Настани 1941 година
Јануари 1941 година
Формирање на партиска келија во монополот по заслуга на Стив Наумов
Стеван Наумов –
Стив, во почетокот на новата 1941 година, стапил на работа, како писар, во битолското
тутунско препријатие, популарно викано Монопол. Нeговата работа не се состоела
само да привредува за себе туку и за нешто многу повеќе – инено, да оформи партиска
келија во оваа работничка средина. Спроведувајќи ја целта, Стив полека, но брзо
и сигурно напредувал. Кога одговорните на Монополот виделе дека Стив се занимава
со револуционерни работи меѓу работниците, решиле да го оневозможат во тоа,
Немајќи конкретни докази за да го отпуштат од работа, тие решиле да го деградираат
и понижат, т.е. го префрлиле да работи како општ работник, сметајќи дека Стив
сам ќе се откаже од работа. Но, Стив не само што не го напуштил Монополот, туку
дошол до поголем контакт со работниците. Преку своето скромно држење и однос,
како и преку песните што ги пеел (обично руски револуционерни), тој ја стекнал
општата симпатија на монополците, со што партиската келија била оформена, а
наскоро работниците- членови на КПЈ отпочнале и со саботажи во Монополот.
10 февруари 1941
година
Формирање на набавно-продајна задруга
На 10 Февруари
1941 година,, во просториите на негогашниот француски клуб (сега простории на
шаховскиот клуб „Стево Патако“ ), Иницијативниот одбор за формирање на женска
задруга во Битола во состав Катерина Хололчева, Нада Богданова, Блага Бакалинова
(Синицка), Др. М. Попадиќ и Даринка Петрова (Арсова) се состанал и тогаш официјално
била оформена задругата. Таа била регистрирана како „Женско набавно-продајна
задруга“. Формирањето на задругата било извршено по налог на партијата со крајна
цел не толку стопанисување, туку собирање на жени и младинки од Битола и нивно
вклучување во општествено-политичкиот живот, како и културно-просветно издигнување
на членките. Раководството на Задругата организирало усни новини, анкети, предавања,
а бил прославен и Меѓународниот ден на жената, 8 Март 1941 година.
По окупацијата на Битола, по директива на Партијата, активистки од Задругта
ја регистрирале овојпат под име „Женска потребителна кооперација“. Секретниот
актив / , Нада Богданова, Блага Бакалинова (Синицка), Др. М. Попадиќ, Деса Миљовска,
Даринка Петрова (Арсова) / и натаму продолжиле да ги спроведуваат директивите
на партијата- илегално преку Кооперацијата. Така, преку ѕидните новини и слично,
се потенцирал колективизмот, другарството и сл. Всушност, тие биле идеолошки
подготовки на членовите за идни членови на СКОЈ и КПЈ. Биле организирани заеднички
излети, каде се рецитирале борбените стихови на Смирненски, се пееле борбени
македонски песни, а во градот се организарале забави, матинеа, чии приходи оделе
како „црвена помош„ за Партијата. Поради активноста, многу членки паднале во
затвор, а бугарската власт решила и со решение ја забранила дејноста на Кооперацијата
во маj 1943 година.
27 Март 1941 година
Мартовски демонстрации
Превратот што бил
извршен во Белград, т.е сменувањето на капиталистичката влада на Цветковиќ-Мачек,
комунистите во Битола недоволно спремни го дочекале. Тие, превратот од 27ми
март 1941 година не го искористиле и не реагирале.манифестациите што биле во
Битола ги организирала битолската богословија заедно со професори и ученици
од другите школи, како и офицери и чиновници, повеќе како израз на радос за
младиот крал и надеж на англофилска ориентација. Но, овие манифестации кај населението
немале никаков одраз.
Март 1941 година
Протести на селани пред Комесарството
Комунистите од село
Ѓавато заедно со незадоволните соселани, околу 50-60 души, мажи и жени, од порано
договорени, тргнале кон Комесарството да бараат прехранбени артикли (сол, масло
и сл.). Таму, тие сретнале друга група селани од други села со иста цел. Во
канцеларијата на Комесарството влегле само жени, истапувајќи смело со своите
барања. Меѓутоа, разочарувањето било поголемо, затоа што добиле само „ветувања“.
