Настани 1942 година
Крајот на 1941 и почетокот на 1942 година
Мирче Ацев во Битола
Додека Мирче Ацев престојувал во Битола во главно живеел кај
бабата Нушка, како потстанар. Тој бил пријавен како божем да се вика Стојче,
пребеган од Гостиварско (тогаш под албанско-италијанска власт).Куќата во која
живеел Мирче Ацев била во непосредна близина на полицискиот участок, а во другата
соба кај баба Нушка живеел началникот на криминалната полиција со кој Мирче
се „спријателил“ . Со минувањето на Стив во илегалство често престојувал во
собата на Мирчета, како најсигурно место каде нема да го пронајде полиција.
Кога Мирче заминал од Битола во истата соба дошла извесно време Венда Николова,
претствувајќи се како роднина на „Стојче“ алијас Мирче Ацев.
8 Јануари 1942 година
Фудбалски клуб „Југ“
Фудбалскиот клуб „Југ“ во кого членувале како поголемиот дел
од играчите така и членовите на управата, прогресивни партијци, СКОЈ-евци или
симпатизери, на 8.I. 1942 година ја извеле за граѓаните на Битола драмата „Македонска
крвава свадба“ од Војдан Чернодрински. Режисер бил стариот член на КПЈ Павле
Павлевски.
Подоцна, на 15.II. 1942 година бугарската окупаторска ласт не можејќи да го
трпи името „Југ“, в кого наслутувале симболика на Југославија, го наложила името
„Битола“, под кое име клубот настапувал. Симпатиите на граѓаните,особено на
младината,и покрај менувањето на името на клубот не престанале.
Јануари 1942 година
Гимназиски диверзии
Диверзијата на Гимназијата во Битола во јануари 1942 година
организирала собирна акција на подароци меѓу учениците кои биле наменети за
војниците од казнениот корпус што се наоѓал во Србија. Оваа акција благодарение
на СКОЈ-евската организација била наполно бојкотирана од битолските ученици.
Подароци дале само децата на бугарските службеници дојдени од Бугарија. И тогаш
СКОЈ не останал пасивен. Имено, во пакетите што биле готвени за војниците биле
уфрлени подолги напишани пораки во кои им се советувало на војниците да не војуваат,
туку да дезертираат и да земат активно учество во општочовечката борба против
фашизмот.
По откривањето на овие пораки на самиот терен била извршена голема истрага,
но без успех за окупаторската власт.
Јануари-февруари 1942 година
Проширување на СКОЈ-евската група во село Ротино
Зимскиот период од 1942 година бил мошне плоден за партиската
келија на село Ротино. Тогаш секретарот Апостол Симоновски-Поце ги опфатил најактивните
младинци и симпатизери односно ги примил во СКОЈ следните лица: Трајчевски Петре-
Чалија, Лалевски Коте и Симоновски Спасе- кои бил во исто време и секретар на
првата СКОЈ-евска група во село Ротино.
Во март и мај СКОЈ-евската група била проширена со приемот на нови лица.
Февруари 1942 година
Неуспешниот обид за апсење на Трајан Белев
Секретарот на Први Реон на КПЈ-Трајан Белев поради својата
голема партиска активност и радиус на движење, станал за полицијата сомнителен,па
решила да го уапси. Кога органи на окупаторската власт дошле да го уапсат Белев
благодарение на својата умешност и ладнокрвност како и известувањето од страна
на членовите на КПЈ од Ѓавато и негоиот син Методија, Трајан Белев се вратил
во Битола и оттогаш станал илегалец.
Местото на реонски секретар времено го имал Коле Бендев од село Ѓавато, а подоцна
Серафим Богдановски-Цано од село Лера.
Февруари 1942 година
Формирање на СКОЈ-евска група во село Лера
Обраќајќи внимание на младината Партиската организација во
село Лера во февруари формирала СКОЈ-евска група, во која биле опфатени Васил
Талевски, Томе Наумовски, Јонче Наумовски, Митре и Спиро Блажевски.
Февруари 1942 година
Обид за сменување на кметот во селото Братиндол и Снегово
Поради големото незадоволство на селаните од Братиндол и Снегово
спрема кметот на селата братиндолската партиска келија на еден свој состанок
решила да истапи организирано против него. Откако селаните биле припремени во
одреденото време, во местото викано „Џамија“ дошле скоро сите селани од Братиндол
и Снегово.Тука дошол и самиот кмет со пушка. Протестирајќи против неговата поткупливост,
лажливот и друго, селаните избрале делегација (сето организарано од страна на
партиската организација) која била обавестена да бара сменување на кметот од
општинскатавласт во село Дихово. Меѓутоа, иако делегацијата тоа го барала сепак
претседателот на општината не превзел некоја конкретна акција за сменување на
кметот. Тогаш, селаните истапиле и пред „Околиското управление“ во Битола ,
но пак окупаторскиот режим го задржал кметот зошто бил одан на власта.
Иако акцијата не успеала, партиската организација ги придобила скоро сите селани
против кметот, а со тоа и против власта.
12 Март 1942 година
Формирање на читалиштето „Гоце Делчев“ во село Ѓавато
На 12.III.1942 под име „Народно читалиште- Гоце Делчев“ во
село Ѓавато членовите на КПЈ и СКОЈ ја оствариле својата замисла, т.е. отвориле
во селото културно-просветно установа која ја користеле легално за политичка
агитација, купување на прогресивна литература. Читалиштето биле место кое овозможувало
послободно собирање на луѓето, размена на мисли, партиски политички живот како
и просветување на населението.
Во управата на читалиштето биле избрани луѓе од власта ( на пример кметот на
селото, со цел залажување на власта), но главните раководители биле комунистите
и тоа:
- Претседател Борис Стрезовски-учител, член на КПЈ;
- Потпреседател Коле Бендев, член на КПЈ;
- Касиер-библиотекар- Методија Мацанов;
- Секретар- Илија Бендев.
Март 1942 година
Селски протести пред окупаторската власт
Партиската организација во Ѓавато го искористила незадоволството
на населението кое не добивало редовно следување на прехранбените артикли и
организирала во март 1942 година едно демонстративно истапување пред окупторската
власт во село Кажани. Откако кметот им укажал дека артикли нема и дека треба
да се стрпат незадоволните наговорени од ѓаватските комунисти решиле другиот
ден заеднички да истапат и во Битола. Така и сториле.
5 Април 1942 година
Одлука за исфрлање на првиот битолски партизански одред
Воениот комитет при МК-КПЈ за Битола покрај другите свои решенија
на 5.IV.1942 година донесол конечна одлука за исфрлање на првиот битолски партизански
одред. Одлуката гласела Одредот да се формира во месноста над село Лавци на
Баба Планина. По решението на ВК се пристапило и на 22.IV.1942 Одредот бил формиран.
8 Април 1942 година
Трагедијата на Орде Чопела
Самопрегорниот комунист од Варош, прилепско Орде Чопела по
директива на партијата дошол во Битола каде станал член на МК и раководел со
Воениот комитет во истиот. Чопела работел неуморно. Тој во врска со подготовките
за исфрлање на нов партизански одред ги посетил селата Братиндол, Ѓавато, Лера
и Ротино. Во сите села одржал долги состаноци со членовите на КПЈ на кои им
укажал на низа потребни мерки во нивната илегална работа, собрал сведенија за
сокриеното оружје, храна, облека и слично, ја испитал спременоста на комунистите
и сл. По извршената ревизија Орде Чопела се вратил во Битола, баш во моментот
кога беснеела големата априлска провала. Наскоро, на 8 Април 1942 година, бил
блокиран еден квартал на градот, т.е.улицата и станот во кого престојувал штотуку
дојдениот од ревизија во Први Реон Орде Чопела. По куса борба Чопела бил ранет,
а потем измачуван и убиен во затворот.
