се и школувал. По матурирањето студирал право во Белградм а потоа земјоделски факултет во Земун. Уште како гимназијалец и студент станал антифашист. Во времето на окупацијата Славко ја продолжил својата активност, заради кое бил интерниран. По враќањето во Битола заминал во единиците на НОБ. Тука заземал раководно место. Пред да загине, на 1 сепрември 1944 година, бил заменик политички комесар на Првата македонско-косовска бригада.
4 Септември 1944 година
Николовски Василов Пандил
Пандил е роден во 1908 година во село Канино. Уште како дете останува сираче, без мајка и татко, па се прибрал во куќата на својот вујко. По занимање бил земјоделец. За време на окупацијата станот на Пандил е често посетуван и живеалиште на илегални партиски работници. Пандил станал член на КПЈ, така што во април 1943 година доброволно се приклучил во НОВЈ, односно бил во составот на одредот „Гоце Делчев“. Непосредно пред ослободувањето на 4 септември 1944 година Пандил загинал во борбите во близината на своето родно село.
4 Септември 1944 година
Бојаџиев Михајло
Роден е на 6 март 1913 година во Лерин. Посоцна живеел во Битола, каде се школувал во Битолската гимназија. Уште тогаш Бојаџиев пројавил интерес кон литература па и сам пишувал. Потоа студирал како вонреден студент на Вишата железничка школа во Белград, а после бил поставен за службеник во Сомбор, каде го затекнала војната и окупацијата на Југославија. Во тие тешки моменти Бојаџиев илегално работел за НОВ, а од 1944 година зел активно учество во Револуцијата. Неговите способности го истакнале за команндант на Деветтата македонска бригада. Во едно поголемо судрување со бугарската окупаторска војска Бојаџиев загинал кај селото Стрмашево, Тиквешко, на 4.IX.1944 година.
6 Септември 1944 година
Кочо Палигора
Кочо Палигора се родил на 23.IX.1923 година во Битола. Учел извесно време во Битолската гимназија, а потоа работел како трговски помошник. Во август 1944 година се приклучил кон единиците на НОВЈ. Стапил во редот на борците на VII-та бригада. Во една борба на 6.IX. 1944 година кај селото Шурленци, Преспа, Кочо Палигора загинал.
6 Септември 1944 година
Бегството на политичките затвореници од Битолскиот затвотр кај „Црн Мост“
Непосредно пред капитулацијата на фашистичка Бугарија преку партиски врски од село Лавци, Крсте Марковски - Кицо и Аце Ристевски уфрлиле оружје во битолскиот затвор. Оружјето, според планирањето, било наменето за политичките затвореници кои подготвувале бегство од затворот. Согласно планот на затворените Крсте Марковски - Кицо бил определен за водач при бегството. На 6.IX. 1944 година планот за бегство на затворениците им успеал, т.е. тие го напуштиле затворот во кого биле во претходните години извршени смртни пресуди над членови на КПЈ. Затворениците по ослободувањето се приклучиле кон единиците на НОВј што дејствувале во Битолско.
6 Септември 1944 година
Најденовски Милев Јосиф
Најденовски Јосиф потекнува од земјоделска фамилија од село Братиндол. Се росил на 23 август 1924 година. Завршил IV одделение, а потпа се занимавал со земјоделие. Уште како младинец го симпатизирал движењето и борбата против фашизмот, а на 29.VIII.1944 година доброволно и пристапил на НОВЈ. Јосиф станал борец на Седмата бригада и зел учество во борбите против непријателските сили. На 6. IX. 1944 година односно осум дена по стапувањето во бригадата, кај селото Шурленци, Ресенско, во борбата што ја воделе со бугарските воени единици, Јосиф бил убиен од непријателите.
7 Септември 1944 година
Ристевски Николов Стојан
Ристевски Стојан е роден во битолското село Долно Егри на 14 мај 1914 година. Како и сите негови врсници, Стојан се занимавал со земјоделие. Во единиците на НОВЈ стапил на 25.VIII. 1944 година, како борец на Деветтата македонска бригада. Во една ненадејна средба со бугарските војници, непосредно пред капитулацијата на фашистичка Бугарија, на 7 септември во селото Горно Егри Стојан загинал.
8 Септември 1944 година
Мариовски Јанко
Мариовски Јанко потекнува од битолското село Маловиште.Во селото бил познат како трудољубив и скромен. За време на окупацијата имал нетрпеливо држење кон окупаторот. Во составот на НОВЈ стапил на 1 септември 1944 година. Бил борец во редовите на Седмата македонска бригада. Само една недела по приклучувањето кон НОВЈ, Јанко, во борбите што ги водела бригадата кај село Љубојно, Преспанско, загинал. Тоа станало на 8 септември 1944 година.
9 Септември 1944 година
Брбевски Секулов Сотир
Брбевски е од село Лавци. Роден е на 15.XI.1914 година. По занимање бил кондураџија. Всушност, по окупацијата, Брбевски, како член на КПЈ, се приклучил во општата антифашистичка борба против окупаторските сили. Во есента 1942 година им пристапил на единиците на НОВЈ и зел учество во многубројните борби што ги воделе партизанските одреди, особено на „Гоце Делчев“ на кого тој и му припаѓал.Подоцна, истакнувајќи се во борбите, бил назначен за командант на бригада. Во борбите за ослободување на Прешево, Брбевски загинал на 9.IX.1944 година.
9 Септември 1944 година
Капитулација на Бугарија и нејзината војска во Битола
По капитулацијата на фашистичка Бугарија во Битола на 9 септември 1944 година два германски батаљони од 297-та дивизија успеале по кус и лесен отпор да ја разоружаат V бугарска армија, која била стационирана во битолската касарна и некои воени установи.
Во градот по овој настан и натаму управувал стариот апарат на власт кој соработувал со Германците. Бугарски видни лица од времето на окупацијата ја користат нестабилната положба и бегаат од Битола во Бугарија. Други пак, останале и натаму во градот до ослободувањето. На некои од нив им било судено, а други кои не си ги извалкале рацете со крв народната власт ги пуштила слободно, да сотанат или да си одат. Скоро никој не останал, сите заминале од таму од каде што и дошле.
10 Септември 1944 година
Стојчевски Јованов Пандо
Пандо Јовановски е роден во битолското село Барешани на 10.V.1922 година. По завршувањето на основното училиште останал во селото и се занимавал со земјоделие. Во време на окупацијата Пандо ја симпатизирал и помагал НОВ. Кон партизанските одреди, кои активно дејствувале во Битолско во 1943 година, Пандо се приклучил во 1943 година. По формирањето на поголеми воени единици - бригади, Пандо бил вклучен во Десеттата македонска бригада. Кога оваа единица на НОВЈ водела борби со германските единици за Прилеп, т.е. препречувањето на армиската група „Е“, што се повлекувала од Грција, во една жестока борба на 10.IX.1944 Пандо загинал.
17 Септември 1944 година
Врчковски Тасев Митре
Врчковски Митре потекнува од село Цапари. Роден е во земјоделско семејство на 11 октомври 1921 година. Како антифашист Митре припаѓал во батаљонот „Христо Богоев“. Во борбите што ги водела единицата, на која и припаѓал и Митре, кај Крива Паланка на 17 септември 1944 година Врчковски Митре бил покосен од непријателското оружје.