Март 1941 година
Формирање на прва СКОЈ-евска група во Ѓавато
Постапувајќи по
директивите на Блажо Орландиќ - омасовување на Партиската келија и формирање
на СКОЈ, во март 1941 година, во Ѓавато, прогресивните и проверени младинци
формирале прва СКОЈ-евска група. Неа ја сочинувале:
- Јонче Мурџевски-член на КПЈ-
секретар
- Мијал Грбевски
- Лазе Ласоски
- Науме Ј. Тунтевски
Покрај теоретско
изградување и други деловни работи, групата имала за задача да ги разбие патријахалните
сфаќања на селото и да привлече за симпатизери и соработници и младинки, во
што нешто подоцна и успеале.
Март- Април 1941
година
Формирање на СКОЈ-евски организации во II реон
Во периодот од месец
март-април 1941 година скоро во сите села од II реон биле формирани СКОЈ-евски
организации. Поточно, тие биле формирани во селата: Драгош, Породин, Велушина,
Канино и Бистрица. На овој терен од Бистрица до Драгош во СКОЈ-евските групи
членувале преку 30 млади комунисти. Нивната активност била мошне голема, особено
во извршувањето на секојдневните партиски директиви (пренос на писма, материјали,
прибирање на помош и тн.).
9 Април 1941 година
Окупирање на Битола
Германските фашистички
сили, без објава на војна, на 6ти април 1941 година ја нападнаа Југославија.
Под команда на генералот Фон Лист, 12-та германска армија, во чиј состав се
наоѓала дивизијата „Адолф Хитлер“ и други единици, по краткотрајна борба, на
9 април 1941 година, ја зазедоа Битола. Во краткотрајните улични борби против
Германците, загина младинецот Ари Ангелковски, кој е и прва жртва на фашизмот
во Битола. Истовремено беа убиени и неколку германски војници од моторизиранте
СС одреди.
9 Април 1941 година
Борби со германските сили на Дервен
На преминот меѓу
Ресен и Битола, бившата југословенска армија имала направено по патот за Битола
препреки од балвани (трупци) и камења на секои 200 метри. Тој терен бил чуван
од еден зајакнат батаљон, снабден со потребна муниција, оружје и други воени
материјали. Кога наближиле германските тенкови, ноќта на 9ти април отпочнала
борба во која од страна на југословенската војска паднале околу 50-60 мртви
и ранети. Германците, како надмоќни, лесно ги поминале препреките. По борбата,
на Дервенот останале многу воени материјали, оружје и муниција. Пнаредба на
Партиската ќелија доста од материјалот и оружјето било прибрано и сокриено.
12 Април 1941 година
Идрисовски Љушов Демир
Демир е роден во
село Трновци-Битолско. По занимање бил земјоделец. Бугарската окупаторска власт,
имајќи негативен однос кон припадниците на националностите, го заклала Демира
во село Жван (Демир Хисар)
22 Април 1941 година
Навлегување на бугарски окупаторски војски и администрација во Битола
По окупирањето на
Македонија од страна на Германците, бугарската војска, т.е. делот од V бугарска
армија, односно XV дивизија, на чело со полковникот Иван маринов, дошле во Битола.
По бугарската војска бил испратен и полициски апарат кој формирал обласна полициска
управа, градска полициска команда, така наречени бојни полициски чети- дел од
моторизираната полиција , коњичкиот ескадрон и слични полициски управи лоцирани
во околината на градот. Исто така, од Бугарија бил донесен и броен административен
апарат, како чиновници и слично.
За цело време на Народната револуција, целокупниот окупаторски апарат бил ставен
во активна состојба против месното население и неговите претставници, илегалците,
партизаните и НОВ.
Април 1941 година
Проширување на МК-КПЈ-Битола
Поради новонастанатата
ситуација (окупацијата, војната, прекинати врски со ЦК КПЈ и слично) веднаш
по окупацијата, МК на КПЈ-Битола бил проширен. Тој броел 8 членови и тоа: секретар-
Стеван Наумов- Стив и членови Бојчевски Ставре, Новачевски Петре, Тодоровски
Никола, Хаџи Поповски Лазо, Хололчев Крум, Христовски Доде и Чаловска Лилјана.