10 Април 1942 година
Убиството на Вангел Тодоровски-Мајоро
Фашистичката полиција успеала во текот на априлската провала
да го открие илегалниот стан на Вангел Тодоровски-Мајоро, т.е. куќата на Михајло
Василевски, која се наоѓала во близина на денешната осмолетка „Д-р Трифун Пановски“,
бивша улица „Рила “ бр. 5, а во која куќа била сместена партиската техника на
МК на КПЈ-Битола. Со техниката раководел Мајоро, кој подолго живеел илегално
кај синот на сопственикот на куќата на Вангел Василевски. Тука Мајоро умножувал
летоци, прогласи, повици, билтени, куси информации исл. Се случувало да умножи
и по 200 летоци наменети за градот и битолските села.
Ноќта спроти 10 Април трповиот началник Петар Стојчев и цивилниот агент Трајко
Панов, заедно со неколку полицајци ја блокирале куќата. Во зорите на 10 Април
влегле во куќата, при што Мајоро им пружил отпор, т.е. го ликвидирал Петар Стојчев,
а ранил еден од агентите. Потоа, борејќи се за живот и смрт со еден агент Мајоро
од в грб бил убиен со шмајзер од еден бугарски униформиран полицаец.
Почеток на април 1942 година
„Партиска техника“
МК-КПЈ во целокупната активност ја имал организирано и таканаречената
партиска техника, т.е. преса за умножување на илегален печатен материјал. Во
прво време од ноември 1941 година до јануари 1942 година техниката се наоѓала
во станот на фамилијата Лозанови (ул. „Стевче Патако“ бр. 22) а потоа поради
опасност да не биде провалена „техниката“ била преместена во куќата на Михајло,
т.е неговиот син Васил Василевски. Меѓутоа, еден од организаторите кој носел
чиста хартија за потребите на „техниката“ ненадејно бил фатен на улица од полицијата.
Веднаш бил затворен и подложен на нечовечки малтретирања. МК приметувајќи го
снемувањето на фатениот дознал дека е затворен. Тогаш членот на МК Орде Чопела
кој бил на партиска работа во Битола по долго размислување донесол во име на
МК-КПЈ-Битола низа мерки што требало да се спроведат за да започнатата провала,
која се ширела со голема брзина, би се покализирала само врз затворените.
Почеток на април, 1942 година
Растурање на летоци во Битола
Една од мошне успешните дејности на Партијата односно Партиската
организација во правилното информирање за политичките и воените настани на населението
било растурањето на летоци. Во нив на непосреден начин се објавувала борбата
на југословенските народи против фашизмот, како и вистинската положба на фронтовите,
зошто населението освен од фашистичките извори (весници и радиостаници) немало
друга можност за информирање.Летоците биле растурани низ цел град во месец март,
но поинтересни и поуспешни акции имало во почетокот на април. Тогаш биле растурени
летоци во двете градски кина „Македонија“ и „Балкан“ додека се прожектирале
филмовите; потоа и кај Камен Мост, баш кога на „Корзо“, бидејќи бил празничен
ден, имало многу народ.
Летоците по непишано правило оделе од рака на рака тајно зошто за нивни читања
полицијата постапувала сурово со лицата без разлика дали тоа биле членови на
КПЈ и СКОЈ или не.
Почеток на април, 1942 година
Орде Чопела во втор реон
Членот на МК на КПЈ-Битола, Орде Чопела, бидејќи одговарал
по воената линија при МК, во почетокот на април 1942 година дошол преку илегалните
партиски канали во село Бистрица.Тука Чопела одржал состанок во станот на Методија
Стојчевски со Воениот комитет од втори реон, поточно со претставници од селото
Бистрица, Велушина, Породин, Канино, Граешница (претставникот од селото Драгош
бил отсутен). Воениот комитет на Втори реон бил раководен од Петар Нешковски-
Пјер, а негови членови биле Лисовски Лазо, Новачевски Петре, Поповски Ристо,
Терзиевски Андреа и Трпеновски Блаже.
12 Април 1942 година
Пречек на Германскиот ополномоштен министер Адолф Хајн Бекерле
На 12.IV.1942 година бугарската окупаторска власт со најголема
свечаност му организирала пречек на германскиот ополномоштен министер Адолф
Хајн Бекерле. На патот од Битола за Охрид му бил предвиден пречек и во село
Кажани на кого требале да дојдат покрај другите селани и селаните од Ѓавато.
Партиската организација и СКОЈ на време развиле активност за бојкотирање на
овој пречек.
22 Април 1942 година
Формирање на првиот партизански одред „Пелистер“
Поради големата априлска провала за да се избегнат поголеми
последици месното раководство изготвило план за исфрлање на илегалците во Битола
и битолско во партизански одред. Зборно место било „Лавчанската корија“. Каналот
бил МК-КПЈ-Битола-Девеани-село Лавци и „Лавчанска корија“.На 22 Април 1942 година
до каменот на „Лавчанска корија“ Стеван Наумов-Стив го формирал одредот од 21
борец, кој го сочинувале:
- Ангелевски Тодор-Тошо Даскало
- Божиновски Пецо-Кочо
- Димитровски Блажо- Рогузинаро
- Димитровски Томе-Томаќи
- Ѓорѓиевски Никола-Никлецот
- Живковски Александар-Цане
- Илиевски Томе-Поштаро
- Јосифова Мара-Ѓурѓа
- Караманди Елпида-Бисера
- Крстевски Киро-Платник
- Михајловски Ордан-Оцка
- Наумов Ѓорги-командант на одредот
- Николовски Димитар- Таки Даскало-политички комесар
- Попандоновски Андон
- Стојановски Веле-Фурнаџивчето
- Трајковски Стево-Тефико
- Хаџипоповски Димче
- Хаџипоповски Лазо-Пламен
- Христова Ванда-Доста
- Ордановска Јоска-Сандански
Одредот го носел името „Пелистер“,а во неговиот состав имало
и Прилепчани кои како илегалци жиееле во Битола и битолско, но поголемиот број
биле од Битола.
30 Април 1942 година
Киро Димитровски- Дандаро
Киро Димировски - Дандаро е роден во Битола во 1912 година.
Се школувал во родното место. Учел во IV клас гимназија, но заради немање на
материјални средства го напуштил школувањето и станал графички работник. Киро
се приклучил кон напредните младинци од Битола и набрзо станл член на УРС-овите
синдикати. Дандаро бил еден од организаторите и учесниците на предвоените работнички
штрајкови во Битола, односно на МК на КПЈ за Битола. Бил забележан од полицијата
и затворен. По долгите измачувања во битолскиот затвор, Киро бил преместен во
затворот на Ада Циганлија, Белград, каде бил осуден на четири и пол години затвор.
Казната ја издржувал во Сремска Митровица.
Во 1941 година затворениците од Сремска Митровица успеале да ископаат подземен
канал и низ него да избегаат. Меѓи нив бил и Киро. Наскоро се приклучил кон
партизаните од Војводина. Извесно време работел како типограф во ослободено
Ужице, во издавањето на весникот „Борба“, а потоа бил во составот на Втората
осанска бригада. Во еден бомбашки јуриш врз италијанските сили кај Чајниче,
ноќта помеѓу 30 Април и 1 Мај 1942 година Киро Дандаро загинал.
30 Април 1942 година
Подготовки за прославување на 1 Мај во Партизанскиот одред „Пелистер“
Партизанскиот битолски одред „Пелистер“ кој се наоѓал во густата
гора над село Лавци извршил скромни подготовки да го прослави 1-ви Мај, меѓународниот
Ден на трудот. Бил подготвен еден мал драмски текст.