17 Септември 1944 година
Китановски Николов Трајан
Китановски Трајан потекнувал од средно имотно семејство.Се родил на 4.X.1923 година. По занимање бил земјоделец. Бил буен карактер и силен младинец. Кога го мобилизирала окупаторската власт, Трајан бил оженет и имал дете. По 9 септември се пријавил во собирниот центар за Македонците во Софија ( Бригадата „Гоце Делчев“ ) и и се ставил на располагање на командата на таа наша борбена единица. За време на еден одмор во воениот логор, на некој негов соборец му се откажил пушкомитралезот и при тоа Трајан загинал. Тоа станало на 17.IX.1944 година.
22 Септември 1944 година
Костовски Ивановски Василев Коста
Коте, како што го викаа неговите соселани Коста, е роден на 15 мај 1921 година и потекнува од едно имотно земјоделско семејство. Своето образование ( до IV одделение ) го завршил во местото односно во месното селско училиште. Партизаните го наговорале и тој ги помагал нив. Се така до 1942 година. Тогаш бил повикан како регрут во бугарската војска и служел во Софија. Конечно по капитулацијата на фашистичка Бугарија на 9.IX.1944 година се приклучил кон новооформената бригада „Гоце Делчев“, формирана од Македонците во бугарска униформа. Но, не тргнал во Македонија да биде еден од илјадниците ослободители на македонскиот народ. На 23.IX.1944 година во Софија Коте и еден Ѓаваштанец биле прегазени од борбена кола. Коте наместо подлегнал на задобиените рани. Неговите посмртни остатоци се пренесени во Софија.
31 Септември 1944 година
Марковски Јанев Александар
Александар е роден во бедна селска фамилија во село Брод на 8.XI.1923 година. Се школувал до четврто одделение, а потоа ги чувал овците и бил земјоделец. Во време на окупацијата Александар бил земен во бугарската војска. По капитулацијата на Бугарија бил приклучен кон бригадата составена од македонци, во бугарската армија и политичките затвореници и слично во Бугарија која го носела името „Гоце Делчев“. Стигнувајќи во Македонија Александар бил одреден во XXI македонска бригада-трета чета. Во Струмичко групата на Александар водела борби со германските сили. Кога стигнале во село Сушево, Александар се пријавил меѓу другите доброволци за заседа на патот Струмица - Радовиш, а зел учество и во борбата. Потем на 31 септември 1944 година, во еден ненадеен напад од страна на германските сили Александар бил убиен во село Сушево, Струмичко.
Септември 1944 година
Формирање на Општински НОО во II реон
По капитулацијата на фашистичка Бугарија во сите села на територијата од Вториот реон биле формирани народноослободително одбори. Овие одбори биле новата народна власт кои имале мошне широки кометенции. Тие се грижеле за спроведување на мобилизацијата, за материјалните потреби на војната, за решавање на сите внатрешни проблеми во селата и слично. Како помош во оформувањето на НОО на територијата на Вториот реон дошле Димитар Каранфиловски од Битола и Јосиф Неделковски - Ноне од село Лавци. Тие во ова време во својство на инструктори одржале со комунистите состанок на кого донесле заедничко планови во врска со изборот на одборници на НОО. Така НОО на демократски начин се избрале во Олевени, Барешани, Канино, Велушина, Граешница, Драгош, Лажец, Породин, Жабјани, Бистрица, Буково, Злокуќани, Кишава, Кравари, Крстоар и Острец.
Од некои одборници на НОО во Вториот реон бил формиран Општински НОО. Во него влегле; Гецовски Спасе и Ѓецовска Донка од село Породин, Даутовски Даут од село Лажец, Ќулаковски Нури од село Острец, Макревски Коста од село Граешница, Пачевски Јован од село Драгош, Темековски Атанас и Трпеновски Ордан од село Велушина.
Претседател на Општинскиот НОО бил Атанас Темелковски, а секретар Јован Пачовски.
Септември 1944 година
Формирање на Општински одбор на ЕНОФ во Втори реон
Освен грижата за основите на органите на народната власт, партиските ќелии и СКОЈ-евски организации Општинскиот комитет на КПЈ за Вториот реон пројавил мошне голема активност во формирањето на општополитичката организација Единствен Народноослободителен Фронт. Преземената активност вродила и со плод. Имено набрзо биле формирани одбори на ЕНОФ во селата Барешани, Велушина, Граешница, Драгош, Жабјани, Канино, Лажец, Олевени и Породин.
Со сите месни одбори на ЕНОФ раководел Општинскиот одбор на ЕНОФ со центар во село Велушина. Во него влегувале следните лица; Димитровски Сотир, Димовски Иљо, Костовски Јован, Лисовски Лазо, Лулевски Насе, Миновски Пецо, Мишевски Иван, Петровски Крсте и Чикаровски Димко.
претседател на Општинскиот одбор на ЕНОФ бил Пецо Миновски, а секретар Лулевски Насе.
Септември 1944 година
Формирање на АФЖ во Вториот реон
Паралелно со формирањето на ЕНОФ во селата на територијата на вториот реон била преземана и активност во формирањето на селски одбори на Антифашистичкиот Фронт на жените или скратено АФЖ. Такви селски одбори во текот на септември биле формирани во следните села; Барешани, Велушина, Граешница, Драгош, Жабјани, Канино, Лажец, Олевени и Породин.
Меѓутоа, Општински одбор на АФЖ не бил формиран. Тоа доаѓало оотаму што АФЖ т.е месните одбори по селата биле раководени од Околискиот одбор на АФЖ, Битола како и од партиските келии во селата.
АФЖ во овој период мошне многу бил активен. Скоро редовно подготвувал исхрана, облека и слично за борците кои биле многубројни и без магацини и резерви на храна и облека. Сето тоа го надокнадувал Антифашистичкиот фронт на жените во кого биле вклучени сите возрасни девојки и жени.
Септември 1944 година
Формирање на Општински комитет во Вториот реон
По инструкции на Партијата Димитар Каранфиловски извршил низа подготовки за основање на Општински комитет на МК КПЈ за Вториот реон. Тој Комитет се состоел од 9 члена и тоа;
- Бандушевски Блаже од с. Лажец
- Димовски Иљо од с. Барешани
- Димитровски Сотир од с. Жабјани
- Костовски Јован од с. Канино
- Лисовски Лазо од с. Олевени
- Лулевски Насе од с. Породин
- Миновски Пецо од с. Драгош
- Петровски Крсте од с. Велушина и
- Чакаровски Димо од с. Граешница.
Впрочем, сите лице биле секретари на партиските келии во нивните места. За секретар на општинскиот комитет при МК КПЈ за Битола и околијата бил Насе Лулевски од село Порој. Главна грижа на Општинскиот комитет била правилната работа на партиските келии по селата, одржување контакти со нив и МК КПЈ за Битола и сл.