Покрај другото, новиот МК решил да се прибира се што е можно од разбиената југословенска
војска-оружје, храна, облека и истото да се сокрива.
Април 1941 година
Илегалната печатница во Битола
Веднаш по окупацијата,
Стеван Наумов-Стив како секретар на МК на КПЈ- Битола посветил големо внимание
на партиската техника. Тој беше изработил цел систем за начинот на раководење
со илегалната печатарска работа, врски, пренесување на материјали и сл. Техниката
била добро сместена во станот на Томе Тодоровски - Каменко. Со техниката раководел
Васил Тодоровски - Мајоро. Со основни материјали за печатење, главно снабдувал
Цане Стојанов- Газдата. Летоците и радио- билтените ги пишувал Стив, како и
другите членови на КПЈ и СКОЈ. Стив заедно со Пецо Божиновски и Томе Тодоровски-
Каменко на повеќе пати помагале за навременото излегување на печатените материјали
и кои по еден строго определен начин биле растурани во градот.
Јуни 1941 година
Формирање на читалиштето „Даме Груев“
Во текот на април
1941 година во Битола бил формиран таканаречен национален комитет во кој членувале
пробугарски настроени Битолчани. Овој комитет си зел за право да бара од бугарската
фашистичка воена власт во Скопје да преземе акција за „ослободување“ на Битола
и битолско.
По доаѓањето на окупаторските „ослободителни„ сили , националниот комитет презел
иницијатива да отвори гратско читалиште. Набрзо почнала да пристигнува литература
со содржина каде Македонија се третирала како етнички составен дел од Македонија.Основачкото
собрание требало да се одржи во месец јуни. МК на КПЈ-Битола дознал за датумот
на основачкото собрание на кое присуствувал голем број на членови на КПЈ и СКОЈ,
прогресивни студенти и работници од Монополот.Обидот на националниот комитет
да го превземе раководството на управата се изјаловил зошто во неа влегле прогресивни
лица и членови на КПЈ, со што читалиштето не можело да ја одигра онаа улога
која му била наменета.
8 Јуни 1941 година
Формирање на фудбалски клуб „Работник“
Веднаш по окипацијата
на Битола неколку монополски работници- членови на КПЈ- дошле на идеја да формираат
фудбалски клуб. Тој клуб, пред се, по нивното мислење, требал да ги опфати членовите
на партијата, СКОЈ или симпатизерите на Советскиот Сојуз. Во тоа нешто Стеван
Наумов- Стив, кој дотогаш работел во Монополот, зел видно учество. Тој дури
ја искажал можноста играчите или членовите на управата на фудбалскиот клуб,
како членови на КПЈ, полесно да се движат, пренесуваат материјали, т.е. да ги
искористат легалните форми на партиската рабата, прикриена позади клубот. Откако
се нашле доволно играчи во кафулето на Кочо Тромбев, на 8 Јуни 1941 година,
иницијаторите, мегу кои и Стив, решиле да се формира фудбалски клуб, а го именувале
„Работник„. Така и станало.Многумина покрај спортската работа, често вршеле
и партиска работа. Откако бугарската полиција тоа го насетила, го забранила
името „Работник“ и му го наметнала името „Свобода“, а во управата за потпретседател
наметнале свое лице (шефот на полицијата кој нередовно доагал на состаноци).затоа
многумина играчи почнале да го напуштаат клубот;некои биле апсени, така да клубот
при крајот на своето постоење ја загубил својата првобитна намена.
Во клубот, како раководители се истакнале: (прв претседател) Горѓи Тодоровски,
Доде и Ката, Најдовски Коста- Цоцо, Вангел Алтипармаков- Бумбарот и др.