Партизаните ги извршиле сите подготовки, но поради ненадејни истрели и повикот
дека го бараат Платник, свеченоста не била одржана.
Април 1942 година
Воспитни групи во село Горно Српци
Во селото Горно Српци, Борис Котевски од село Братиндол на
неколкупати во април 1942 година одржал тајни состаноци со симпатизери на КПЈ
и борците против фашизмот од село Српци. Тоа биле Иљо Кокалевски, Поло Зулумоски,
Јордан и Борис Дамчески, Паско Зулумоски и Ристе Дамчески. Во дискусиите со
нив тие се сложиле да го помогнат Народноослободителните движење Така останале
како воспитна група. Партиска организација во ова време не била формирана.
1 Мај 1942 година
Први заробени партизани
Раководството на партизанскиот одред „Пелистер“ задолжила свои
три другари, Ѓорги Наумов, Никола Ѓоргиевски- Никлецо и Стеван Трајковски- Тефико,
да готват јадење за Одредот. Ненадејно една бугарска единица ги опколила и бидејѓи
биле изненадени, а и немале оружје нужно за спротиставување,ги заробиле. Тројцата
партизани биле врзани и спроведени во участокот восело Дихово, каде продолжило
тепањето, од што биле обезличени. Потем сето, „сослушувањата“ продолжиле во
истражниот затвор во Битола. Ги „испитувале“ обично ноќе по 20 часот дури и
по седум саати. Таквото измачување траело, со ред исклучоци, 70 дена. Потоа
бил организиран процес кој траел од 15 до 23 јули истата година.
3 Мај 1942 година
Трагедијата во Ореовската корија
Дознавајќи за постоењето на партизански одред во близината
на Битола, генералот Иван Маринов и обласниот полициски началник Ќурчиев, организирале
блокада на месноста каде се наоѓал одредот, т.е.во месноста меѓу селата Буково,
Ореово, Лавци и Брусник. Во блокадата биле ангажирани околу неколку илјади лица,
војници со офицери, полицајци и агенти. Обрачот околу Одредот на 3 Мај веќе
бил затворен. Уште во самото утро, Одредот ја прифатил нерамната борба. Во борбата,
партизаните покажале беспримерна храброст и пружале голем отпор. Тогаш загинале
Елпида Карманди -Бисера (ранета, после убиена), Јосифовска Мара-Ѓурга, Димитар
Николовски-Таќи Даскало, Хаџипоповски Димче, Михајловски Ордан-Оцка и Јордановска
Јоска-Сандански.
Во знак на сеќавање на оваа нермна борба, народниот пеач испеал многу жална
песна.
3 Мај 1942 година
Димитар Николовски-Таки Даскало
Димитар Николовски е првоборец-партизан од Битола чија смрт
народот ја опеал во позната песна. Роден е во Битола 1921 година. Се школувал
во родното место до IV клас гимназија, а потоа учел учителска школа во Скопје,
Цетиње и Алексинац. За време окупацијата се вратил во Битола каде и матурирал.
Неговото дружење со Стив Наумов, В. Нечевски, Д. Кепески, Елпида Караманди и
други прогресивни младинци допринело нивните прогресивни идеи и Таки да ги прифати.
Така Таки станува член на КПЈ. Илегалната партиска работа и членството во МК-Битола
ја напуштил во април 1942 година, кога станува член на партизанскиот одред „Пелистер“.
Таки бил не само член, но и политички комесар на Одредот.
На 3 мај 1942 година после откривањето на Одредот и настанатите борби со бугарската
војска и полиција, Таки Даскало загинал херојски.
3 Мај 1942 година
Елпида Караманди
Елпида Караманди е народен херој на Југославија. Родена е во
градот Лерин- Егејска Македонија на 2 Јануари 1920 година.Завршила гимназиско
образование во Битола. Во прогресивните редови на тогашната гимназиска младина
Елпида брзо се вклучила, а наскоро станала член на СКОЈ. Во периодот на окупацијата
со успех работела меѓу женската младина.
Кога во 1942 година бил формиран одредот „Пелистер“ Елпида станала член на истиот
со партизанско име „Бисера“. По откривањето на Одредот, Елпида дала достоен
отпор. Меѓутоа, во борбата била ранета. Бугарската полиција ја фатила, а потоа
и ја убиле.
Народот и посветил песна.
3 Мај 1942 година
Димче Хаџи Поповски
Димче Хаџи Поповски е роден 1922 година во село Буф-Егејска
Македонија.По окупацијата бил регрутиран во бугарската армија, од каде дошол
во отсуство во месец април 1942 година и не се вратил назад, туку се поврзал
со Партијата и божем заминува на отслужување на воениот рок, на првата станица
со уште двајца другари скокнуваат и се поврзуваат со Кочо Десано, за по еден
ден да се префрлат во партизанскиот одред „Пелистер“. Познавајќи јавоентата
обука, Димче ги обучувал своите другари со ракување со оружје. Во припремите
да го прослават Први Мај партизаните биле изненадени од бугарскатаполиција.
Во нерамната борба, водена кај Ореовската Корија, Димче борејќи се, храбро загинал
оставајќи светол пример на борец за останатите поколенија.
6 Мај 1942 година
Убиството на Ќурчиев
За сите уапсени членови на КПЈ во Битола, сите службеници на
полицијата биле опасни, затоа што нивниот однос бил повеќе садистички отколку
службенички. Меѓутоа, меѓу нив особено бил неснослив бившиот член на БРП, а
во Битола обласниот политички началник Ќурчиев. Во една ненадејна средба пред
денешната зграда за дефектни деца, секретарот на МК на КПЈ-Стив Намов немајќи
друг избор, наместо лична карта извадил револвер и на место го усмртил Ќурчиев.
Иако Партијата не била за примена на индивидуален терор, сепак го оправдала
Стив зошто за него тоа бил единствен излез од безизлезната ситуација.
7 Maj 1942 година
Потрага по Стив за Битола
Битола, во утрото на 7 Мај 1942 година, била блокирана и Битолчани
не можеле да одат на работа. Сите градски улици биле запоседнати од бугарски
војници, додека полицајците и агентите, распоредени во групи, оделе од куќа
в куќа, да вршат претрес.Всушност, блокадата била организирана со цел фаќање
на Стеван Наумов-Стив кој само пред неполн ден, т.е. вечерта на 6.V. 1942 година
го ликвидирал обласниот полициски началник Ќурчиев. Полицијата сметала дека
за тоа кусо време Стив не можел да го напушти градот и дека некаде е во Битола,
кое нешто било и точно. Меѓутоа, градот не го предал народниот борец. Тој го
скрил во своите пазуви и напразни биле претресите и малтретирањата што ги вршела
полицијата.
Тоа била прва целосна блокада на Битола.
Крајот на мај 1942 година
Формирање на трет реонски комитет
Потребата од разгранета партиска дејност во битолските села
наложила партиските раководители да се позанимаваат со формирањето на нов, трет
по ред, Реонски комитет во битолско. Од тие причини Стив Наумов и Тодор Ангелевски-Даскало
размениле мисли и решиле да формираат РК со центар во село Лавци. После нивниот
разговор, кон крајот на месец мај, Тодор Англевски-Даскало и Трајан Белев свикале
состанок во Лавци, каде и била донесена одлуката за формирањето на РК.
За секретар на новоформираниот РК поставен бил Крсте Митревски- Кицо, а негови
членови биле Сотир Брбевски, Крсте Самарковски, Лазо Питулчевски и Лена Ташкова.