Септември 1944 година
Формирањето на Општинскиот комитет на СКОЈ во Втори реон
Во првата половина на месец септември бил формиран и Општински комитет на СКОЈ во подрачјето на Втори реон. Него го сочинувале следните млади комунисти;
- Лазаровска Донка од село Олевени
- Новачевска Ѕвезда од село Породин
- Чкоровска Коца од село Лажец
Членовите на Општинскиот комитет на СКОЈ ја поделиле меѓусебно територијата на Втори реон со цел поуспешно да ги спроведуваат задачите на СКОЈ. Со помош на СКОЈ-евците ( што ги имало вкупно 70 ) од Вториот реон членовите со успех ги извршувале катадневно поставените задачи.
Септември 1944 година
Борби на Дервен меѓу Седмата бригада и Германската армиска група „Е“
Германските војнички сили при крајот на 1944 година биле во незаведна ситуација. насекаде на фронтовите тие губеле. Особено тешка била положбата на германските воени сили што се наоѓале во Грција ( армиската група “Е’). Планот на германските генералу (Шајерлан, а подоцна и Ланц) бил пробивање преку Битола, Прилеп, Градско и тн. Меѓутоа, по ослободувањето на Прилеп ( 10 Септември) Германците биле принудени да го менат правецот на повлекување, т.е да одат на патот Битола - Охрид. Тогаш на планинскиот превој Дервенот тие биле пречекани со ударите на Седмата бригада. Тука биле на повеќе пати 17.IX, 20.IX. , 22,IX., 23.IX. водени борби во кои Германците претрпеле загуби во луѓе и материјали.
Септември 1944 година
Формирање на АФЖ во село Лавци
Паралелно со општите успеси на НОВЈ и КПЈ во 1944 година во село Лавци во текот на септември истата година бил формиран Антифашистички фронт на жените. Покрај другите активности, членките на АФЖ од село Лавци решиле да направат големо црвено знаме и да извезат срп и чекан на него. целта им била штом ќе биде ослободена Битола да слезат во градот со знамето. Така и направиле. Имено, откако купиле материјал за знамето и коприна за везење на симболите, отпочнале со работа. Освен тоа, како во сите села, така и во лавци, членките на АФЖ подготвувале храна и облека за борците. претседател на АФЖ во лавци била Анча Ристевска.
Септември 1944 година
Тодоровски Грозданов Раде
Раде Тодоровски е роден во село Канино. По занимање бил земјоделец, а потекнувал од мошне сиромашна земјоделска фамилија. Уште како дете ги пасел селските говеда. Раде прифаќајќи ја Народната револуција, како член на СКОЈ, во 1943 година во илегалната работа бил откриен од бугарската полиција и затворен. Несакајќи да биде тормозен Раде ризикувбајќи го животот успеал да избега од затвор и да му се приклучи на одборот „Гоце Делчев“.
Потчинувајќи и се на Партијата Раде се вратил во родното место за да работи како позадинец. Меѓутоа, тој бил откриен од полицијата и во близината на село Жабјани тој извршил самоубиство.
Септември 1944 година
Томаки Димитровски
Томаки е роден во Битола на 1 септември 1922 година. набрзо ги увидел спротивностите што постојат меѓу луѓето во градот, па уште како ученик на V клас на Гимназијата, станал член на воспитна група во Гимназијата, која кон 1939/40 учебна година прераснала во СКОЈ-евска група, чиј секретар станал Томаки.
Покрај работата во СКОЈ тој се покажал доста активен во литературната дружина.
настапила окупацијата. Томаки останал и натаму раководел на групата, која со мали измени на членството ја продолжила борбата во нови услови против нови окупатори. Зголемената активност на Томаки против окупаторската власт го уследила и неговото апсење и осудување на доживотен затвор. Робијата ја издржувал во затворот Идризово. Кога во 1944 година насекаде фашистичките сили и власт претрпеле неуспех и слом, Томаки бил ликвидиран од страна ба бугарската фашистичка полиција во селото Оморани, Скопско
Септември 1944 година
Нико Фундали
Нико Фундали е роден во Битола на 6 јануари 1925 година. Се школувал во родното место каде завршил IV клас на Гимназијата. Доста рано се приклучил кон редовите на револуционерна младинам а нешто подоцна станал и член на КПЈ.
Во пролетта 1944 година доброволно и пристапил на НОВЈ, односно се приклучил кон Втората македонска бригада. Во полетокот на месец септември 1944 година во една борба бил тешко ранет, а потоа починал од здобиените рани во партизанската болница на планината Кожуф.
Септември - октомври 1944 година
Формирање на известителна служба
Уште со самиот почеток на НОБ партизаните имале известувања од својот народ. Меѓутоа, непосредно пред ослободувањето на Битола, во градот била организирана известителна служба во која оние што работеле носеле псевдоними како на пример: 0,22 - Костра Пантазиевски, 0,44 - Благоја Спанаковски, Ц-92- Веле Лозановски, Цуцуло - Иракли Зози, Сотир - Борис Алтипармаковски и др. Известителната служба во Битола мошне многу допринесла за олеснување на завршените операции не само во Битола и Македонија, туку и за сојузните војски.
2 Октомври 1944 година
Мицковски Наумов Христо
Мицковски Наумов христо е роден во 1926 година во Битола. Завршил основно училиште, а потоа го изучувал кондураџискиот занает. Како граѓанин од помладата генерација го симпатизирал прогресивното и антифашистичко движење во градот. Прифаќајќи ја НОБ каљко единствен излез за слобода на својот народ, тој во август 1944 година стапил во единиците на НОВЈ. Бил борец во составот на Седмата македонска бригада. Во борбите што ги водела бригадата на Превалец против германските вони сили, на 2 октомври 1944 година Христо Мицковски загинал.
3 Октомври 1944 година
Кочановски Ристев Борис
Борис е роден во село Цапари на 24 јануари 1923 година. Потекнувал од средно имотно семејство. Како младинец бил многу популарен во селото, бидејќи пеел многу убаво. Пеејќи во кафаната во цапари песна за атентатот на царот Александар како 15-16 годишно момче ги испеал и зборовите што наводно ги рекол атентаторот „Умри тиранину!“. Тоа го чуле жандарите од Кажани, го уапсиле и го претепале толку многу, што еден месец се лекувал во Битола. Кога требало да оди бугарски војник не заминал поради тоа што брат му веќе бил во бугарската армија, но затоа кога седмата бригада минала низ Цапари на 11.IX.1944 година, тој веднаш и се приклучил. По три недели, на 3.X.1944 година во борбите на Дервен загинал погоден од парче мина.
8 Октомври 1944 година
Димовски Спасев Борис
Борис Димовски е роден во Битола 1925 година. Работел како воденичар. Во текот на НОБ го помагал движењето, а во октомври 1944 година се приклучил кон единиците на НОВЈ, .т.е. Битолско- преспанскиот партизански одред. Од напорите што неговиот организам не можел да ги поднесе, се раболел и на 8 октомври 1944 година починал.