15 Јули 1941 година
Формирање на партска келија во Лавци
МК на КПЈ- Битола
откако извршил опстојно размислување и анализа на положбата на село Лавци, решил
да формира партиска келија во селото. За таа цел МК го задолжил Тодор Ангелевски
- Даскалот да даде предлог кои лица би дошле во предвид за први членови во КПЈ
во Лавци. Тогаш Тодор Ангелевски направил список на оние кои доагале во предвид
и списокот му го доставил на Никола Тодоровски - Коле Канински. Канински набележаните
на списокот ги поканил да се сретнат на одредено место така нарешено - Казимица.На
состанокот Канински им соопштил на повиканите дека од тој ден тие стануваат
членови на КПЈ и нивната борба против фашизмот од тој ден станува уште поосмислена
и поорганизирана.
На состанокот присуствувале: Ангелевски Томе, Гицовски Перо, Митревски Ристе,
Ристевски Аце и Самарковски Крсте, кој воедно бил избран за секретар на келијата.
Почеток на август,
1941 година
Формирање на СКОЈ-евски групи во село Лавци
Набрзо на партиската
келија во село Лавци, во пошетокот на август биле формирани и СКОЈ-евски групи.
Формирањето на СКОЈ-евските групи станало многу набрзо, зошто членовите на КПЈ
во Лавци со години ги познавале прогресивните младинци. Тие дотогаш со својата
револуционерност докажале дека се зрели и способни да станат членови на СКОЈ.
За формирањето на СКОЈ биле задолжени Аце Ристевски и Анка Ангелевска.
Во првата СКОЈ група станале членови: Брбевски Сотир, Горѓевски Лазо, Крчановски
Мише и Ташковски Панде.
Во втората група биле примени следните младинци: Василевски Мишко, Митревски
Коле, Саламовски Мише и Ташковски Стево.
Третата СКОЈ-евска група ја сочинувале: Гудовски Пецо, Дечевски Панде - Љането,
Ивановски Сотир и Гуталовски Гоце.
Третата група, како и четвртата биле формирани нешто подоцна од првите две.
Во четвртата група биле младинците: Иљчовски Ице, Ќавкаловски Вељо, Окров Коле
и Цановски Никола. Пред овие две групи била формирана и женска СКОЈ група во
која членувале: Ангелевска Велика, Ристевска Мара, Трајчева Анча и Ташкова Лена.
Со СКОЈ-евските групи раководеле, со машките Аце Ристевски, а со женските Анка
Ангелевска. Подоцна било формирано и СКОЈ-евско езгро во состав: Ангелевска
Веца, Трајчева Анча, Ристевска Мара и Ташкова Лена. Со него раководела Анка
Ангелевска.
2 Август 1941 година
Ратурени летоци во II реон по повод Илинден
Непосредно пред
големиот празник на Македонскиот народ- Илинден 1941 година, кога МК вршел подготовки
за илинденската манифестација во Битола, за да се почувствува правилно македонското
тумачење на Илинден, на територијата помегу Бистрица и Драгош, преку членовите
на КПЈ Ристо Трпеновски, Петар Нешковски - Пјер и други, биле растурени многу
летоци. Во нив биле изнесени борбите за национално ослободување на македонскиот
народ во минатото, како и потребата од нови борби од новиот поробувач.
2 Август 1941 година
Илинденска демонстрација во Битола
Партиската организација
во Битола ја осуети бугарско-окупаторската готвена помпезна церемонија. Имено,
членови на КПЈ и СКОЈ од Битола и околните села придружени од симпартзери на
Партијата, развија транспарент на кој беше напишана паролата „Да живее слободна
Македонија“. Манифестантите со извици „Долу предателите на македонскиот народ“
го оневозможија пробугарски ориентираниот Мицко Романо да одржи говорот на „Ат
пазар“ каде беше предодредена церемонијата, зошто тука беше обесен војводата
од периодот на Илинденската револуција Алексо Турунџев.
Овој настан е познат како Илинденска демонстрација.
Бугарската коњичка и моторизирана полиција со сила ги растера демонстрантите,
па и церемонијата изостана.
28 Август 1941
година
Дочек на владиката во село Ѓавато
Окупаторската власт
сакајќи што повеќе да се здобие со симпатии мегу населението, му приредила помпезен
пречек на владиката Борис Симонов Неврокопски, родум од Ѓавато, нашколуван од
Егзархијата и приврзаник на окупаторските сили. Во селската црква владиката
одржал говор во кој почнал да го напаѓа комунизмот, Советскиот Сојуз како и
народноослободителната војска. Тогаш младите комунисти и симпатизери од Ѓавато
на чело со Јонче Мурџевски демонстративно ја напуштиле црквата со што „гробната“
тишина била нарушена, а целта на владиката осуетена.