Било решено дека РК накнадно ќе бил проширен со нови членови од селата што ќе
му припаднат на реонот.
Мај 1942 година
Противбраничка активност- акција на битолските гимназијалци
Учениците на IV класови, раководени од СКОЈ во текот на мај
1942 година спровеле акција против „Браник“ (Младинска фашстичка организација-
униформирана, легална и подржувана од власта). Имено,неколкуте ученици ги искинале
сите симолични знаци од капите и ракавите на браниците. Дирекцијата, откако
тоа го открила, наредила да бидат блокирани училниците и ходниците. Започнал
претрес што го вршел професорите. Не било јадено ништо од искинатите значки
кај учениците. Се благовремено било уништено. За настанот пројавил интерес и
Министерството за просвета, но СКОЈ покрај многуте успешни акции, успеал и овој
пат.
7 Јуни 1942 година
Стив во први реон
Вршејќи ревизија на партиските организации во Први реон, Стив,
на 7.VI.1942 година одржасостанок со членовите на КПЈ во Ѓавато, во куќата на
Јонче Мурџевски. Во главно било дискутирано да се подготви и спреми сето оружје
што дотогаш било криено. Во исто време, Стив одржал состанок во село Лера и
во село Стрежево на кои главен проблем во задачите на комунистите било прибирање
и оспособување на прибраното оружје. Всушност, тоа биле состаноци сврзани со
потребата да се исфрли новиот партизански одред.
29 Јуни 1942 година
Воведување на „Надзорни книшки“ за гимназијалците
Поради засилената антиокупациона и антибугарска дејност на
учениците во Гимназијата на крајот од учебната година, т.е. 29.VI. 1942 година
имбиле разделени таканаречени „надзорни книшки“ со објаснение дека ученик без
надзорна книшка нема да биде запишан во Гимназијата идната година. Всушност,
„надзорните книшки“ биле воведени со цел да се бележи поведението на ученкот
во текот на летниот одмор од страна на власта.
И оваа застрашувачка мерка на просветната власт како и многуте други останала
попусто. Активоста на учениците скоевци- Димитар Каранфиловски, Петар Дога,
Велко Аврамов, Дојчин Апчевски, Кице Најдовски, Исак Фараџи и други не можела
да биде незабележана поради што истите биле меѓу првите набележани за казнување.
Јуни 1942 година
Димитровски Ристов Блаже- Блаже Рогузинаро
Блаже Рогузинаро е роден во село Путурус 1904 година. Немајќи
средтсва за исхрана, заминал во Франција на печалба. Таму и пристапил на КП
на Франција. По враќањето во татковината Блаже продолжил да се придржува кон
комунистичките принципи-борба против ненародниот режим. Во времето на окупацијата
во неговиот стан се одржувале мошне значајни состаноци, а воедно престојувале
и партиски активисти како Мирче Ацев, Стив Наумов и други. Во 1942 година му
пристапил на одредот „Пелистер“ , но по познатата битка паднал во рацете на
полицијата. По судењето бил спроведен во Скопје, каде бил и обесен.
Јуни 1942 година
Ѓорги Василев Наумов
Ѓорги Наумов е постар брат на легендарниот Стив. Роден е 1916
година, а по занимање бил механичар. Секако под влијанието на помладиот брат
кој бил мошне политички активен, Ѓорги ја прифатил комунистичката идеологија.
Непосредно пред Априлската војна, бил примен за член на КПЈ. Со формирањето
на првиот партизански одред „Пелистер“ Ѓорги Наумов станал негов командант.
Неочекувано, кога немал при себе оружје, бил ранет. По големо мачење бил изведен
пред суд. Бил осуден на смрт со бесење.Егзекуцијата била извршена во Скопје.
Јуни 1942 година
Кочо Вангелов Десановски
Кочо Десано е роден во Битола 1920 година. По занимање бил
занаетчија-столар. За време на стара Југославија бил истакнат синдикалист. По
окупацијата на Битола, Десано бил примен за член на КПЈ. Во подготовките на
исфрлување на првиот партизански одред „Пелистер“, Десано ги одржувал каналите
по кои се префрлале илегалците до над селото Лавци.
По априлската провала бил уапсен. Му било судено од фашистички суд кој го осудил
на смрт со бесење. Смртната казна била извршена во Скопје.
Јуни 1942 година
Префрлање на оружје од Втори во Први одред
По решение на Војниот комитет на МК на КПЈ - Битла, Димче Милевски-Добри
бил задолжен а го организира преносот на оружје и муниција од Втори во Први
реон, затоа што во тоа време се вршеле големи подготовки за исфрлање на партизански
одред. Преку комунистите од село Лавци од Втори реон било пренесено оружје во
водениците на Чадаровци, а потоа комунистите од Први реон го презеле и однесле
на означеното место од страна на РК на Први реон.
Пролетта, 1942 година
Партиски келии во Битолско
МК-КПЈ-Битола кој истовремено вршел и функционирал како Околиски
комитет, за поцелисходна работа, на подрачјето на Битола оформил Реонски комитет.
Тоа биле: Првиот РК што го опфаќал подрачјето од селата од Битола до село Ѓавато;
во пролетта 1942 година имал оформено партиски келии во населбите: Ѓавато, Братиндол,
Лера, Ротино, Доленци, Стрежево и Смилево; вториот РК ги опфаќал селата од Битола
до Грчко-Југословенската граница со партиски келии во населбите Бистрица, Велушина,
Граешница, Драгош, Канино, Олевени и Породин. Третиот РК ги опфаќал селата непосредно
до Битола, а се наоѓале меѓу Првиот и Вториот реон. Тука партиски келии имало
оформено во Нижо Поле, Трново, Магарево, Лавци, Брусник и др.
Освен во овие села каде имало партиски келии, партиска активност постоела во
сите битолски села.
Партиските келии од трите реони успеале да му ја разјаснат на народните маси
народната револуција, при што го мобилизирале за активна подршка и помош.
Пролетта, 1942 година
Формирање на илегален канал во Втори реон
Потребата од илегален канал на комунистите од Втори реон од една страна, со
комунистите од Егејска Македонија од друга страна, станала императив. За таа
цел, Лазо Хаџи Поповски дошол од Битола во Втори реон. Имено, на партиска директива
Насе Гецовски требало да ги изврши сите подготовки за префрлување преку село
Драгош на Лазо Хаџи Поповски во Егејска Македонија. Откако Гецовски ја извршил
својата задача, Јонче Димитровски и Ѓорги Поповски го извршиле префрлувањето
на Лазо Хаџи Поповски до село Раково, кој потоа влегол и во Лерин. Воспоставениот
илегален партиски канал минувал како следува: Битола-Бистрица-Породин-Граешница-Драгош-Раково-Лерин
и обратно.
Овој канал бил користен од повеќемина партиски функционери илегалци.
6 Јули 1942 година
Формирање на одредот „Даме Груев“
По разбивањето на Одредот „Пелистер“ МК-КПЈ-Битола во соработка со РК на теренот
веднаш почнал со подготовки за исфрлање на нов одред. По извршените припреми
на 6 Јули 1942 година во месноста над село Златари до „Синедолското кладенче“
на свечен начин бил формиран Одредот кој го добил името „Даме Груев“. Одредот
првобитно се состоел од 17 партизани. Тоа биле:
- Командир -Ѓоре Велковски-Косте
- Заменик командир- Наум Веслиевски- Овчарот
- Политички комесар- Јосиф Јосифовски-Свештарот-Ѓорче
- Заменик политички комесар- Илија Спировски- Панде
- Интендант - Пецо Божиновски-Пецо
- Гавро Пановски-Јуноша
- Петар Љутовски-Маљчик
- Вангел Нечевски-Тунело
- Ристо Тодоровски-Фет
- Виктор Мешулам- Бустрик
- Пепи Песо-Цане
- Илија Ивановски-Томе
- Ламбе Бошевски-Јани
- Крсте Соколовски-Јордан
- Мите Трајчевски-Васил
- Славе Илиевски-Стево
- Илија Илиевски- Цветан
Од сите борци биле формирани три десетини на чело со десетари. Во партизанскиот
логор животот се одвивал по строго војнички ред. Одредот поседувал мала библиотека,
биле одржувани воени и политички часови, вежби и слично.