Почеток на октомври, 1944 година
Формирање на НОО во село Лавци
После долги тормозења и застрашувања од наметнатата окупаторска власт, селаните од Лавци во почетокот на октомври 1944 година формирале свој орган на власт, т.е. Народноослободителен одбор. Иницијативата за тоа ја дал Милевски Димче - Добри кој на лавлани им дал инструкции, кој можел да биде избран за член на Одборот, функциите на Одборот и сл. На демократски начин со јавно гласање биле избрани следните лица за одборници. Бабамовски Јонче, Дурбаковски Лазо, Констандиновски Ставре, Илковски Богоја, Мајриковски Иљо, Мајриковски Петре и Шапревски Димо.
НОО одржаувал врски со Седмата бригада, Битолско - преспанскиот одред, Димче Милевски - Добри. спроведувал мобилизација, ги снабдувал борците со храна и облека и сл.
11 Октомври 1944 година
Василевски Вангелов Александар
Александар василевски е роден во Битола 1912 година. Откако завршил основно училиште се определил за шивачкиот занает. Окупацијата го затекнала во Битола. Александар - Цане како симпатизер на КПЈ и нејзината борба против окупаторските сили, веднаш п окупацијата воспоставил врски со активистите на НОБ во Битола. Поставените задачи совесно ги извршувал. Во крајот на 1943 година стапил во редовите на НОВЈ и бил вклучен како борец во повеќе борбени единици. Загинал на 11 октомври 1944 година, во борба против албанските квислинзи- балистите.
16 Октомври 1944 година
Танчевски Јованов Методија
Танчевски Методија е роден на 10. VII. 1912 година. од рана младост останал без татко и затоа морал да работи сам за да ја прехранува својата мајка и братот. Во време на окупацијата бил шумар и како таков соработувал со партизаните уште во 1943 година. При крајот на август 1944 година и пристапил на Седмата бригада со која учествувал во повеќе напади на германските сили. Во нападот на една германска моторизирана колона кај месноста „Превалец“ во близината на Горно Српци, методја загинал. Тоа било на 16 октомври 1944 година
18 Октомври 1944 година
Талаковски Вангелов Вјекослав - Векче
Векче е роден во село Цапари 1910 година. Тој е сиромашен селанин, арабаџија и ќумурџија, како што биле сите од неговото семејство. Бил многу весел човек и пријатен во секое друштво. Бил мобилизиран во бугарските трудови единици, но кога дошле на отпуска, по наговор на брачед му Санде, не се јавил на командата туку се поздравил со својата жена и две ќерки и заминал за село Ротино, од каде преку врска на 3 август 1944 година бил испратен во Седма бригада. како борец на истата тој ја водел ударната десеттина при нападот на германскиот логор при Цапарски мост, каде и загинал на 18.X.1944 година.
20 Октомври 1944 година
Одлука за ослобудување на Битола
Главниот штаб на НОВ и ПО за Македонија на 20.X.1944 година донесол важно решение - имено, конечно ослободување на пелагониското подрачје, а воедно и градот Битола. За таа цел бил активиран и XV корпус. Ваквото решение резултира и било во согласност со решението на Врхвниот штаб на НОВ и ПОЈ односно последната наредба од 3.XI.1944 година на Врховниот командант маршалот Ј.Б.Тито, во која покрај другото стои: „Многу е важно што побрзо да бидат заземени Ѓевѓелија, Битола и Дојран...“.
26 Октомври 1944 година
Ристевски Блажев Спасе
Спасе е роден во село Кравари на 25.V.1926 година. Се школувал во село Бистрица каде завршил четврто одделение. Како ученик бил солиден, но немањето на материјални средства го принудиле да остани по занимање земјоделец.
Спасе штотуку се развил во младич, т.е уште на своите 17 години и се приклучил на НОВ, на 15.X.1944 година и бил борец во Петтата македонска бригада. Не минало многу време откако станал борец и Спасе во една борба со непријателските сили во Охрид загинал на 26 октомври 1944 година.
Во знак на неговиот спомен, колективот од Пипераната во село Кравари, му го дала на своето претпријатие неговото име.
29 Октомври 1944 година
Јолевски Димитров Методие
Јолевски Методие е од село Драгош и е роден на 26 мај 1926 година. Се занимавал со земјоделие. Иако од помладата генерација Методие брзо можел да ја сфати суштината на НОБ, зошто имал можност да чуе или чита за целта на партизнаското двење, Кога имал 18 години ја напуштил работата и селото и доброволно се приклучил во крајот на 1944 година кон единиците на НОВЈ. Како борец Методие бил во составот на Петтата македонска бригада. Бригадата водела жестоки борби против германските единици за градот Прилеп. Во тие борби, на 29 октомври 1944 година Методие загинал
29 Октомври 1944 година
Мирчева Ѓорѓи Спасија - Паца
Паца Мирчева е родена во печалбарска фамилија на 3 мај 1923 година во село Барешани, а подоцна со фамилијата си живеала во село Бистрица. Основно училиште завршила во Бистрица, во 1935 година. ПО занимање била земјоделец.
Паца штом станала повозрасна доста прогресивни идеи попримила од својот татко и во мај 1941 година веќе била примена за член на СКОЈ во село Бистрица. Како активистка во селото работела се до 1944 година поради што била примена за члена на КПЈ. Во месец август Паца заминала за партизнаските одреди. Била борец во Осмата ударна бригада која во борбите кај село Тополчани на 29 октомври 1944 храбро загинала.
30 Октомври 1944 година
Цилевски Петар Вангел
Цилевски Вангел е од село Брусник. Роден е на 15.V.1923 година. По занимање бил општ работник во Битола. Уште пред да стапи во редовите на СКОЈ, Вангел илегално ги помагал партизаните, Од 1944 година е член на СКОЈ и на 13 септември истата година доброволно стапил во единиците на Седмата бригада. Во една од многубројните борби што ги водела оваа Бригада против Германците, Вангел загинал. Тоа било на 30 октомври 1944 година кај село Бела Црква, Прилепско, кога од еден рафал на митролез бил погоден во стомакот.
31 Октомври 1944 година
Митревски Пандов Димче - Пандовски
Димче Пандовски е роден во Битола на 10 јули 1920 година. По завршувањето на основното училиште и изучувањето на шивачкиот занает станал шивач.По природа бил многу благ и сакан од своите другари. Прифаќајќи го програмот на КПЈ Димче Пандовски бил примен за нејзин член. Како член на КПЈ Пандовски активно бил вклучен во илегалната работа на НОБ во Битола. По директива на Партијата, во 1944 година, Пандовски стапил во НОВЈ, Петтата македонска бригада. Во борбите за градот Прилеп, Петтата бригада на 31 октомври 1944 година, го загубила својот примерен борец, Димче Пандовски.
Октомври 1944 година
Чамуровски Тодоров Ставре
Ставре Чамуровски е роден 1924 година во село Кукуречани. Како дете се разликувал од браќа му со тоа што потешко му одело училиштето. За да го заврши четиригодишното основно училиште тој одел до својата 15 година. Меѓутоа, како човек и борец бил добар. Се борел во Петтата бригада, а загинал во борбите кај Прилеп. Ставре се наоѓал во првите борбени редови, во некои лозја, каде во октомври 1944 година бил ранет, по што и починал.