Лето, 1941 година
Формирање на партиски келии во село Стрежево и Доленци
После нападот на
Хитлерова Германија на Советскиот Сојуз, комунистите Трајан Белево од Ѓавото,
Борис Стрезовски и другите членови на ѓаватската партиска келија во текот на
мај, јуни, јули, август и септември успеале да ги засилат своите контакти со
членовите од соседните села и од сипатезирети на КПЈ да оформат партски келии
во селата Стрежево и Доленци, додека во селото Лера постојната била проширена.
Новоформираните партски келии веднаш почнале со партиска работа, т.е. ги спроведувале
партиските директиви во дело.
Август- Септември
1941 година
Стеван Наумов - Стив во партиската келија во селото Стрежево
Во крајот на месец
авгуси и пошетокот на септември 1941 година, Стеван Наумов- Стив дошол во селото
Стрежево. Таму конферирал со членовите на партиската келија. Во исто време тој
ја испитувал готовноста на членството на КПЈ за борба против фашистичките окупатори.
Потоа Стив се упатил за село Лера.
Почеток на септември,
1941 година
Формирање на партиска келија во село Ротино
После смисленето
агититање меѓу симпатизерите на КПЈ од село Ротино, Трајан Белев заедно со уште
еден млад комунист ( неидентификуван) во почетокот на септември 19431 година
во куќата на Тодор Гл. Наумовски ја формирале партиската келија на КПЈ. Нејзини
членови станале: Станко Петревски, насте Босилковски и Тодор Гл. Наумовски.
Веќе истата вечер, во истата куќа, за членови на КПЈ биле примени Ставре Умчевски,
Коле Лазаревски, Апосол Симоновски- Поце, Петре Трајчевски и Трајан Симоновски.
Партиската келија набрзо се активирала и ги спроведувала сите поставени задачи
од партиското раководство.
Прва половина на
септември, 1941 година
Формирање на партиска келија во село Братиндол
Кон првата половина
на месец септември 1941 година во куќата на Петре Ристевски се собрале самиот
Петре, Методија Костадиновски, Јонче Ристевски, Стеван Ристески, Борис Котевски
и Васил Гроздановски на кој состанок дошло по претходно договарање на споменатите
и Трајан Белев од Ѓавато.Тогаш била формирана и партиска келија во селото Братиндол.
За секретар бил избран Петре Ристевски.
Келијата заработила брзо, одржувала по два и три состаноци дневно и набрзо покажала
видни резултати.
Септември 1941
година
Штрајк на гимназистите
СКОЈ-евската организација
во Гимназијата првата своја акција против окупаторскиот режим ја извела во септември
1941 година. Тогаш раководството на СКОЈ организирало на штрајк против плаќањето
на училишната такса. Штрајкот носел чисто политички белег. На денот кога бил
објавен штрајкот, пред зградата на Гимназијата биле поставени СКОЈ-евци кои
им објаснувале на неупатените ученици и родители зошто треба и тие да не плаќаат
такса. Родителите на учениците Македонци го прифатиле штрајкот. Иако дирекцијата
забранила да ги посетуваат часовите оние ученици што не платиле такса, тие сепак
дури и со сила влегувале во училниците и ги посетувале часовите. Дирекцијата
била принудена да ја измени одлуката, со што штрајкот успеал.
Учебна 1941/42
година
Гимназиска СКОЈ-евска организација
Најјаката СКОЈ-евска
организација во Битола во времето на 1941/42 година била таа во Гимназијата.
Со СКОЈ во Гимназијата раководел секретаријат во кој влегувале: Доти Петар,
Каранфиловски Димитар, Ристевски Јорго и Чакаловска Цвета. Раководител на секретаријатот
бил Каранфиловски Димитар. Меѓутоа, поради разгранетата дејност на СКОЈ во Гимназијата
била извршена извесна реорганизација, т.е во Секретаријатот покрај споменатите
влегле и раководителите на таканаречените „езгра“ (јадра), всушност раководителите
на класните СКОЈ-евски групи и тоа од VII класови Здравко Ковачевски; од VI
Коле Јанкуловски, а од V Кице Најдовски.