16 Јули 1942 година
Растурени 5000 летоци во Битола
Растурањето на летоци не одело сосем стихијно. Тоа било секогаш планирано.
Едно такво мошне успешно растурање било планирано уште во месец јуни 1942 година.Тројца
активисти на КПЈ (Вера Циривири-Трена, Томе Тодоровски - Каменко и Јорго Ристевски)
по директива на партијата неколку дена го студирале планот што го претставувал
градот Битола. Биле проучувани сите улици, станбени населби, така што согласно
задачата „ни една уличка да не остане без леток“. Се одело дури и на проверување
на некои улици на терен во смисла нивната должина, бројот на зградите и слично.
Биле испланирани околу 180 лица, претежно скоевци, да земат учество во акцијата.
Тие требало да растураат околу 5000 летоци.
На 16 спроти 17 јули 1942 година според планот акцијата била успешно извршена.
Идниот ден Битола осамна преплавена со летоци.
21 Јули 1942 година
Голем судски процес на кого осудените на смрт ја пееле „Интернационалата“
Фашистичката власт во Битола после големата априлска провала и разбивањето
на Одредот „Пелистер“ организирала голем процес кој траел од 16 до 21 јули.
Во текот на процесот во судската сала имало само агенти и полицајци, а од цивилите
само адвокатите што ги бранеле некои поимотни затвореници. Во текот на процесот
никој од обвинетите не потклекнал . Дури и оние што во текот на нечовечките
измачувања нешто и признале, на судот тоа го негирале мотивирајќи го признавањето
како последица на големите физички измачувања.
Тогаш со пресудата од 21.VII. биле осудени на смрт со бесење Ѓорги Наумов, Димитровски
Блаже- Рогузинаро и Кочо Десановски- Десано, а во отсуство Стеван Наумов- Стив,
Тодор Ангелевски- Тошо Даскало, Кирил Крстевски- Платник, Лазо Хаџи Поповски,
Исак Сарфати и Пецо Божиновски-Кочо.
На истиот процес биле осудени четири лица на доживотен затвор, 9 на 15 годишен
строг темничен затвор и 2 лица на 10 години затвор.
2 Август 1942 година
Акцијата на Одредот „Даме Груев“ во село Смилево
Бугарската окупаторска власт сакајќи да го прикаже секој македонски национален
празник како бугарски за Илинден припремила голема свечаност во село Смилево
- родното место на Даме Груев, село каде се одржал „Смилевскиот конгрес“, село
кое во Илинденското востание дало многу востаници, војводи и жртви. Во врска
со тоа било планирано да го посети и селото и бугарскиот министер за внатрешни
работи Габровски. Меѓутоа, раководството на партизанскиот одред „Пелистер“ согласно
решението да го прослави Илинден решил својата прва акција да ја изведе со митинг
во Смилево. Одредот помогнат од комунистите на селата Ѓавато, Смилево, и други
(тие ги исекле телефонски жици) утрото свечано навлегол во село Смилево. Тука
одржале митинг на кого зборувале раководители и партизани на Одредот. Тие им
ја разјаснувале на селаните својата борба и воопшто борбата што ја водат народните
маси против фашизмот. Потоа Одредот снабден со храна од селаните се повлекол.
помпезноста на окупаторот изостанала.
7 Август 1942 година
Напад на село Прибилци
Партизанските одреди во Македонија во 1942 година во чест на Илинден извеле
повеќе вооружени акции. Чувајќи ја традицијата од борбениот Илинден, партизанскиот
одред „Питу Гули“ на 7 август 1942 година во 16 часот, по претходно набележаниот
план, станал господар на ситуацијата во село Прибилци, Демир Хисар.
Изборот на акција на ова село не бил случаен, имено и во Илинден 1903 година
селото било нападнато, а исто така во него постоело и административна установа,
општина. Во селото биле заробени пет лица, откако претходно биле разоружани,
запленети триесетина воени пушки, неколку сандуци со муниција, машина за пишување,
преса за умножување, радио апарат и околу четириесетина ловечки пушки. Во акцијата,
партизаните на сред село ја изгореле архивата, особено даночните и реквизициони
списоци. Исто така не изостанал и митингот на кого политичкиот комесар Наум
Наумовски- Борче, командирот на одредот Таќа Беребровски- Климе мештанинот Богоја
Јоновски одржале говор.
Заробените биле ослободени откако им се укажало дека борците се партизани и
се борат за слободна Македонија, а не разбојници, како што ги нарекувале окупаторските
пропагандни гласила.
12 Август 1942 година
Строго поверлив распис на полицијата против партизаните
Набрзо после акцијата на село Смилево извршена од Одредот „Даме Груев“ Обласната
полицејска управа во Битола препратила строго доверлив распис испратен до сите
претседатели и раководители на полицејските станици во битолската околија.
Во расписот се истакнува за засилената комунистичка дејност и слабата активност
на полицејските началници. Исто така се набележуваат низа мерки како би се парализирала
активноста на КПЈ и СКОЈ, од што се гледа немоќта на полицијата да ја исполни
својата окупаторска цел меѓу населението на Битола и битолско.
18 Август 1942 година
Напад на полицејскиот подучасток во село Кажани
Штабот на Одредот „Даме Груев“ за да му помогне на прилепскиот партизански
одред „Димитар Влахов“ и ги одвлече окупаторските сили, кои се сконцентрирале
за да го рзбијат, во координација со партиските келии од Први реон подготвил
акција за напад. Цел на нападот бил IV пограничен подучасток засилен со воени
единици. Времето на нападот било одредено да биде 0 часот помеѓу 18 и 19 Август.
Одредот се поделил на три групи со строго определени задачи. Водачи на групите
биле Ѓаваштаните Лазе Лсовски, Мијал Грбевски и Стојан Бендев. Покрај Ѓаваштани
во акцијата зеле учество партијци, скоевци и симпатизери од селата Братиндол,
Ротино, Доленци и Лера со тоа што ги исекле телефонските жици меѓу Битола и
Кажани и Кажани и Ресен.
Поради непредвиден настан акцијата започнала нешто порано, т.е. 18 Август 1942
година и траела 2-3 саати. Партизаните немале мртви. Окупаторот бил изненаден
и дал неколку жртви. Напорите што ги вложиле војниците и полициските сили да
го откријат Одредот не им успеале.
22 Август 1942 година
Строги мерки на полицијата против комунистите
Нападот на полицијата и војската во село Кажани од страна на Одредот „Даме
Груев“ и немоќта да го ликвидираат истиот ги разјарил окупаторските сили. Тие
превзеле уште построги мерки спрема населението. Во тој правец биле издадени
неколку строги доверливи наредби од страна на Обласната битолска дирекција.
Тие биле упатени до полицејските началници од кои се барало строга будност,
воведување на полициски час, забрана на минување од село в село без дозвола,
строга контрола кој што купува, шпиунирање, зголемена антикумунистичка агитација
исл.
Кон населението во селата од Први реон биле спроведени големи малтретирања,
особено спрема семејствата на илегалците и членовите на КПЈ и СКОЈ што биле
во затвор.