Октомври 1944 година
Мијаковски Вангелов Атанас
Атанас е роден во село Добровени на 13 мај 1923 година. По занимања бил земјоделец. Истиот ден кога капитулирала Бугарија, Мијаковски се приклучил кон единиците на НОВЈ. Зел учество во неколку борби, а во една од нив загинал и тоа во октомври 1944 година, кај Страцин, Кумановско.
Октомври 1944 година
Непосредни борби за ослободувањето на Битола
Седмата бригада која останала на теренот од Битолско и во текот на октомври не прекинала со нападите врз непријателските сили. Така имало повеќе напади од кои ги одбележуваме следните:
- 3 октомври: Седмата бригада во борби ги отфрлила две германски колони, извидувачкиот батањон на 104 германска дивизија и др.
- 6-7 октомври: Бригадата во напад кај месноста Превалец уништила 4 камиони од колоната која броела 100 такви.
- 7-8 октомври: Врз колоната од камиони бил повторен напад и во ноќта меѓу 7-8 . ёистоврмено била нападната и друга германска колона кај село Крклино.
- 13 октомври: Еден батаљон на Бригадата нападнала германска воемна единица при село Кажани.
- 29 октомври: Бригадата водела жестоки борби со германските сили кај селата Тополчани и Тројкрсти, германски моторизирани колони и еден оклопен воз. Сите германски сили покрај загубите на човечки жртви и материјали морале да се повлечат кон Битола не можејќи да се пробијат кон Прилеп.
Седмата бригада скоро цело време до октомври останала на подрачјето на Битолско, а нејзиниот штаб се наоѓал во битолското село Гопеш. Командант на Бригадата во ова време бил Лавчанецот Пецо Гудовски.
2 Ноември 1944 година
Атанасовски Митрев Игнат
Игнат е роден во село Ѓавато 1923 година, во многу бедна печалбарска фамилија. неговиот татко бил принуден да оди на печалба во САД, а Игнат уште малолетен заедно со мајка си и сестра си работеле како аргати на туѓи имоти. Притиснат од голиот живот, Игнат бил во средината на попрогресивни младинци и од 1944 година активно ја помагал НОБ.
Од август 1944 година Игнат бил во составот на Деветтата македонска бригада на која и пристапил доброволно. Покрај повеќето борби зел учество и во борбите за ослободување на Прилеп. Тука бил заробен и на 2 ноември 1944 година стрелан од страна на Германците.
4 Ноември 1944 година
Ослободување на Битола
Германските сили уште во октомври сае беа зацврстиле непосредно до село Могила. Тука имале сконцентрира-но околу 100 митролези, 25 минофрлачи, многу камиони, биле ископани и ровови. Фортикациониот систем ја опфаќал линијата Св. Недела - Монополот - Железничката линија - Француски гробишта како и зајакнати пунктови еврејските гробишта, земјоделско училиште и друго.
49-та дивизија на 2 ноември добила задача да ја ослободи Битола. Во градот била воведена опсадна состојба. насекаде имало запречни препреки, ограничено движење и слично.
Н а 3 ноември 1944 година Седмата и Деветтата бригада воделе борби со германските сили стационирани во близината на село Могила. Истиот ден Врховниот штаб ја испратил следната телеграма до Главниот штаб на Македонија: „Потребно е да развиете максимална активност. особено е важно да ги ослободите што побрзо градовите и граничниот појас кон Грција. Да бидат држени сите градови, премини и сообраќајници на границата кон Грција. Да не бидат пуштени ничии групи на наша територија без наше одобрение. Многу е важно да бидат заземенни што побрзо градовите Гевгелија, Дојран и Битола. Тито“
Согласно телеграмата на Тито борците од 49 југословенска дивизија ги засилила своите акции. Така борбата кај Могила продолжила и на 4 ноември, а во предпладневните часови единиците на Седмата бригада на чело со командантот Пецо Гудовски одушевено пречекани од населението влегле во Битола.
Така, по неполна четиригодишна окупација македонските борци го ослободија својот град Битола.
7 Ноември 1944 година
Радосављевиќ Милорад Борислав - Гоце
Гоце е роден на 8 март 1923 година во Битола. Уште како ученик се занимавал со механика и по завршувањето на основното училиште останал да работи кај својот татко, кој по занимање бил механичар. Бидејќи татко му рано умрел, Гоце морал да привредува за својата фамилија. Во време на окупацијата неговиот повозрасен и организиран брат бил прогонуван, а Гоце набрзо безрезервно ја прифатил линијата на КПЈ. Уште во 1943 година како член на СКОЈ се приклучил кон партизанските одреди, т.е станал борец во првата Македонско- косовска бригада.Зел учество во борбите на бригадата, а поради неговата умешност и решителност бил поставен за политички комесар на батаљонот. Како таков загинал на 7 ноември 1944 година во борбите за Охрид. Називот „Големиот Буџони“ го добил во знак на својата револуционерност и смелост.
6 Ноември 1944 година
Талевски Бошев Петар
Талевски Петар е роден во Битола 1923 година. По занимање бил кондураџија. За време на окупацијата бил симпатизер на НОБ. Во НОВЈ стапил во средината на септември 1944 година. Петар бил приклучен кон Четвртата македонска бригада и зел учество во борбите што ги водела оваа единица. Во Струмица, на 6 Ноември, Петар Талевски загинал во борбите со непријателските сили.
6 Ноември 1944 година
Формирано е културно-уметничкото друштво „Стив Наумов“
Само два дена по ослободувањето на Битола по иницијатива на Одделението за агитација (АГИТПРОП) при Градскиот комитет на КПМ во градот беше формирано културно-уметничко друштво. Набрзо во Битола бил обновен и хорот „Коста Абрашевиќ“, но бидејќи политичките стремежи што ги пројавувало ова друштво пред војната, сега веќе решени уште во самиот тек на НОВ, се дошло до целисходната идеја да се фузираат двете друштва, Така во ноември 1945 била извршена фузијата, а друштвото го зело името на првоборецот од Битола Стив Наумов.
6 Ноември 1944 година
Ристевски Митрев Петре
Петре Ристевски е роден во село Братиндол на 27 јануари 1902 година. По занимање бил земјоделец, татко на повеќечлена бедна фамилија. Уште пред војната ја прифатил прогресивната идеологија, а бидејќи често контактирал со Трајан Белев, набрзо по окупацијата станал член на КПЈ и секретар на селската партиска келија. Сите акции, пренос на оружје, храна и сл. што било спроведувано во Први реон Петре активно и смислено ги организирал се до провалата од август-септември 1942 година. Бил бестрашен и смел. Во тоа време мошне смело ги изразувал симпатиите кон Советскиот Сојуз. Во екот на провалата бил уапсен, неговата фамилија тогаш била мошне малтретирана и од судот осуден на 15 години строг затвор. По излегувањето од затвор станал позадинец и во една акција загинал на од нагазна мина на 6 ноември 1944 година.
7 Ноември 1944 година
Андоновски Митрев Михајло
Роден е во ноември 1918 година во село Ѓавато, Битолско. Уште во раното детство нивната фамилија се преселила во село Гопеш. Конкретно Андоновски Михајло потекнува од сиромашна фамилија, која претежно се занимавала со сточарство, а и со земјоделие. Поради слабата материјална положба Михајло како и неговите браќа биле принудени да се глават како момоци кај имотните селани во разни места.