По паѓањето на Димитар Каранфиловски во затвор, со гимназискиот Секретаријат
на СКОЈ раководел Јорго Ристевски се додека не се формирало новото СКОЈ-евско
раководство, чии надлежности ги опфаќало сите СКОЈ-евски групи во градот.
Октомври 1941 година
Подготовки за исфрлување на одред
Во половината на
октомври 1941 година околу сто души беа спремни да стапат во одред од Битола
и битолско. Меѓутоа, иако луѓето беа подготвени, до реализирање на замислата
не дојде поради апсење од страна на бугарската полиција на активисти, кое и
нанесе голем удар на Организацијата; невреме (падна снег); интернирање на неколкумина
активисти во Бугарија; опортунистчкито гледање на партизанското движење што
го зафати КП по апсењето на Лазар Колишевски.
Октомври 1941 година
Формирање на партиска келија во село Смилево
Постојната самостојна
прогресивна група во село Смилево во месец октомври 1941 година прераснала во
организирана келија. Тоа станало кога Киро Матлиевски по врски дошол во Битола
( во куќата на Блаже Рогозинаро) и на партискиот состанок бил задолжен да формира
партиска келија во селото Смилево. По враќањето во селото, Матлиевски заедно
со Веле Даскаловски опфатиле уште тројца смилевчани и со тоа била оформена келијата.
Во неа биле: Киро Матлиевски, Веле Даскаловски, Наум Жежовски, Томо Стојчев-Кочовски
и Јордан Велев-Марушевски. Секретар бил Киро Матлиевски.
Октомври 1941 година
Мирослав- Мирко и Станислав- Танче Живковиќ
За време на стара
Југославија учеле во битолската гимназија. По окупацијата на Македонија, фамилијата
Живковиќ ( мајка им, трите браќа и една сестра) била присилена да замине во
Србија - Краљево.
Во ова време во Србија се распламтува револуцијата. Многу младинци- патриоти
веќе презеле диверзантски акции во околината на краљево. Една ноќ во првите
октомвриски денови, партизаните нападнале и ја зазеле скоро половината од градот.
Германските сили успеале да го одбијат нападот. За да го заплашат населението
извршиле блокада на Краљево, од населението собрале 5500 мажи, младинци, па
дури и деца од 13 години Во знак на одмазда утредента сите биле стрелани.
Таа ноќ биле одведени и Мирче и Танче. Утредента Краљево осамна во црно. Една
третина од населението била стрелана, меѓу кои и браќата Живковиќ.
5 Ноември 1941
година
Одлука за исфрлување на нови одреди
Новиот ПК на чело
со Лазо Колишевски после нападот на полицискиот учесток во Прилеп на 11 октомври
1941 година, на 5 Ноември донесол важна одлука- имено - исфрлување на нови одреди
во првата половина на ноември во битолско, ресенско, крушевско и велешко.Оваа
одлука го ангажирала МК и воениот штаб при МК. Тие на чело со Стив работеле
деноноќно , за прибирање на храна, оружје, облека и сл. Сите тие артикли и материјали
ги складирале со цел да им се дадат кога ќе биде потребно на Одредот, кој исто
така бил планиран за исфрлање.
Во во ова време биле засилени посетите и ревизиите на партиските келии во битолско.
5 Декември 1941 година
Станојевиќ Милан Ѓорѓе
Станоевиќ е роден во Битола на 23.III.1915
година. По завршувањето на основното училиште почнал да учи железарски занает,
така што по професија станал железар.Како младинец бил опфатен од прогресивното
младинско движење во градот, а по окупацијата, како член на СКОЈ, се приклучил
кон партизанските одреди на Југославија. Како партиан на Озренскиот одред зел
учество во акциите на истиот. Бил примерен борец и другар. Во една борба со
српските квислингшки единици на Недиќ, кај селот Јашаница, бил заробен. На 5
декември 1941 година, Ѓорѓе Станојевиќ бил стрелан поради неговата припадност
кон НОВ.