22 Август 1942 година
Немоќта на битолскиот областен директор Козаров
После успешните акции ви Битолско од страна на одредот „Даме Груев“ битолскиот
областен директор Антон Козаров на 22 Август 1942 година издал наредба до сите
обласни началници, управители, полицејски началници како и до сите председатели
на општините во Битолската област. Во наредбата Козаров укажува дека „во последно
време во неколкуте општини во областа се појавиле две групи на разбојници (термин
употребуван за партизаните). Тие разбојнички појави треба веднаш и со сите сили
да се уништат...“ и тн.
Козаров за таа цел покрај другото барал да се воведе полициски час, и тоа за
градовите до 22 часот, а за селата до 21 часот. Така нему потчинатите постапиле,
т.е. бил воведен полициски час, но ни тоа не можело да им помогне на окупаторските
сили, зошто народната воља била независност и слобода.
28 Август 1942 година
Спасувањето на Коле Канински
По извршената провала во село Бистрица, бугарската полиција го уапсила Буковчанецот
Спасе Пупучевски и цела група Буковчани кои им биле сомнителни на власта. Во
ова апсење бил фатен и Коле Тодоровски-Канински. Во истражниот затвор во обласната
полициска управа во Битола Канински бил „сослушуван“, т.е. измачуван. Големата
тортура го довела во прашање здравјето на Канински до таа мера што полицијата
го ставила во куќен притвор. Тоа станало на 11.IX.1942 година .Куќата на Канински
редовно дење ноќе била под присмотра од страна на бугарската полиција. Кога
се разбрало дека Канински повторно сака полицијата да го притвори МК и РК на
II реон решиле да го спречат. За таа цел бил подготвен детален план. Имено Стеван
Димовски - Стив од село Велушина, инаку физички мошне силен, една ноќ префрлувајќи
се преку зидови влегол во станот на болниот Канински иод таму кревајќи го на
раце се префрлил во темнината на улица подалеку од присмотрата на дежурната
полиција. Потоа вложувајќи натчовечки напори Канински со својот спасител стигнале
до селото Кравари, а поради сигурност заминалеза село Жабени и откако се заджале
една ноќ и ден се префрлилр на територија на Егејска Македонија во село Клобучишта.
Таму Канински останал една недела, а потоа, откако подоздравел, се префрлил
во Лерин. Претходно тој се поврзал со една битолскагрула илегалци во Лерин,
кон која и се приклучил.
Август 1942 година
Голема провала во Први реон
По неуспешниот обид на окупаторот да го пронајде Одредот се спровеле големи
апсења на територијата на Први реон. Благодарение на слабото движење на реонскиот
секретар Серафим Богдановски- Цано настанала голема провала. Предавството на
Цано водело до тоа што тој станал соработник на полицијата. Тогаш многумина
комунисти и скоевци биле затворени. Во затворот биле малтретирани, навредувани
и на крајот судени. Меѓу многумината осудени на доживотен затвор биле Борис
Стрезовски и Јонче Мурџевски, кои биле осудени на смрт и бесење.
По оваа голема провела во Први реон активноста на комунистите скоро сосема замрела.
Август 1942 година
Одредот в замка кај село Лера
Одредот „Даме Груев“ по акцијата на село Кажани се наоѓал на територијата од
Први реон. Стив воспоставил врска со Серафим Богдановски- Цано кој во меѓувреме
станал предавник. Цано им ветил храна. Одредот на пат за закажаното време се
нашол во замка. При преминот на река Шемница соркеините војници и полицајци
отвориле пеколен оган врз партизаните. Иако сјаела месечината, од окупаторот
биле упоребени и рефлектори.
Наметнатата борба Одредот не ја прифатил. Борците успеале да ја избегнат катастрофата.
Не дале ни една жртва, освен еден ранет. Одредот се разделил на 2-3 групи. По
некој ден партизаните во главно биле комплетни.
1 Септември 1942 година
Репресалии спрема родителите на партизаните
Неможејки никако да се справи со партизанските единици, како и со илегалната
работа на членовите на КПЈ и СКОЈ кои во Битола и Битолско имале бројни симпатизери,
бугаската окупаторска власт презела репресалии врз родителите и роднините на
партизаните. Имено, со наредба од 1.IX.1942 година битолската обласна дирекција
на своите потчинети им наредувала да им ги одземат сите потрошувачки карти (купони)
освен купоните за леб, на оние фамилии од кои има членови кои побегнале во паризани
или ја избегнале војничката обврска во бугарската војска. Исто така стои во
наредбата на овие фамилии да не им се даваат никакви уверенија за бедност што
би им служеле за лечење, уверенија за ослободување од училишна такса и т.н.
7 Септември 1942 година
Фашистичкиот суд во Битола донесува одлука против партизани и илегалци
По грижливото прибирање на материјали од страна на агентите од А група за обвинување
на лицата што биле во илегалство (партизани и активисти на КПЈ и СКОЈ и симпатизери
илегалци) на 7. IX.1942 година претседателот на фашистичкиот суд во Битола В.Т.
Василев свикал седница. На седницата судиите Иван Костов, Спире Јанев и Киро
Караделев и заменикот обвинителот на Обласното обвинителство Констатин Унџиев
по неколку часовна дискусија едногласно решила против партизаните и илегалците
да се применува членот 10 од „Законотза истребувње на разбојниците“.
Така окупаторските сили сакале македонската борба за слобода да ја изедначат
со разбојништво, а својата нечесна дејност за праведно дело. Врз основа на својот
заклучок биле донесени и посебни одлуки за посочување на бараните лица од областа
(партизани и илегалци).
8 Септември 1942 година
Формирање на четата „Јане Сандански“
Покрај сите строги и вонредни мерки преземани од страна на бугарската полиција
МК на КПЈ за Битола успеал на 8 Септември 1942 година да ја формира партизанската
чета, некаде споменувана и како одред, „Јане Сандански“. Четата била формирана
во горската месност над селото Лавци. Во неа биле следните борци:
- Нисим Алба- Мики
- Тодор Ангелевски- Строгов
- Трајан Белев- Гоце
- Пецо Божиновски- Кочо
- Бошевски Васил
- Броевски Сотир-Иљо
- Велковски Ѓоре-Косте
- Гецовски Насе
- Трајче Грујовски-Павле
- Тоде Дериевски-Кумо
- Милан Илиевски-Сашо
- Фана Кочовска
- Панде Јовчевски-Кајзеро
- Димче Милевски-Добри
- Алексо Мусалевски
- Вангел Нечевски-Тунело
- Петре Нешковски-Пјер
- Петре Новачевски-Ѓершан
- Анести Паневски-Ванчо
- Ванчо Прке-Сермен
- Петар Пупле-Пепи
- Бене Русо-Коки
- Самарковски Крсте-Веле
- Стефановски Веле-Славе
- Стефановски Трајче
- Коле Тодоровски-Канински
- Трпеновски Блаже
- Трпеновски Ристе
- Чолаковски Кочо-Станко
За командир на четата бил Горе Велковски-Косте, негов заменик бил ДимчеМилевски-Добри,
политички комесар бил Ванчо Прке-Сермен, а негов заменик Бено Русо-Коки, комесар
по исхрана Пецо Боѓиновски-Кочо, а негов заменик Трајче Грујоски-Павле.
Октомври 1942 година
Чолаковски Леонида Кочо
Чолаковски Кочо е роден во селото Ниже Поле во 1923 година. По занимање бил
земјоделец. Како младинец се истакнал со непосредни идеи поради што бил примен
за член на младинска воспитна група во селото, непосредно после окупацијата.