Окупацијата Михајло го затекна,ла во Мариово каде што бил да работи како момок. Преку партиската организација се поврзал во село Рапеш со партизаните кои ги помагал на сите можни илегални начини, а во август 1944 и самиот се приклучил кон НОВЈ. Како борец зел учество во повеќе акции, меѓу кои попознати се оние на Ѓавато, за ослободување на Прилеп и други. Во борбите за ослободување на Охрид од Германците, Михајло го изгубил својот живот на 7 ноември 1944 година.
8 Ноември 1944 година
Димче Лахчански
Роден е во 1923 година во Битола. Се школувал во родниот град каде завршил четврти клас гимназија и два класа вечерна трговска. Истовремено додека се школувал и работел. Пред окупацијата и по неа работел како апотекарски лаборант кај Ахил Чаловски. Поради блискиот контакт со децата на Чаловски бил затворен. За време на окупацијата бил ослободен од затвор со интервенција.
Есента 1943 година бил земен војник во бугарската војска. 1944 година се приклучил кон новооформената Македонска бригада. Загинал непосредно пред ослободувањето на Штип, во борбите со Германците.
10 Ноември 1944 година
Чуруковски Цветанов Алексо
Роден е во село Кукуречани на 2 август 1924 година. Бил едноставен како и сите селски младичи. Загинал на 10 ноември 1944 година во борбите кај Охрид, а никакви траги од него не се пронајдени. Тоа станало на следниот начин: Кога Германците се повлекле кон Струга наеднаш со артилериски единици се завртиле назад кон борците што ги прогонувале. Тука загинал Алексо и тука му се губи трагата, Се претпоставува дека по убивањето телото му било фрлено во Охридското езеро.
Ноември 1944 година
Зисовски Стерју Ѓорги
Зисовски Ѓорги е роден во селото Нижо Поле во 1922 година, во една од најголемите фамилии во селото, позната под името Тоновци. Имотната состојба им била средна, но бидејќи биле многу деца, по завршувањето на основното училиште бил главен како момок во селото. Тој по природа бил весел младич и добар песнопоец. На 10 август 1944 година Ѓорги и се приклучил на Седмата бригада. Зел активно учество во многуте борби што ги водела единицата, но поради болест бил оставен во позадина, во неговото родно село. Тука тој загинал по несреќен случај.
13 Ноември 1944 година
Стојановски Марков Стеван
Стеван е втор првоборец во село Дихово. Роден е на 12 јуни 1917 година во село Дихово. Потекнува од сиромашна земјоделска фамилија. Татко му Марко бил познат во селската црква, но неговиот син не ја продолжил таа традиција. По завршувањето на училиштето, до војната работел како земјоделец. Во редовите на НОБ се приклучил во август 1944 година и им се приклучил на борците на Деветтата македонска бригада. Во борбите со непријателите во оваа бригада, се истакнал како храбар борец. Смртно ранет од истрелите на бугарските окупатори на 13 ноември 1944 година кај селото Бохоље, Демир капија, починал. преку СКОЈ-евската организација им беше јавено на неговите родители за неговата смрт. Поради немање на финансиски средства неговите посмртни остатоци беа шпогремани во село Бохоње каде се наоѓа и денес неговиот гроб.
14 Ноември 1944 година
Раѓање на Битолскиот театар
На 14 ноември 1944 година во Битола првпат е изведена театарска претстава на македонски јазик, т.е. скечот „Ѓорги Магаревски“, со што е одбележано и раѓањето на Битолскиот театар. Таа претстава ја изведе АГИТ-ПРОП при воената област Битола.
Составот на Првиот ансамбал го сочинувале: Јорго Цаца ( раководител на драмската група ), Вера Вучкова, мери Бошкова, Димче и Ацо Стефанови, Симо Ѓорѓиевски, Славче Матевски, Ѓеорги Карев, Јован Бејко, Јован Калаузи, Никола Автовски, Митко Енчев, Пеце Димовски, Љуба Џима, Мендо Лазаревски, Мара Аневска, Мара Савевска, Петар Вељановски и Радован Пеин.
18 Ноември 1944 година
Велевски Петков Борис
Се родил во земјоделско семејство на 15.II.1921 година, во битолското село Беранци. Респектирајќи го народното движење и борба против окупаторските сили и самиот се вклучил во вителна борба. На 1 септември 1944 година доброволно се приклучил кон НОВЈ, односно кон XIV македонска бригада. Како борец на оваа единица, зел учество во повеќе борби против окупаторските сили кај Берово, Кочани за да во една пожестока борба вцо Штипско на 18.XI.1944 година загине.
18 Ноември 1944 година
Петрашинку Н. Тодор
Роден е на 6 јуни 1914 година во Крушево. Основно училиште завршил во Битола, а исто и гимназија каде се приклучил кон прогресивните младински кругови. Ја сакал забранетата марксистичка литература.Се дружел и соработувал со соучениците на Христов Јосиф, Коле Канински и Трифун Пановски.
Како студент пројавил голема активност, заради кое во Битола станал секретар на напредните битолски студенти и член на КПЈ.
Во 1942 година се преселил во Ниш каде неуморно работел против окупаторската власт. Во летото 1944 година се приклучил кон Шестата источно-босанско-пролетерска бригада. Во борбите што ги водела Бригадата за ослободување на Тотово Ужице загинал на 18 ноември 1944 година
Ноември 1944 година
Првиот Градски НОО во ослободена Битола
Пред ослободувањето на Битола веќе постои Околиски НОО кој во главно работел по местата бегова Чешма и Нижо Поле. Меѓутоа, веднаш по ослободувањето на градот бил конституиран Градски НОО во следниот состав:
- Претседател - Крсте Р. Симоновски
- Потпретседатели - Филип Михајлиди и Хасан Хамди
- Секретар - Цане Светија
Прочелници на одделни управи биле:
- Управна - Кире Д. Миленков
- Судска - Александар (Сашо) Стрезовски
- Стопанска - Стојан Пандовски
- Техничка - Инг. Данило Бомболов
- Соопштителна - Трајан Алексовски
- Просветна - Јован Шперовиќ
- Здравствена - Д-р Михајло Попов
- Социјална - Ѓорги Велевски
- Финансова - Ристо Манев
- За исхрана - Владо Патче
- Пропагандна - нема - ја вршел должноста секретарот.
Ноември 1944 година
Првата младинска АГИТ-ПРОП група
Во просториите на АГИТ-ПРОП ( денешната Матична библиотека) десетина дена по ослободувањето беа повикани младибци, што знаат да свират и глумат, на извесна аудиција, набрзо беше направен избор. Во исто време била средена и програмата. Така никна првата младинска аматерска АГИТ-ПРОП група во Битола. По подготвувањето на програмата, кое траеше околу една недела, на 27 ноември 1944 година групата ги посети селата Братиндол, Ротино и Цапари. По кусиот престој во градот групата замина повторно на терен и ги посети селата Брусник, Трново, Магарево, Ниже Поле и Дихово.