19 Ноември 1941 година
Втора партиска келија во село Лавци
Партиската келија во село Лавци
решила да прими проверени лица а нови членови во КПЈ. За таа цел бил ангажиран
Томе Ангелевски. Во куќата на Тодор Ангелевски - Даскало биле свикани во точно
определеното време и следните личности: Брбевски Сотир, Дериевски Тоде, Питуличевсли
Лазо и Ташкова Лена. ( Нешто пред тоа за член на КПЈ бил примен СКОЈ-евецот
Ташковски Панде.) Оттогаш во Лавци постоеле две партиски келии.
Секретар на новоформираната келија станал Томе Ангелевски, кој се повлекол од
првата каде дотогаш членувал.
Средината на ноември, 1941 година
Мирче Ацев во I реон
Мирче Ацев како одговорен на Комитетот
за село при МК - Битола побарал да замине од Битола во селата од Првиот регион.
Целта му била да направи увид врз работата на Пк, а истовременода дадепоконкретни
инструкции на членовите на КПЈ на теренот. Заедно со Коле Бендев, член на КПЈ
од Ѓавато, Мирче Ацев стигнал до Ѓавато. Таму, на нивата на Трајан Белев во
присуство на Коле Бендев, Јонче Мурџевски, Трајан Белев, сите од Ѓавато, и Серафим
Богдановски- Цано и Борис Стерјевски од с. Лера одржале состанок, на кој Мирче
Ацев ги истакнал промените во ПК, им го прочитал писмото на ПК на КПЈ до членовите
на КПЈ и СКОЈ, за грешките на Шарло и потребата од вооружено востание во Македонија,
за акцијата на прилепскиот одред и сл.
По овој состанок, Мирче Ацев одржал слични состаноци во село Лера и село Стрежево.
24 Ноември 1941 година
Формирање на „стара“ и „нова“ партска келија и на две СКОЈ-евски групи во село
Ѓавато
Засилената активност на партиската
келија во село Ѓавато создала услови да се формираат наместо една, две партиски
келии. Во присуство на Вангел Тодоровски- Мајоро биле создадени така наречени
„млада партиска келија“ и „стара партиска келија“.
Само по една недела Партиската организација постигнала уште еден успех. Таа
од младинците и младинките што дотогаш биле во воспитни групи формирале две
СКОЈ-евски групи.
Ноември, 1941 година
Состав на МК-КПЈ и СКОЈ Битола по паѓањето на Лазар Колишевски во затвор
По затворањето на Лазар Колишевски
во затвор, во Битола била извршена реорганизација на партиските келии и СКОЈ.
МК на КПЈ- Битола бил дополнет со членови на КПЈ што му ги испратил ПК, а тоа
биле Љупчо Арсов и Мирче Ацев.
МК на СКОЈ-Битола исто така добил нов состав. Него го сочинувале: Трајче Грујоски
- студент, Никола Горѓиевски- работник, Томе Спасовски- Гуш- работник, Фана
Мајкова- работничка и Бено Русо- работник.
Ноември 1941 година
Обид за ослободување на Лазар Колишевски од затвор
Кога како претставник на ПК на КПЈ
за Македонија во Битола дошол Мирче Ацев, наскоро во битолскиот затвор го донесле
и секретарот на ПК - Лазар Колишевски.Тогаш Мирчета го преокупирала мислата
за организирање бегство на Лазо од затвор. Заедно Мирче и Стив се дале на работа
за ослободување, односно за спроведување на замислата. Биле воспоставени врски
со Лазо в затвор преку Гелејца, која му однесла храна, во која Мирче му испраќал
писма. ( Исто така му праќал писмо во пастата за заби) За акцијата во требал
да биде ослободен Лазар биле подготвувани десетина членови на КПЈ од Битола.
Меѓу нив се наоѓал и еден механичар кој требало кога ќе беа нападнати спроводниците
на Лазо кај „Рускиот крст“, зад Офицерскиот дом за кон Станицата, да му ги исече
алките од синџирите на рацете и нозете. Во близината требало да чека автомобил,
кој ќе го пригател Колишевски и ќе го однесе во селата каде Партиската организација
развила силна мрежа. Но, за акцијата дознал ПК и изразил сомневање за успехот,
дури дејствувал деморализирачки во смисла да не дојде до престрелка во кој би
имало можност да биде Лазо убиен. Во последниот момент оваа акција била напуштена.