Нешто подоцна бил примен за член на КПЈ. Кога била формирана четата „Јане Сандански“
Кочо бил еден од нејзините борци. Само ден подоцна од формирањето, Кочо загина
при несреќен случај, т.е. при недоволно внимателен пренос на пушки.
Септември 1942 година
Загинувањето на Стив Наумов и Мите Богоевски
На 11 Септември 1942 година Стеван Наумов-Стив придржуван од младиот македонски
поет и револуционер од село Болно-Мите Богоевски заминал со цел да стигне до
Оперативниот штаб на НОВ и ПОМ.Тие бидејќи биле темно решиле да се се засолнат
и преноќеваат во шумата над село Болно во близината на селската црква. Меѓутоа,
нив ги забелеѓал еден предавник и го соопштил нивното присуство на бугарскиот
военкомандир од 55 полк-втора пешадиска дружина. Бугарската војска нечујно ги
опколила. Тие се засолнале времено во месност „Средно Лоиште“ од каде се бореа
со војничките сили. Во борбата Мите бил смтоносно погоден. Стив по извесна борба
се префрлил во месноста „Долец“. Тукане сакајќи да им се предаде жив на окупаторите,откако
му се свршила муницијата, се самоубил.
12 Септември 1942 година
Стеван Василев Наумов-Стив
Роден е на 27 Октомври 1920 година во Битола. Основно образование и гимназија
завршил во Битола. По матурирањето на битолската гимназија 1938 година студирал
на техничкиот факултет во Белград.
Учествувал во демонстрациите против владата заради кои бил неколку пати уапсен.
Тука Стив станал член на КПЈ. Во Битола работел во Монополот, каде ги организирал
монополските работници.
По окупирањето бил избран за секретар на МК на КПЈ за Битола. Стив бил неуморен.
Ретко кое од битолските села не било посетено од него.Во пролетта 1942 година
станал член на Оперативниот штаб за Македонија. Како приврзаник на револуционерната
линија на КПЈ, Стив работел за исфрлање на партзански одреди во билско. Во таа
смисла го формирал одредот „Пелистер“ (22.IV.1942 година), а подоцна на 6.VII.1942
година и одредот„Даме Груев“.
Бугарскиот окупаторски воен суд го осудил во отсуство на смрт, а во исто време
го уценил со 200 000 лева. При заминувањето за Преспа, заедно со поетот-борец
Мите Богоевски, Стив бил опколен во гората кај село Болно, а во петчасовна борба
со многубројна војска и полиција, Стив за да не падне во нивни раце, се самоубил.
За народен херој на Југославија е прогласен во 1945 година.
12 Септември 1942 година
Автоматско осудување на смрт на сите илегалци
Согласно решението петочлената група на фашистичкиот суд во Битола, донела
одлука заведена под излезен број106/42, а публикувана во локалниот весник „Пелистерско
ехо“ број 37 од 12.IX.1942 година. Според решението секој жител бил задолжен
да ги пријави каде се наоѓаат сите наведени лица во решението, кои во главно
биле илегалци и партизани. Рокот бил 20 дена од објавувањето на решението. Доколку
блиските, роднините, пријателите или тие самите не се пријавеле во одредениот
рок, автоматски „по силата на законот“ биле прогласени како лица осудени на
смрт.Во решението се барале лица од Битола, Лавци, Слепче, Крушево, Варош и
Прилеп.
Со ново решение број 107 од 17 Октомври 1942 година,биле накнадно барани нови
лица од Битола, Лавци и Нижо Поле.
22 Септември 1942 година
Застрашувачки мерки на Министерството за внатрешни работи
Поради засиленото партизанско движење и акции на партизанските одреди во Македонија,
Министерството за внатрешни работи донесло наредба број 2041 од 22.IX.1942 година
потпишана од министерот Габроски,со која се предвидувале репресалии спрема населението.
Со споменатата наредба морале сите органи на власта најстрого да ги следат сите
непознати лица во населбите и секој непознат морале да го пријавуваат на власта.
За прекршителите биле предвидени казни на кои им суделе воени судови.
застрашувачките мерки важеле и за Битола и за околните села.
29 септември 1942 година
Репресалии против евреите
Комесарот за европски прашања Александар Белев потпишал заповед на 23.XI.1942
година која била во врска со значките т.н. „Давидови ѕвезди“. Овие ѕвезди евреите
морале да ги носат од 29.IX.1942 . Еврејските значки биле два вида тркалезни
и шестокрака ѕвезда. Тркалезните значки биле за оние кои имале извесни заслуги
кон бугарската држава, а за оние другите биле предвидени шесокраки жоли ѕвезди.
За евреин кој по 29.IX.1942 би се фатил без споментите ѕвезди било предвидено
да се затвори и да се казни со глоба од 100 000 лева.
Така обележани евреите во Битола од 29.IX.1942 ги носеле на реверите т.н. „Давидови
ѕвезди“.
Септември 1942
Обид за труење на партизани во I реон
Една група илегалци меѓу кои и Трајан Велев - Гоце се наоѓале во близина на
селото Лера. Таа група имала намера да се приклучи кон одредот „Даме Груев“.
Но бидејки немале храна се поврзале со Серафим Богдановски - Цано за кого не
верувале дека може да биде предавник. Цано им ветил храна и на закажаното место
им донесол затруена храна. Целта на полицијата била не да ги отруе борците туку
да ги успие, а потем живи да ги фати. Истовремено Цано ја известил и полицијата.
Настанали заокружување на групата која се состоела од 7 мина. Некои борци успеале
да се пробијат и да се спасат но Илија Ѓокановски и Арон Ароуести биле фатени
и погубени. Нивните трупови биле однесени во Кажани и закопани на непознато
Место.
Септември 1942 година
Џокановски Ј. Илија - Џокано
Роден во 1912 година во селото Буково - Битолско. Уште како мал, на 14 години,
тој излегува од дома и оди во Франција, кај својот татко печалабар. Таму се
запознава со битолчанецот Јорго Христовски - Ѕ вончарот. Двајцата станале членови
на КП во Франција.
Во 1938 година Илија заминал воБелграс каде се запослил во фабрилата за авиони
„Змај“ а во 1942 година се вратил во Битола и продолжил да соработува со: Јорго
и Кице Христивски, Ѓорѓи Наумов, Никлецот и други. Од 1941 активно се вклучил
како член на КПЈ во организирањето и оформувањето на СКОЈ-евски групи. Исто
така организирал растурање летки, читање на билтени, собирање на „црвена помош“,
облека и с.л.
Во 1942 година есента, после нападот на полицискиот участок кај село Карамани,
Илија бил илегалец прво во село Ротино, но поради големата провала бил префрлен
во село Лера.Тука е фатен од страна на бугарската полиција, мачен и стрелан.
Септември 1942 година
Ароести Аврам Арон
Роден е на први јуни 1946 година во Битола, а по занимање бил продавач на емиш
и зарзават. До 1942 бил член на воспитна група, а во 1942 година заминал во
партизански единици. После фамозното предавство на Серафим Богдановски во селото
Лера групата во која се наоѓал и Арон била провалена и разбиена. Во тоа време
загинал и Арон.
22 Октомври 1942
Ѓорѓиевски Цветов Стерјо - Жорж
Роден на 6.VI.1922 година во сиромашна многучлена работничка фамилија. По занимање
бил кондураџија. Уште во предвоена Југославија дружејќи се со повозрасните работници
си зачленил ви УРС-овите синдикати и дури станал и раководител на кондураџиската
синдикална подружница. Бил сакан и ценет меѓу работниците кое му овозможило
во 1939 година да го организира штрајкот на кондураџиските работници. Веднаш
по окупација Стерјо станал член на КПЈ и МК. Зел учество во припремите на Илинденската
демонстрација, организирал врски за прибирање на храна, оружје и с.л. со подпелистерските
села: Бил близок со Стив, Лозо Хаџи-Поповски и други раководители на НОБ во
Битола и Битолско. Кога се формирал одредот „Даме Груев“ Стерјо бил негов борец
со псевдинимот Жорж. Зел учество во акциите на Одредот (Смилево, Кажани, Сопотско).