Групата ја сочинуваа: Радмила Манели, Димитар Шехерџи, Александар Лазаревски, Никола Куновски, Милица Маслинкова, Димче Стерјевски (раководител на групата), Иван Чакар, Ѓорги Димовски и други.
Ноември 1944 година
Добрушевски Цветанов Ѓорги - Гоце
Гоце е роден 1921 година. Уште кога имал една година му умрела мајка му, па грижата околу него паднала на неговата баба. Завршил четврто одделение во родното си село Црнобуки. Потем, како и сите негови врсници, му помагал на татка си во земјоделско- сточарската работа за подоцно потполно го замени.
Во време на окупацијата не бил член на КПЈ, но на 10 септември 1944 година заедно со уште петнаесеттина истомисленици доброволно се приклучиле кон НОВЈ. Гоце, како борец, зел учество во борбите кај Царев Двор и други места. Во бурните дни на борбите за ослободување на Прилеп, Гоце бил пратен како курир, но задачата не ја извршил зочто бил погоден од куршум
Ноември 1944 година
Сотировски Н. Борис
Сотировски Борис е роден во Струга, на 11.VII.1921 година. Набргу п неговото раѓање нивната фамилија се преселила во битолското село Гопеш. Потекнува од сиромашна фамилија во која живееле многу членови. Бедната состојба го натерала младиот човек да ја доживува судбината на сите бедни наемни работници. Имено, Борис бил главен како момок за да заработува парче леб. Борис за време на окупацијата се наоѓал в село, каде се оформила партиска организација, кон чии редови се приклучил и тој. Во својата работа бил доста енергичен. На НОВЈ и се приклучил во август 1944 година. Учествувал во борбите кај Богомила во Велешко и други места. Во борбите за ослободување на Прилеп, како борец на V бригада, Борис го загубил својот живот во ноември 1944 година.
Есента 1944 година
Шерифовски Адем Реџеп
Роден е 1923 година во село Кишава, во многучлена бедна земјоделска фамилија. Бидејќи не постоело училиште во селото не завршил ни четиригодишно образование. Уште од најрани години бил земјоделец, наполичар. Во исто време бил прогресивен поради кое бил претепан од грчките граничари. Од здобиените повреди Реџеп долго време боледувал. За време на окупацијата не сакал да замине во бугарската војска, па заедно со четири свои другари се криел во планина. На НОВЈ и се приклучил во 1944 година во Седмата бригада каде зел учество во многу борби. Во есента на 1944 година бил заробен кај село Зајас од балистички фашисти, потем убиен и расчеречен на парчиња.
Есента 1944 година
Формирање на Општинскиот комитет на КПЈ со центар во село Буково
По реорганизацијата на Вториот реон, која настанала од се поголемата територија и поголемата активност на КПЈ, освен Општинскиот комитет со центар во Велушина, во есента на 1944 година бил формиран Општински комитет на КПЈ со центар во селото Буково. Овој комитет под своја компетренција ги држел следните партиски келии од селата Бистрица, Буково, Кравари, Крстоар, Оптичари и Поешево.
Во општинскиот комитет на КПЈ-Буково влегле следните лица:
- Дуковски Васил од с. Кравари
- Ѓоршевски Крсте од с. Бистрица
- Зачевски Стојан од с. Крстоар
- Крагорвски Ванѓел од с. Буково
- Мирчевски Ѓорги од с. Бистрица
- Петровски Митре од с. Оптичари
- Стефановски Тодор од с. Поешево
За секретар бил избран Ѓорги Мирчевски од село Бистрица.
Есента 1944 година
Партизански акции по патот Лерин- Битола
Поради секодневното префрлање на германски сили од Грција и Егејска Македонија по патот Лерин -Битола, битолско-преспанскиот одред на 49-та југословенска дивизија добил оперативна задача да врши постојани напади на овие германски сили.
Во текот на акциите Одредот оспособил лица што ги минирале мостовите и патиштата. Исто така, акциите на одредот биле секавични, брзи и остри. Такви поголеми успешни борби одредот водел кај Граешко. Таму Германците биле принудени да ја остават својата комора, да дадат повеќе жртви, седум затвореници и слично.
Кон акциите на овој одред се приклучил и Егејската бригада. Во заедничка акција на патот Лерин-Битола германската колона што и припаѓала на дивизијата „Принц Еуген“ колоната било знатно оштетена. Овие акции како и многу други ги оневозможиле Германците да ги пљачкаат населбите лево и десно од патот Лерин-Битола.
Есента 1944 година
Спасевски Ристов Спиро
Тој произлегува од земјоделско семејство. Се родил 1924 година во битолкото село Драгош. По занимање бил земјоделец. Не навидувајќи го окупаторскиот систем, Спиро, на 1 септември стапил во редовите на НОВЈ, односно петтата македонска бригада. Цврстата решеност да се спречи повлекувањето на германската рмиска група „Е“ на Петтата бригада и паднало да врши борбени акции кај Припел, односно да го превземе градот, со што би им го пресекол патот на окупаторските сили. Во тие борбени акции, во есента 1944 година, Спиро загинал.
Есента 1944 година
Отварање на први македонски училишта од страна на НОО
По превратот во Бугарија што станал на 9 септември 1944 година голем број на села во Битолско биле ослободени од страна на партизанските единици.Во нив биле формирани органи на народната власт (НОО). Новата власт, покрај секојдневните грижи за снабдување опрема и слично на НОВ, се грижела и за отварање на македонски училишта.такви биле отворени во многу села во кои работеле учители кои сите немале завршено учителска школа, туку биле со завршена или незавршена средна школа. Учителите не биле плаќани, а се хранеле во селото по куќите (со ред) на селаните.
22 Декември 1944 година
Котевски Б. Димитрије
Котевски Бошков Димитрије е роден во селото Сеќирани, Битолско. Го изучил железарскиот занает и се занимавал како железар. Во единиците на НОВЈ, Деветтата македонска бригада, стапил доброволно. Бил примерен борец и добар другар. Зел учество во повеќе борби против окупационите сили. Во една пожестока борба против германските сили загинал на 22 декември 1944 година.
Декември 1944 година
Цветковски Грујов Ристо
Роден е на 8 април 1926 година во селото Скочивир. Произлегува од земјоделско семејство и по завршувањето на основното училиште го продолжил занимањето на своите родители. Ристе се додека не стапил во редовите на НОВЈ, не се занимавал со политика. Во НОБ стапил на 30 септември во Шестата македонска бригада. Како борец Ристе зел учество во повеќе борби се додека не се разболел од епидемијата на тифус. Бил пренесен во кичевската болница каде и починал.
Декември 1944 година
Лозановски Илиев Коле
Роден е во битолското село Ротино. Потекнува од земјоделска фамилија по завршувањето на основното училуште останал во селото да се занимава како и неговите родители со селско стопанисување, т.е. обработка на земјата, чување овци ислично. Како младинец го симпатизирал движењето и борбата што ја воделе селаните против фашизмот. Во своите 18 години, во август 1944 година, доброволно и пристапил на НОВЈ, односно Седмата бригада и зел учество во повеќе борби што ги воделё истата.Кај Папрадин, близу Дебар, Коле во една поголема борба загинал.