По тој повод, Мирче Ацев во едно писмо до ПК остро протестирал зошто дал директива
да се напушти планот за грабнување и ослободување на Колишевски.
Ноември 1941 година
Проширување на Лерската партиска келија
Раководејќи се од напатствијата
на Мирче Ацев, по извесно време, во ноември 1941 година, лерската партиска келија
се проширила со тоа што биле примени и други лица за членови на КПЈ. Бидејќи
келијата знатно се зголемила, биле формирани две келии и тоа во Горно и Долно
Маало. Во Горно Маало секретар бил Серафим Богдановски- Цано, а членови: Крсте,
Методија, Алексо и Ристе наумовски, а во Долно Маало секретар бил Борис Стерјевски,
а членови: Борис Талевски, Јонче Челаковски, Лазе Ивановски и Лазе Наумовски.
19 Декември 1941 година
Мирче Ацев во II реон
Мирче Ацев, со цел да им помогне
на членовитена КПЈ од вториот реон, извршил посета на некои села од истиот.
Тој, на 19 Декември 1941 година заминал за Бистрица, каде во станот на Ристо
Поповски бил одржан партиски состанок. Исто така, било посетено и селото Канино,
каде во станот на Петар Нешковски-Пјер бил одржан состанок. Било посетено и
селото Велушина. Тука состанокот се одржал во станот на Блаже Трпеновски, а
потем Ацев заминал во Породин, каде бил одржан состанок и во двете партиски
келии.
Посетата на Мирче Ацев на територијата на II Реон мошне позитивно се одразила
во понатамошното јакнење на КПЈ во селата од Бистрица до Драгош. Била зголемена
политичката активност и други активности, како и формирањето на нови воспитни
групи.
26 Декември 1941 година
Прилепски партзани илегалци во Битола
По затворањето на Лазар Колишевски
во затвор, новиот секретар на ПК- Боне Андреев дозволил делегатот на БРП да
наметне свои разбирања кои од своја страна предизвикале колебливост и бесперспективност
кај членовите на ПК. Во таква состојба ПК донел решение да се распушти Прилепскиот
партизански одред, Покраинскиот воен штаб како и да се спречи формирањето на
нови одреди. Бидејќи наближувала зимата, една од трите групи на прилепските
партзани преминала на територијата на Битола. По добиените детални напатствија
од Мирче Ацев (јавки, врски и сл. ) Трајан Белев и Тме Ангелевски стигнале во
Прилеп и ноќта на 26.XII.1941 ги донесле илегалците во Битола. Тие се поделиле
во две групи. Едната преминала во Први, а другата во Втори реон. Воглавно, прилепските
илегалци останале во битолско се до формирањето на првиот битолски партизански
одред „Пелистер“, во кој се вклучиле и тие.
1941 година
Окупаторски грабеж преку промена на монетите динар- лев
Окупацијата што ја зафатила Македонија
и Битола не била тешка само од политичко- национални, туку и од економски причини.Бугарската
власт веднаш извршила промена на монетите, т.е. на местото на бившите југословенски
динари била воведена бугарската монетарна единица - левот. Но при заменувањето,
власта извршила легален грабеж врз населението, менувајќи 100 динари за 160
лева, кој курс сама го одредила, а бил нереален. Колку многу се „заработило“
може да се согледа од сумата 18 200 000 динари што била променета од населението
од Битола и околните села.
1941 година
Штрајк на монополските работници
Во окупирана Битола, во 1941 година,
бил организиран штрајк на монополските работници.Штрајкот бил дело на партијата
и СКОЈ.
Монополските работници биле организирани од монополската партиска келија и Стеван
наумов- Стив да стапат во штрајк, во знак на протест против грубостите на окупаторите.
Всушност, истиот бил од чисто политичка природа. Штрајкот траел три дена, по
кој окупаторските органи морале да ја ублажат својата грубост.
|