По одржаниот митинг во Сопотско настанала борба со бугарските фашистички сили
во која тој бил убиен. Тоа било на 22 Октомври 1942.
26 Октомври 1942
Реџепов Асанов Алим
Реџепов Алим е роден во Битолското село Трновци на 2 Мај 1904 година. Припаѓал
на бедно земјоделско семејство, а и самиот се занимавал со земјоделие. За време
на окупацијата Алим, според своите можности, често ја помагал борбата на македонскиот
народ против фашистичката власт. Бугарската власт во потрага на симпатизери
и комунисти успеала да гооткрие Алим како активен помагач на НОБ. По големото
измачување го стрелала во селото Трновци на 29 Октомври 1942 година.
29 Октомври 1942
Мурџевски Апостолов Јонче
Јонче Мурџевски е роден во село Ѓавато на 5 Мај 1928 во крајно бедна фамилија.
По занимање бил земјоделец, но приврзаник на прогресивното струење во селото.
Блиските контакти со Тодор Ангелевски и Трајан Белев довеле Мурџовски брзо да
ја прифати комунистичката идеологија и да стане член на КПЈ, а воедно и секретар
на СКОЈ во Ѓавато.Неговата куќа било мошне погодно стално сврталиште на илегалци
и место за партиски состаноци. Покрај редовните партиски должности Мурџоски
одржувал контакти со одредит „Даме Груев“. Бил еден од раководителите и најактивните
комунисти во Ѓавато.По големата провала бил уапсен во затворот и буквално претепан.
Судот го осудил на смрт. Бил обесен во битолскиот затвор.
30 Октомври 1942
Борис Стрезовски
Борис Стезовски е роден во Дебар во 1918 година. По занимање бил учител и како
просветен работник бил на служба во битолските села Стежево и Ѓавато. Тука Борис
покажал примерна активност во просветувањето на населението и организирање на
истото во борбата против ненародниот режим. Како член на КПЈ ја организирал
младината на Ѓавато да создаде легални форми на работа. Во својата револуционерна
работа бил неуморен. Одржувал врски со битолскиот одред „Даме Груев“, од чие
раководство добил задача да направи скица на објектите предвидени за напад од
страна на Одредот, кое нешто Борис со голема педантност и точност го сторил.
Во провалата која настанала во Првиот реон Срезовски бил затворен во Битолскиот
затвор и по долго измачување осуден од фашстичкиот суд на смтрт со бесење. Смртната
пресуда била извршена во затворот кај Црн Мост во 1942 година.
15 Ноември 1942
Акцијата на четата „Јане Сандански“ на железничката станица кај село Српци -
Беранци
На почетокот на месец Ноември четата „Јане Сандански“ се наоѓала во близина
на село Лавци. Раководството на четата откако ја проучило целокупната ситуација
во Битолски решила четата да превземе акција. На 15.XI.1942 во ноќта партизаните
од четата „Јане Сандански“ извршиле смислен напад на железничката станица кај
село Српци - Беранци која се наогала на околу 12 километри оддалечена од Битола.
Четата на чело со командирот Ѓоре Велкиовски - Косте нападнала на станичната
зграда и стамбената зграда каде се напѓале бугарски војници. После пресметката
во која партизаните немале загуби, а непријателот неколку војници, четата се
повлекла кон село Лавци.
23 Декември 1942
Осмонов Мефаил Нехад - Ќеата
Нехад е роден во село Будахово во 1919 година во бедна земјоделска фамилија.
Како млад Нехад покрај со земјоделието во слободното време си ги одмерувал силите
како пеливан, со други борачи како него. За време на стара Југославија бил регрутиран
во армијата а по капитулацијата во есента Семптември - Октомври 1941се вратил
од заробеништво во родното село.
Неговата смрт дошла како последица на предилното мачење од страна на бугарските
окупатори. Нехад нил наклеветен дека поседува оружје поради кое бил страшно
мачен. Бил претепан, а потем од маса му скокале на стомак, а после сето тоа
го терале при свирката на гајда да игра бос во снегот. Сето ова се случувало
во село Дедебалци. Нехад потоа се лекувал, но како последица на тепањето на
23.XII.1942 година починал.
1942 година
Втора тајна партиска техника
Според нацртите на Стив, тогашниот механичар ја изработил партиската техника
која била сместена во куќата на Пепо Хасан, т.е. во една соба од таа куќа. Тука
биле печатени летоци со борбена содржина кој давале правилна политичка ориентација
на населението. Во оваа куќа секоја недела се печателе по 5 и повеќе разновиден
материјал, кој по пат на организирана мрежа се пренесувал во разните делови
на градот и селата.
За работата на техниката знаеле Стив, Бено Русо и брат му на Бено Алберт Русо.
Во оваа куќа, илегалната техника останала до Август 1942 година, а потоа била
пренесена во друго место поради опасност од провала.
1942 година
Батино Ј. Рафаел
Батино Јосеф Рафаел е роден во Битола 1910 година каде го завршил францускиот
колеџ. Потоа бил испратен во Мексико при свои роднини од каде поради револуционерна
активност, во 1933 бил протеран. Во Битола држел предавања во францускиот клуб,
а во 1935 година во Скопје веќе ја започнува својата илегална работа поврзувајќи
се со Белград, од каде ги шири „Нолитовите“ изданија. Бил осуден на 5 години
затвор во Сремска Митровица, од каде во 1941 година успеал да избега. Потоа
се приклучил кон партизанските единици во Ужице и загинал како партизан во српските
одреди во 1942 година.
1942 година
Пепи Ј. Песо
Песо е роден во Битола во 1918 година. Работел како работник. Тој меѓу првите
излегол во партизани, т.е. есента 1942 година. Набрзо бил фатен, затворен, мачен
и на крајот стрелан од бугарската полиција.
1942 година
Христовски Јосиф
Роден е на 15 Декември 1914 година. Основно училиште завршил во францускиот
колеџ во Битола, а потоа продолжил во битолската Гимназија. Матурурал во Битола
1933 година, а потоа студирал право во Белград. На студиите секогаш наоѓал време
и за марксистичка литература. Неговото доачање во Битола се карактеризира со
тоа што бил еден од иницијаторите за создавање на МК во Битола. Кога истиот
се формирал Јосиф бил негов член. Бил обвинет од полицијата и затворан два пати:
прво во Битола заедно со својот брат Христо, а потоа и во Сремска Митровица.
Во овавреме во Сремска Митровица бил затворен и познатиот револуционер Моша
Пијаде, кој работел со помладите комунисти.
Пред капитулацијата на старата југословенска војска, група политички затвореници,
меѓу кој бил и Јосиф, успеале да избегаат од затворот преку тунел кој го ископале.
Извесно време Јосиф работел илегално, а потоа се приклучил кон партизанските
единици во Србија. Како партизан загинал во 1942 година.
1942 година
Мавровски Сотиров Петар
Мавровски Петар потекнува од село Маловиште, Битолско. По занимање бил работник.
Неприфаќајќи ја окупацијта и фашизмот како идеологија Петар станал соработник
на НОБ. Меѓутоа непријателските сили успеале да го откријат како таков и да
го уапсат. Бил извесно време затворен, а потоа во Крагујевац 1942 година бил
стрелан од германскиот експедициски корпус.
|