1944 година
Трпчевски Илиев Атанас- Тасе
Тасе Трпчевски е роден во битолското село Гопеш во 1920 година. Во селото работел како шивач. Прифаќајќи ја НОБ како единствена алтернатива за ослободување и рамноправност на народите и народностите во Југославија, тасе доброволно стапил во единиците на НОВЈ на 20 април 1944 година во Седмата македонска бригада. Зел учество во сите борби што ги водела бригадата. Бил добар и примерен борец. Во една борба на Кајмакчалан против Бугарските воени сили Тасе бил заробен. По кусо време од заробувањето бил стрелан.
1944 година
Велиевски Сабри Шабан
Шабан Илиевски е роден 12 февруар 1926 година во битолското село Лажец. Чувствувајќи ги сите неправди од окупаторската политика спрема своите еднородни браќа, Шабан ја симпатизирал НОВ. Подржувајќи ја таа борба, и самиот зел учество кога во септември 1944 година и се приклучил на Петтата македонска бригада. Во борбите што ги водела бригадата зел видно учество. Во една од многубројните борби близу Крушево, Шабан загинал погоден од непријателски куршум.
1944 година
Стојановски Марков Стеван
Потекнува од битолското село Дихово. Роден е во истото село на 12 јуни 1917 година во земјоделска фамилија. Во најголемиот вриеж од НОБ зел учество и Стеван кога во август 1944 година стапил во редовите на НОВЈ т.е. Деветтата македонска бригада. Во борбите што ги водела оваа борбена единица зел активно учество и Стеван. Во едно поголемо судрување со германските сили кај Демир Капија бил тешко ранет. По неколку дена од судирот тој починал.
1944 година
Петровски Петрев Михајло- Мише
Роден е во Битола на 19 февруари 1920 година и по занимање бил разраватчија. Мише, како и многуте младичи од неговата генерација, рано ги прифатил прогресивните идеи. Уште во почетокот на окупацијата Мише ја симпатизирал и активно ја помагал НОВ. Во јуни 1944 година стапил во борбените единици на револуционерната армија на НОВЈ, станал член на Деветтата македонска бригада. како борец бил примерен и сакан од неговите другари. Зел учество во повеќе борби што ги водела бригадата против бугарско германските единици на територијата од Македонија. Во една таква борба против бугарските фашистички сили Мише бил заробен, а потоа и стрелан.Тоа се случило во кавадарското село Бегниште 1944 година.
1944 година
Шимон Демајо Марсел
Марсел Шимон е роден на 18 август 1920 година во Битола. По занимање бил кондураџија. До 1941 година работел во Белград каде се запознал со идеите на прогресивното работничко движење. Во 1941 година се вратил во Битола каде продолжил со својата револуционерна работа. Во почетокот на 1943 година се приклучил во партизанските единици, а во борбите со фашистичките сили во 1944 година загинал кај планината Кожуф.
1944 година
Христовски Лазарев Христо
Христовски Христо е од прочуената револуционерна фамилија Ѕвончарите. Роден е во Битола 1918 година, а по занимање бил студент. Под влијание на целокупната прогресивна дејност на младината, како и на постариот брат Јосиф, Христо станал член на КПЈ. Сите партиски задачи ги спроведувал на дело, а во 1944 година се приклучил на НОВЈ. како борец се истакнал со голема храброст а во борбите кај селото Стрмашево 1944 година загинал.
1944 година
Јаревски Вангелов Бранко
Јаревски Бранко е роден на 21 јуни 1926 година во селото Буково. Основно четиригодишно училиште завршил во своето родно село, а потоа се занимавал со земјоделие. Пред војната не се занимавал со политика, во текот на народната револуција, иако доста млад, во 1944 година доброволно се приклучил во НОВЈ. Бил борец во деветтата македонска ударна бригада и зел учество во борбите против балистите во Росанвар, Кичевско. Во овие борби Бранко бил потешко ранет и на пат за во болница починал.
1944 година
Солаковски У. Панде
Роден е во село Гермијан на 15 март 1925 година. Додека бил в село по занимање бил земјоделец. Во текот на окупацијата бил мобилизиран во бугарската војка, а по 9 септември во македонската бригада „Гоце Делчев“. Во единицата бил обичен војник кој во борбите покажал особена храброст и примерност.Во една од многубројните борби со германските воени сили кај Страцин, Крива Паланка, панде загинал, оставајќи ја старата мајка сама.
1944 година
Садикарио Ј. Соломон - Мо
Мо е роден на 3.XII.1923 година во Битола. Учел во Трговската академија, а во 1942 година станал член на КПЈ. На денот на депортацијата успеал да се сокрие во куќата на Боро Алтипармак, а по две недели заминал во партиазнските единици. Во прво време бил борец во Втората македонска бригада а подоцна и во третата македонска бригада. Загинал на должноста политички комесар на батаљонот во борбите кај селоото Страцин во 1944 година.
1944 година
Стојановски Петрев Христо
Тојо е роден во село Брник ва 1925 година во многучлена земјоделска фамилија. Уште како мало дете Христо останал без мајка, а заедно со своите браќа привредувал обработувајќи ја земјата. Во 1944 година Христо понеесен од виорот на револуцијата и пристапил коко и многу други на единиците на НОВЈ. Тој зажел учество во многу борби на сремскиот фронт, Напорите го скршиле неговото слабашно тело и тој се разболел. Како тешко болен бил пренесен во осијечката болница каде што починал.
1944 година
Бајрами Шакир Садик
Тој е роден во село Острец, во средно земјоделска фамилија. Не бил образован, а се занимавал со земјоделие. Садик за време на окупацијата соработувал со својот пријател и соселанец Даути Даут, а и со Коле Канински. Канинскичесто навраќал во куќата на Садик особено во критичните моменти од неговата илегална дејност. Садик стапувајќи во НОВЈ (Седма бригада) зел учество во сите борби што ги водела бригадата со германските сили при по влеккувањео од Грција, како и со пограничните единици. Притоа Садик покажал голема храброст. Кај Дебар паднал убиен во борбитае со баалистите во 1944 година.
1944 година
Атанас М. Теохаревиќ
Роден е на 13 Февруари 1915 година во занаетничка фамилија во Битола. Матурирал во учебната 1934/35 година во Битолската гимназија. По матурирањето заминал во Белград, каде работел и вонредно студирал на Правниот факултет. Тука се запознава со револуционерните идеи кои се ширеле меѓу балградската младина. За време на окупацијата останал во Белград, каде активно ја помагал Наордната револуција.
Недиќевската власт го открила како активист и го затворила. Потоа бил спроведн во Австрија, каде во некој од затворите го завршил животот.
1944 година
Атанас Ристо Трајанов
Роден е на 14 Јануари 1916 година во занаетничка фамилија. Во Битолската гимназија учел јдо завршувањето на полуматура. Потоа заминал во Загреб, каде ја завршил подофицерската школа, а потоа отишол на воена авто-школа во Белград. Службувал во Љубљана и во местото Рапек.
За време на окупацијата бил затворен во фашистички логор. Последен пат (22 април 1944 година) се јавилјод фашистичкиот логор „Дахау“. Се претпоставува дека и тука е ликвидиран.
|